Од тие блокирани шутеви најдобро се виде колку беше немоќен Интер во напад.
А Јуве е многу зезната екипа, откако се свестија дека не ги бива за нешто друго и откако престанаа со експерименти и ја баталија "дипломската" на Пирло, која нивните фанови ја прославија и на форумот, со радост колку атрактивен фудбал ќе игра нивниот клуб.
Дефанзивно се најдобра екипа во лигата, многу се цврсти, тешко примаат голови, имаат четворица добри централни дефанзивци кои можат различно да ги комбинираат. А сега со ваквиот стил на игра и годините на Киелини не доаѓаат толку до израз. Не им е проблем натпреварот да го започнат и со петмина дефанзивци, плус двајца во средина кои многу работат дефанзивно (за напред не ги ни бива многу

), и на крило игра еден од Киеза, Кулушевски, Бернардески кои исто се дефанзивно одговорни.
Поентата е да не се прими гол, а напред ќе се надеваме на некој индивидуален квалитет, на грешка и сл. И тоа знае добро да им функционира и против големите и помалите клубови. Како функционира сетоа ова, со добри и лоши страни се виде на трите натпревари против Интер.
Токму ваков начин на игра дури може да им донесе да бидат и некое изненадување во ЛШ и да исфрлат некој фаворит.