Сигурно нема да го земат за 0, Раиола ќе земе убава провизија, некаде пишуваше околу 20 милиони, но нека е и помала. Донарума ќе зема околу 10 милиони плата, а бидеќи доаѓа без оштета, може да бара и повеќе.
За четири години клубот на него со плата и провизија ќе треба да потроши преку 50 милиони евра. Кога ќе имаш нов играч кој зема толку плата ќе почнат и другите, посебно подобрите да бараат покачување. Ако сака новиот клуб да го задржи, а Донарума и понатаму остане атрактивен на пазарот, за две сезони ќе треба повторно да се преговара со Раиола, за да не се повтори истата приказна или да отиде пред да му истече договорот со помала оштета.
Од друга страна можеби ќе влијае многу врз резултатите на клубот и плус ќе го продадат за повеќе од 50 милиони, па така да им се исплати.
Инаку моментално на скоро сите од најбогатите клубови и не им треба голман, а не знам кои други ќе се одлучат да дадат толку голема плата за голман. Манчестер Јунајтед има дури и за продавање, на Сити и Ливерпул не им треба, Челзи е слаб на таа позиција, но тие ќе мора да го продадат првин Кепа, а кој ќе им даде барем приближно колку што го купија. Реал и Барса ми нема логика, Баерн и Атлетико па никако. Јуве, најчеста опција вртена по медиумите, исто ќе треба да продава. А Шченсни е скап, со доста висока плата за голман, па тешко дека ќе отиде некаде.
Останува ПСЖ, Навас е 34 години, но брани многу добро (заслужен е што се во полуфинале во ЛШ
), моментално местото му е зацементирано. Но имаат пари и можеби ќе тргнат да обезбедат решение за во иднина, но и тука не е чист просторот.
Во Интер многу работи се нејасни, па не знам колку се спремни за овој потег.
Во случај да држи вода ова што го напишав
и не е баш дека сите ќе се тепаат за Донарума.