Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Zasto interasov na desnata raka ima 5 prsti (?!) ( poveke lici na shepa od kuce ili mace ) a na levata 3 ?
Dali tie 3 prsti predstavuvaat skriena poraka za tripleteto osvoeno so Murinjo ?

Тие две неможеш да ги видиш одоздола се, го држат алатот. :D
ps. Еве сега ќе ти нацртам во 3д, само да упалам блендерот.
 
Последно уредено:
100 страни сте испишале од последниот пат кога пишав, немам време на сите да ви одговорам ама во главно истите муабети се вртат па цитирав рандом што фатив.

Нема полоши лузери од Интерашите. Ќе изгубат титула пошто се мувли и одма плачење лелекање и откажувања од теми и форум
Јас не памтам во историјата на форумов некој некому толку да му честитал колку ние што ви честитавме вам. Не можам ни да избројам колку пати пишавме дека заслужено сте први. Да знаевме дека вака ќе враќате, поинаку ќе одевме и ние ама што е тука е.

Kako e prezasluzeno ako ni popustale Lazio, Viola i Sassuolo?

Ako odime po taa logika, Milan ne zasluzi da osvoi.
Прво, не се контрадикторни тие две работи. Ви пишав многу пати, Милан си одигра машки, го одигра тоа што требаше да го одигра и затоа заслужи. Интер пропушти две меч топки, едната со вас другата со Болоња, и затоа не заслужи.

Второ, никој не вика дека и во најдобри изданија да играа овие екипи, Милан немаше да победи.

Трето, Фиорентина како екипа не ви пушташе, голманот ви поклони. Самиот си знае зошто. Фиорентина играше добро и уште 100 минути немаше да и дадете гол.

Ама ти беше смешно "охх нооо" на Лацио :)
Воопшто не беше смешно, а и ти сам знаеш како фан на Рома што се случуваше недела дена пред мечот. Дека ултрасите на Лацио им се симнаа на терен, им се закануваа на играчите, ги чекаа на паркинг со закани... едноставно им кажаа дека мора да загубат. Тоа се случуваше, и пак Лацио одигра 100 пати подобро од Сасуоло на пример. Никој не сака такви победи, ама ние барем не се правевме на Тошо како овие сега.

Испаѓа тогаш дека Лацио не ви се братски тим, ве изневерија или играат подли игри :P
Никогаш не ни биле братски тим. Навивачите се збратимени, Лацио секогаш ни игра како да нема утре.

Ова со плачковци дека биле Интерашите ми е најглуп муабет убедливо...
Марли мисли дека е смешен, интерашки солзи пиел :pos:

Ама вакво тргање и пуштање како во мак трета лига според мене е неспортски и неприфатливо...исто и за Лацио 2010 беше со Интер да не речите не сме објективни....

Сасуоло играше срамно, секој што гледа италијански фудбал го знае тоа, сега @Mondonico филозофира нешто дека Интер е во прашање а да беше Јувентус ќе кршеше столици гледајќи го оној срам. На ниту една екипа во Серие А, вклучувајќи ги и оние што испаднаа, никој нема да им направи толку шанси во првите 10 минути. Буквално го оставија голот да виси во воздух, одбрана не постоеше. На друг да му ги кажуваат тие приказни дека голманот бранел, толку можеле итн... Сите го знаеме Сасуоло.

И пак на крајот, ова ќе беше плачење да било кој од нас очекуваше нешто од овие натпревари, ама ние си кажавме после Болоња дека е готово, никој од нас (освен еден) не очекуваше ништо подобро на крајот. Не ми менува мене ништо како му играле на Милан, проблемот е што ние дојдовме во ситуација да зависиме од други, што значи дека сами сме си виновни.

Сето ова е кажано и преџвакано веќе и мислам дека доста е објаснувања.

Аха, уште една работа заборавив: @Клипче, не можам сега да го барам постот каде што ме цитираше ама она кога ти реков дека ќе ви објасниме на терен, не мислев на табелата како што ти го протолкува, дека ако бидеме први тогаш добро, ако не тогаш ви се тргале. Мене ми е јасно дека клубот има слабости, лоша клупа, небалансиран, и дека може да потфрли како годинава и да не ги собере бодовите кои се потребни. За тоа ќе збориме после преодниот рок.

