@Trolejbus
Кога правиш ретро постови, користи и вакви од интераши, особено реномирани членови како Лупхол. Еве човекот, пред мечот Милан-Јувентус напишал дека ако победи Јуве вечер, џаби ви се комбинациите Милан или Интер.
Јувентус победи, а еве три месеци понапред веќе нема никаква шанса за титула. Поентата ми е дека, не беше чудно некој да мисли дека Јувентус има најголеми шанси да биде прв, ниту пак дека е прв фаворит. Без разлика на се', она што се случи сезонава е изненадување за сите, иако на сите од старт им беше јасно дека Пирло не може во никој случај да води тим како Јувентус, особено не ваков тим, класи послаб од пред 2-3 години.
Исто така, бонус нека ти биде и мислењето на колегата за јачината на лигата. Нешто што е чисто како солза на еднорог. Полоша, послаба и помалку квалитетна италјанска лига немало многу одамна. Точно е дека Серија А беше слаба и во 2014, 2015, 2016 и така натаму, ама вакво дно какво што допре оваа (па и претходната) сезона никогаш не била.
Биди ми поздравен, секако немаш капацитет да покажаш големина во победа, па нема никаква потреба да се трудиме околу тоа.
Јас уште стојам позади тоа за квалитетот на лигата. Серие А никогаш не била послаба, посебно последниве две сезони. Еве годинава, во моментов во ЛШ и ЛЕ се играат четвртфиналиња, а само Рома е останата од италијанските клубови. Италијаните немаат ни еден клуб во кремот на клупскиот фудбал.
Тоа е за сезонава. Од следната, му ветив на
@Джонтра Вохохолта дека ќе агитирам за италијанска лига.
За Јувентус, јас од стартот на сезоната ги сметав нив и Интер за единствени конкуренти за титула. Претпоставував дека со Пирло ќе бидат едно скалило подолу од минатата сезона, ама никогаш немаше ни да помислам, дека ќе се борат за место во ЛШ во 30 коло. Во тој период, кога е напишан постот, и Конте уште измислуваше топла вода и Интер варираше со резултати. Оваа серија од 9 победи, уствари ја направи разликата сезонава.
Искрено, според мене, ако Јувентус имаше друг, поискусен тренер место Пирло (пример Алегри), уште ќе беа во борба за титула во моментов. Одлуката за ставање на аматер како Пирло за тренер, никако не можам да ја разберам. Не верувам дека се само финансии во прашање. Мислам дека е прашање на его за Ањели, да докаже дека он ги направи и Конте и Марота и секој останат, кој бил дел од организацијата на Јувентус оваа декада. Дека он е најзаслужниот за овие 9 титули по ред, па еве и аматер, без ден искуство како тренер, ќе го направи шампион за една сезона.
Али благодарност за квалификацијата, „реномиран член“ г-дин Мондонико. Упатувам едно поштовање повратно. Никој, никогаш, за ништо не ме сметал за реномиран, така да i'll take it.
Btw, не знам зошто ја носите дискусијава во волку сериозен правец. Поентата на темава е да има и по малку сеир, заебанции, курч и изливи на бес, секоја недела. Мене лично, ми беше доста интересен периодот кога Милан беше прв и трите клуба беа на неколку бодови, еден од друг. Паѓаа добри фори, in good spirits, нормално. Ме потсетува на младоста, кога секоја сезона почнуваше со Јуве, Милан и Интер во борба за титула. Штом навиваме за италијански клубови, претпоставувам дека сите тука сме во повозрасната група на членови. Не верувам дека на некој овде му е животен приоритет, неговиот клуб да освои титула. Тука сме за разонода и не треба муабетите да се ставаат толку при срце, па да гледаме тинејџерски караници и вреѓања, ко што имаше изминатите недели.