@џимеј другар, баш како што велиш „рекордни“ 86 бодови. Дали некој очекуваше Милан да има толку бодови оваа сезона? Еве искрено прашање, врз основа на што ти мислиш дека Милан има капацитети да го повтори ова наредна сезона?
Да не се разбереме погрешно, јас го цитирав
@Usher$ кога почна да набројува дека Милан го има најдобриот играч, најдобриот голман, најдобриот лев бек, најдобриот мидфилдер, уште да кажеше дека најдобрите масерки, медицински тим и чистачи.
Па уште напиша
шампиони како Жиру и Ибра, кои наредна сезона ќе имаат години заедно повеќе од просечниот животен век на жените во Македонија. Имањето на овие двајца како напаѓачи од септември би било поразително за Милан, а не предност.
Значи да не се заебаваме, Милан оваа сезона натфрли. Не натфрли како што тоа го направи Лестер во 2016та (тоа беше апла натфрлање над капацитетите), но сепак освои бодови далеку над нивните објективни можности, бодови кои две сезони по ред многу тешко ќе успеат да ги освојат. Ова може вие како фанови да сакате или да не сакате да го признаете, но еве наједноставен пример ви е Пиоли. На човекот ова му е прв било каков трофеј во неговата речиси 20 годишна кариера, па ова ако не го сметате за натфрлање, тогаш не знам што е.
Друга работа е притисокот. Оваа сезона играчите немаа никаков притисок, испаднаа уште во групите на ЛШ (всушност комплетно од Европа) и од нив се очекуваше топ 4 пласман. Без притисок Милан успеа да го направи она што е најважно - да ја стегне одбраната, да се потпре на индивидуални потези за решавање на мечевите и тактички да успее да игра многу повеќе на резултат. Наредна сезона веќе зборуваме за бранител на титула, кому многу повеќе ќе му тежат нозете и кој нема да може да оди со пристапот „ама ние сакаме само топ 4“. Еден Интер кој го замени Конте со Инзаги (бетер од коњ на магаре паѓање), пак очекуваше одбрана на титулата и живи ќе се изедат што не успееја во тоа (иако и тие може ќе го тврдат спротивното).
Најголемиот дел од вас (фановите на Милан) сами не бевте свесни дека тимот може да припари до титула (а камоли да освои), дури се до поразот на Интер од Болоња 70% од вас не веруваа во титула,
а сега наеднаш Милан ги има сите најдобри играчи на сите позиции (?!).
Ушер (или било кој) ова да го пишеше во било кој дел од сезоната тогаш ќе речев океј, браво, увидел како стојат работите. Но сега, откако заврши и откако Милан успеа да истурка до титула, играчите се најдобри. Почекајте малку, сега со притисок наредна сезона и нивните лимити ќе дојдат до израз, а тоа особено го мислам за играчи од типот на Жиру, Хернандез (кој е одличен играч, ама има страшно краток фитиљ), штоперите кои и натаму се доста неискусни итн.
Не ми е поентата овде како мали деца да се расправаме за глупости и за предвидувања, но крајно несериозно е овој муабет „најдобрите играчи“ на сите позиции.
@Io Sono Interista бро не ме заебавај. Ако било Јувентус во прашање немало да можам да го гледам мечот со Сасуоло. Еве да те известам, ако беше Јувентус во состојбата на Интер пред последното коло, воопшто немаше да го гледам натпреварот Сасуоло-Милан, бидејќи бев сигурен дека нема шанси Милан да загуби.
Ајде, ти дади ми еден пример каде што мал тим во Италија во последно (или еве претпоследно коло) успеал да спречи гигант (Милан, Интер, Јуве) за да освои титула. Вам Сиена во 2010, 38мо коло? Каљари на Јувентус во 2012, 37мо коло? Кротоне на Јувентус во 2017, исто 37мо коло?
Последно такво за кое знам (не сум го гледал) е Перуџа во 2000 година на Јувентус и тоа под страшни услови со дожд и се. Од тогаш имаме 22 сезони, каде што апсолутно нема случај мал тим во претпоследно или последно коло да спречи еден од трите гиганти да освои титула, а камоли и да го победи (како што Сасуоло мораше да победи за Интер да биде шампион).