Тоа што мислев е во head-to-head дека ќе ве патосираме, во недостаток (а веќе и немање потреба) од понежни зборови. Едноставно 11 на 11 сме се уште подобри од вас и тоа ќе го докажеме на терен.
 
100 страни сте испишале од последниот пат кога пишав, немам време на сите да ви одговорам ама во главно истите муабети се вртат па цитирав рандом што фатив.

Јас не памтам во историјата на форумов некој некому толку да му честитал колку ние што ви честитавме вам. Не можам ни да избројам колку пати пишавме дека заслужено сте први. Да знаевме дека вака ќе враќате, поинаку ќе одевме и ние ама што е тука е.

Абе такво честитање...... утре дента одма почнавте со муабети 10 екипи му се тргале на Милан вамте тамте мислам.....ко на свадба да им речeш на младите со среќа нека ви е ама невестата до вчера мој камшат бришеше од тие румени образи......невкусно е и глупо е нели :icon_lol:, не е тоа искрена честитка....
 
@џимеј другар, баш како што велиш „рекордни“ 86 бодови. Дали некој очекуваше Милан да има толку бодови оваа сезона? Еве искрено прашање, врз основа на што ти мислиш дека Милан има капацитети да го повтори ова наредна сезона?

Да не се разбереме погрешно, јас го цитирав @Usher$ кога почна да набројува дека Милан го има најдобриот играч, најдобриот голман, најдобриот лев бек, најдобриот мидфилдер, уште да кажеше дека најдобрите масерки, медицински тим и чистачи.

Па уште напиша шампиони како Жиру и Ибра, кои наредна сезона ќе имаат години заедно повеќе од просечниот животен век на жените во Македонија. Имањето на овие двајца како напаѓачи од септември би било поразително за Милан, а не предност.

Значи да не се заебаваме, Милан оваа сезона натфрли. Не натфрли како што тоа го направи Лестер во 2016та (тоа беше апла натфрлање над капацитетите), но сепак освои бодови далеку над нивните објективни можности, бодови кои две сезони по ред многу тешко ќе успеат да ги освојат. Ова може вие како фанови да сакате или да не сакате да го признаете, но еве наједноставен пример ви е Пиоли. На човекот ова му е прв било каков трофеј во неговата речиси 20 годишна кариера, па ова ако не го сметате за натфрлање, тогаш не знам што е.

Друга работа е притисокот. Оваа сезона играчите немаа никаков притисок, испаднаа уште во групите на ЛШ (всушност комплетно од Европа) и од нив се очекуваше топ 4 пласман. Без притисок Милан успеа да го направи она што е најважно - да ја стегне одбраната, да се потпре на индивидуални потези за решавање на мечевите и тактички да успее да игра многу повеќе на резултат. Наредна сезона веќе зборуваме за бранител на титула, кому многу повеќе ќе му тежат нозете и кој нема да може да оди со пристапот „ама ние сакаме само топ 4“. Еден Интер кој го замени Конте со Инзаги (бетер од коњ на магаре паѓање), пак очекуваше одбрана на титулата и живи ќе се изедат што не успееја во тоа (иако и тие може ќе го тврдат спротивното).

Најголемиот дел од вас (фановите на Милан) сами не бевте свесни дека тимот може да припари до титула (а камоли да освои), дури се до поразот на Интер од Болоња 70% од вас не веруваа во титула, а сега наеднаш Милан ги има сите најдобри играчи на сите позиции (?!).

Ушер (или било кој) ова да го пишеше во било кој дел од сезоната тогаш ќе речев океј, браво, увидел како стојат работите. Но сега, откако заврши и откако Милан успеа да истурка до титула, играчите се најдобри. Почекајте малку, сега со притисок наредна сезона и нивните лимити ќе дојдат до израз, а тоа особено го мислам за играчи од типот на Жиру, Хернандез (кој е одличен играч, ама има страшно краток фитиљ), штоперите кои и натаму се доста неискусни итн.

Не ми е поентата овде како мали деца да се расправаме за глупости и за предвидувања, но крајно несериозно е овој муабет „најдобрите играчи“ на сите позиции.

