Некад кога коментираме за модерниве фудбалери со татко ми, на тоа нивно дајвање и лигавење, на оние меки фаули што ги добиваат, секогаш ама буквално секогаш Синиша му е у топ 3 играчи со кои го брани тој некој традиционален тип на играње фудбал, со ќутек, со закани, со јаки стартови, со сељачење и со сите тие финеси што го краселе тој фудбалски период кога растел он, 80тите, 90тите па и првата деценија од 00те.
Илија Најдоски е едниот, Синиша другиот и третиот варира од Јап Стам, преку Гатузо, до Самуел и Пепе.
Мал бев за убаво да се сеќавам на тој период кога го ркнал Јеремис у фаца и кога од слободен удар намерно го гаѓал Клинсман кој стоел у жив ѕид и добил напукнати ребра. Ама курчот од татко ми со тој пример сеуште стои. Таа пуцвал коса и таа страшна левица.
Ја памтам славната рканица у глава што ја изеде Адриан Муту.
Оние лист-камен-ножички што ги правеа со Адриано во Интер, за да одлучат кој да изведен слободен удар на некоја од утакмиците.
Интер играше со Рома, Синиша им рокна 2 идентични голови од слободен. За првиот Мексес го фаулира Мартинс, добива жут, фаул, Синиша гол. За вториот, Мексес пак го фаулира Мартинс, добива втор жут, фаул, Синиша гол.
Како навивач на Лацио тој период кога беа шампиони у Италија, со таа славна генерација што ја имаа, Синиша заедно со Станковиќ како наши играчи, односно играчи најблиску до нас, ми беа едни од првите фудбалски идоли. Заедно со Неста од тој Лацио. Јас малце порано се префрлив да навивам за Интер, Деки дојде после мене а Синиша на крај.
Никогаш не сум го сакал за тренер на Интер, една работа е тоа што рака на срце и не беше кујзне колку добар тренер, а другам побитна работа е за да не си го наруши поштовањето што го има од мене. Иако на моменти му се разниша во неколку наврати, кога отиде у Милан на пример, а и во текот на кариерата имаше некои пецкања кон Интер, ама на крај краева нема ништо да му земам за зло.
Почивај во мир Барбика, Божја левицо и докторе за слободни удари.