Му даде за приговор, зошто го призна голот. Зошто сите сте запнале со ова дека добил жолт заради автогол?
Чисто форс, заебанција. Да се искористи моментот.
on the other hand
66 минута (мислам беше) Поништен гол на Лаутаро заради фаул
83 - Автогол на Киелини - свирење фаул у напад - тон сугестии - гледа вар - жолт за киелини и признавање на автоголот
87 - пенхахахал над квадрадо, директно покажување на белата точка, ни вар ни ништо.
88 - 3:2 за јувентус
Краен исход? Јуве е сеа на 4то место, со победа на Наполи пак си се враќа на 5то на 1 утакмица до крај.
Шала на страна целата ситуација е крајно сомнителна у најмала рака.
Иако ме заболе за Наполи директно се оштетени.
Доколку останеше 2:2, т.е не се досудеше тој пенал у 88 табелата ќе беше
4. Наполи 73
5 Јувентус 73
А наполи ќе имаа една утакмица помалце.
Математички на наполи ќе му беа доволни 4 бода за да обезбеди топ 4, се доколку Јувентус ја победи и следната утакмица против Болоња на Наполи ќе му требаат 6 бода за да фатат ЛШ. А доколку наполи извади барем 1 бод вечер против фиорентина јас сум 100% сигурен дека Јувентус последната утакмица ќе си победат.
Милан исто така не се сигурни пошто исто имаат 75 бода, и до крај мора да извадат барем 4 бода за да осигураат топ 4. Пошо пак ќе повторам, тие +2 бода што ги доби Јувентус со пеналот во 88 значат премногу во вака неизвесна борба за топ 4.
Далеку од тоа дека ми е гајле за наполи или милан, исто како што и на фановите на милан што им е сеедно што ќе се дешава со Интер, работата е што следната сезона исто може да се деси и Интер да биде директно оштетен. Затоа уствари и сите го коментираат судењето а не само фановите на Интер. А и реално не е прв пат вакво судење за јувентус особено во вакви битни моменти.