@Io Sono Interista бро не ме заебавај. Ако било Јувентус во прашање немало да можам да го гледам мечот со Сасуоло. Еве да те известам, ако беше Јувентус во состојбата на Интер пред последното коло, воопшто немаше да го гледам натпреварот Сасуоло-Милан, бидејќи бев сигурен дека нема шанси Милан да загуби.

Ајде, ти дади ми еден пример каде што мал тим во Италија во последно (или еве претпоследно коло) успеал да спречи гигант (Милан, Интер, Јуве) за да освои титула. Вам Сиена во 2010, 38мо коло? Каљари на Јувентус во 2012, 37мо коло? Кротоне на Јувентус во 2017, исто 37мо коло?

Последно такво за кое знам (не сум го гледал) е Перуџа во 2000 година на Јувентус и тоа под страшни услови со дожд и се. Од тогаш имаме 22 сезони, каде што апсолутно нема случај мал тим во претпоследно или последно коло да спречи еден од трите гиганти да освои титула, а камоли и да го победи (како што Сасуоло мораше да победи за Интер да биде шампион).
 
Аха, уште една работа заборавив: @Клипче, не можам сега да го барам постот каде што ме цитираше ама она кога ти реков дека ќе ви објасниме на терен, не мислев на табелата како што ти го протолкува, дека ако бидеме први тогаш добро, ако не тогаш ви се тргале. Мене ми е јасно дека клубот има слабости, лоша клупа, небалансиран, и дека може да потфрли како годинава и да не ги собере бодовите кои се потребни. За тоа ќе збориме после преодниот рок.

Тоа што мислев е во head-to-head дека ќе ве патосираме, во недостаток (а веќе и немање потреба) од понежни зборови. Едноставно 11 на 11 сме се уште подобри од вас и тоа ќе го докажеме на терен.

Баш сме се разбрале, јас пишав ако не тепате тогаш ние сме ви се тргале, мислев на меѓусебниве дуели.

Нека заврши летово да видиме што ќе се купува по клубовиве па ќе имаме ваљда појасна слика дали некој осетно се засилил или некој има изгубено многу.

Наредна сезона секако ќе биде епска и барај си на време колега модератор, ќе те поплават со пријави :icon_lol: :pos:
 
Последно такво за кое знам (не сум го гледал) е Перуџа во 2000 година на Јувентус и тоа под страшни услови со дожд и се.

Јас ја гледав и се сеќавам раце ми се тресеа да не ја одложат. Коа свирна крај судијата какво славење удривме, уште ме држи до денес. Изглеа затоа и не ми е толку тешко шо ни е задњо скудето :icon_lol:
Не се сеќавам со сигурност, ама мислам на Јуве и нерешено му вршеше работа, и они земаа изгубија 1-0 од Перуџа :jeeee:
 
Господинот Марко Матераци играше тогаш за Перуџа, нека не те чуди резултатот. :kafence:
 
Милан на 8-ми март 2020 изгуби 1-2 на Сан Сиро од Џеноа и се наоѓаше на 8-мо место со гол разлика -6, 27 бода позади лидерот Јувентус. Тука се стопираше лигата заради ковид и следеше пауза од 3 месеци до следното коло.

Што се случи во тие 3 месеци искрено не знам и не разбирам, ама откога се продолжи лигата во јуни до крајот на истата Милан изгледаше како комплетно нов и различен тим, во овие месец и нешто имаa 9 победи, 3 нерешени и ниеден пораз, апсолутно најдобар скор во лигата во тој период. Тој наратив дека Милан натфрлил и играл над очекувањата држеше вода тогаш, тие месец, месец ипол.

Истиот тренд продолжи во следната сезона, а еве очигледно и во оваа што заврши пред недела дена. Од тој момент кога продолжи лигата после ковид паузата табелата во Серија А изгледа вака:

Интер 200 бода (60W-20D-10L)
Милан 195 бода (59W-18D-11L)
Наполи 179 бода (55W-14D-19L)
Јувентус 168 бода (49W-21D-18L)

Ова е sample од 88 утакмици, не од 10, така да тие overachiever муабети и чекање на нагол пад назад у бантер ера се смешни, знам дека на хартија веројатно тимот на Милан изгледа просечно ама доколку ги имаш гледано овие 88 утакмици ќе сфатиш колкав напредок имаа речиси сите играчи во Милан, надополнето на тоа со неколку одлични трансфери и давањето шанса на Пиоли да продолжи со тоа што го започна после ковид паузата.

Интер и Милан делува дека се на супер пат, имаат скоро идентичен скор и двата тима освоија по едно Скудето, јас повеќе би се замарал за вртеглавиот пад на Јуве у овие две години отколку да ги чекам Милан или Интер да престанат да 'натфрлаат'.
 
@џимеј другар, баш како што велиш „рекордни“ 86 бодови. Дали некој очекуваше Милан да има толку бодови оваа сезона? Еве искрено прашање, врз основа на што ти мислиш дека Милан има капацитети да го повтори ова наредна сезона?

Да не се разбереме погрешно, јас го цитирав @Usher$ кога почна да набројува дека Милан го има најдобриот играч, најдобриот голман, најдобриот лев бек, најдобриот мидфилдер, уште да кажеше дека најдобрите масерки, медицински тим и чистачи.

Па уште напиша шампиони како Жиру и Ибра, кои наредна сезона ќе имаат години заедно повеќе од просечниот животен век на жените во Македонија. Имањето на овие двајца како напаѓачи од септември би било поразително за Милан, а не предност.

Значи да не се заебаваме, Милан оваа сезона натфрли. Не натфрли како што тоа го направи Лестер во 2016та (тоа беше апла натфрлање над капацитетите), но сепак освои бодови далеку над нивните објективни можности, бодови кои две сезони по ред многу тешко ќе успеат да ги освојат. Ова може вие како фанови да сакате или да не сакате да го признаете, но еве наједноставен пример ви е Пиоли. На човекот ова му е прв било каков трофеј во неговата речиси 20 годишна кариера, па ова ако не го сметате за натфрлање, тогаш не знам што е.

Друга работа е притисокот. Оваа сезона играчите немаа никаков притисок, испаднаа уште во групите на ЛШ (всушност комплетно од Европа) и од нив се очекуваше топ 4 пласман. Без притисок Милан успеа да го направи она што е најважно - да ја стегне одбраната, да се потпре на индивидуални потези за решавање на мечевите и тактички да успее да игра многу повеќе на резултат. Наредна сезона веќе зборуваме за бранител на титула, кому многу повеќе ќе му тежат нозете и кој нема да може да оди со пристапот „ама ние сакаме само топ 4“. Еден Интер кој го замени Конте со Инзаги (бетер од коњ на магаре паѓање), пак очекуваше одбрана на титулата и живи ќе се изедат што не успееја во тоа (иако и тие може ќе го тврдат спротивното).

Најголемиот дел од вас (фановите на Милан) сами не бевте свесни дека тимот може да припари до титула (а камоли да освои), дури се до поразот на Интер од Болоња 70% од вас не веруваа во титула, а сега наеднаш Милан ги има сите најдобри играчи на сите позиции (?!).

Ушер (или било кој) ова да го пишеше во било кој дел од сезоната тогаш ќе речев океј, браво, увидел како стојат работите. Но сега, откако заврши и откако Милан успеа да истурка до титула, играчите се најдобри. Почекајте малку, сега со притисок наредна сезона и нивните лимити ќе дојдат до израз, а тоа особено го мислам за играчи од типот на Жиру, Хернандез (кој е одличен играч, ама има страшно краток фитиљ), штоперите кои и натаму се доста неискусни итн.

Не ми е поентата овде како мали деца да се расправаме за глупости и за предвидувања, но крајно несериозно е овој муабет „најдобрите играчи“ на сите позиции.

@Io Sono Interista бро не ме заебавај. Ако било Јувентус во прашање немало да можам да го гледам мечот со Сасуоло. Еве да те известам, ако беше Јувентус во состојбата на Интер пред последното коло, воопшто немаше да го гледам натпреварот Сасуоло-Милан, бидејќи бев сигурен дека нема шанси Милан да загуби.

Ајде, ти дади ми еден пример каде што мал тим во Италија во последно (или еве претпоследно коло) успеал да спречи гигант (Милан, Интер, Јуве) за да освои титула. Вам Сиена во 2010, 38мо коло? Каљари на Јувентус во 2012, 37мо коло? Кротоне на Јувентус во 2017, исто 37мо коло?

Последно такво за кое знам (не сум го гледал) е Перуџа во 2000 година на Јувентус и тоа под страшни услови со дожд и се. Од тогаш имаме 22 сезони, каде што апсолутно нема случај мал тим во претпоследно или последно коло да спречи еден од трите гиганти да освои титула, а камоли и да го победи (како што Сасуоло мораше да победи за Интер да биде шампион).

Муабетот ми беше дека на хартија нема астрономска разлика меѓу екипите на Интер и Милан, како што сакаат Интерашите да прикажат. Јас не реков дека Милан со шампиони како Ибра и Жиру ќе газат следна година, правев муабет за оваа сезона. Ако Милан се потпре пак на тој напад би било кобно наредна сезона :)

Милан има одличен костур за да биде пак во врвот следна година. Битно како ќе се покријат дупките на екипата летово.

А тоа дека поголеми се шансите Милан да биде 5 од колку да ја одбрани титулата ти е тебе желба, ништо поеќе.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Милан на 8-ми март 2020 изгуби 1-2 на Сан Сиро од Џеноа и се наоѓаше на 8-мо место со гол разлика -6, 27 бода позади лидерот Јувентус. Тука се стопираше лигата заради ковид и следеше пауза од 3 месеци до следното коло.

Што се случи во тие 3 месеци искрено не знам и не разбирам, ама откога се продолжи лигата во јуни до крајот на истата Милан изгледаше како комплетно нов и различен тим, во овие месец и нешто имаa 9 победи, 3 нерешени и ниеден пораз, апсолутно најдобар скор во лигата во тој период. Тој наратив дека Милан натфрлил и играл над очекувањата држеше вода тогаш, тие месец, месец ипол.

Истиот тренд продолжи во следната сезона, а еве очигледно и во оваа што заврши пред недела дена. Од тој момент кога продолжи лигата после ковид паузата табелата во Серија А изгледа вака:

Интер 200 бода (60W-20D-10L)
Милан 195 бода (59W-18D-11L)
Наполи 179 бода (55W-14D-19L)
Јувентус 168 бода (49W-21D-18L)

Ова е sample од 88 утакмици, не од 10, така да тие overachiever муабети и чекање на нагол пад назад у бантер ера се смешни, знам дека на хартија веројатно тимот на Милан изгледа просечно ама доколку ги имаш гледано овие 88 утакмици ќе сфатиш колкав напредок имаа речиси сите играчи во Милан, надополнето на тоа со неколку одлични трансфери и давањето шанса на Пиоли да продолжи со тоа што го започна после ковид паузата.
Еден и единствен релевантен sample (како што велиш ти) е сезона по сезона.

Било какво мешање помеѓу сезони може да даде погрешни индикации и комплетно да ја изврти сликата.

Ми го мешаш Милан од 19/20 сезона каде што заврши на 6то место со 66 бодови. Ако ја немале таа серија после короната, каде ќе завршил Милан, 12ти со 50 бодови? Се случило тоа некогаш последните 30-40-50 години, па баш 2020 година да се случи?
Исто и за минатата сезона, Милан заврши 2ро место со дури 12 бодови помалку од првиот и обезбеди пласман во ЛШ во последно коло или и тоа го забораваш?

Јас никаде не реков дека Милан ќе има нагло паѓање и пак назад во бантер ера, пак ќе повторам. Но, после сезонава, не може веднаш да ги имаат најдобрите играчи на сите позиции.
 
Изгледа сум единствениот што мисли дека Јуве ќе се бори за титула.

Прашање е на кое ниво ќе бидат Погба и Де Марија. Ако играат на 80-90% од своите можности, Јувентус ќе биде прв кандидат за титула. Најголемиот проблем на Јувентус ќе биде Алегри, кој е тотално изгубен во некој фудбал кој апсолутно никој повеќе не го игра и кој не носи резултати. И уште една работа, мораат да купат сериозни бекови, на двете страни.
 
Скроз тачно, гледај играчов седнува на гз, не се ни труди да блокира, а голманов очигледно го пушта голот, оној шут класа голман ко овој го брани

79a2e0b0fda252389afac732aa3a298cc9b18da1.gifv
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom