Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Од тие блокирани шутеви најдобро се виде колку беше немоќен Интер во напад.

А Јуве е многу зезната екипа, откако се свестија дека не ги бива за нешто друго и откако престанаа со експерименти и ја баталија "дипломската" на Пирло, која нивните фанови ја прославија и на форумот, со радост колку атрактивен фудбал ќе игра нивниот клуб.

Дефанзивно се најдобра екипа во лигата, многу се цврсти, тешко примаат голови, имаат четворица добри централни дефанзивци кои можат различно да ги комбинираат. А сега со ваквиот стил на игра и годините на Киелини не доаѓаат толку до израз. Не им е проблем натпреварот да го започнат и со петмина дефанзивци, плус двајца во средина кои многу работат дефанзивно (за напред не ги ни бива многу :)), и на крило игра еден од Киеза, Кулушевски, Бернардески кои исто се дефанзивно одговорни.

Поентата е да не се прими гол, а напред ќе се надеваме на некој индивидуален квалитет, на грешка и сл. И тоа знае добро да им функционира и против големите и помалите клубови. Како функционира сетоа ова, со добри и лоши страни се виде на трите натпревари против Интер.

Токму ваков начин на игра дури може да им донесе да бидат и некое изненадување во ЛШ и да исфрлат некој фаворит.
Тешка работа. Во ЛШ нема да играат против Интер, Милан или Наполи.
Со ваква игра, некој како Сити или Баерн кругови ќе врти околу нив.
Системот не им функционира сеуште, многу играчи импровизираат на терен.
Интер нема играчи кои прават вишок скоро секој напад. Едино Хакими го прави тоа кога има простор и со претрчување на противникот, никој друг. Ама кремот во ЛШ има по неколку такви играчи на терен, во секој момент од натпреварот.
Мислам дека во ЛШ нема што да бараат, ама за лигата се дефинитивно во игра и ќе вадат резултати со играта што си ја опишал.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.125
Поени од реакции
4.132
Ако му ги заприш контрите на Интер, 80% од работата е завршена. Практично, останува се на долга топка на Лукаку, тој ја спушта до Лаутаро и десно се проигрува Хакими, а овој враќа в шеснаесетник. Ова поминува кај послабите дефанзивци кои не се толку физички моќни и имаат проблем. Но кај веќе посериозни екипи, не можат така да играат. Не знам дали ова Пирло го забележа или случајно беше, сепак денеска имаше лекција за како се игра одбрана.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.016
:pos: :pos: :pos:
Кого ќе исфрлат бе? Другар, знам дека пратиш Серија а и свесен си дека Јувентус е мизерен сезонава, барем за стандардите што ги поставија последниве десетина години.
Знам какви се, да беа во позезната група ќе имаше големи шанси да испаднат исто како и Интер. Но, сега, со оглед на тоа што го напишав претходно би можеле да изненадат некого.

И со Рома исто, не играат ништо цел меч, две шанси два гола и поздрав.

Според мене Јувентус има никаква игра сезонава и ако случајно освои Серија А и Милан и Интер треба да се прогласат за чоукери на деценијата.
Баш поради тоа што го одиграа против Рома би можеле да се вмешаат здрaво во борбата за титула, посебно ако повторат таков натпревар и против Наполи.

Не е важен уметнички впечаток, неколку пати напишав дека тие немаат фудбалери за убава игра. А за разлика од натпреварот во лига и првиот до некаде, Интер сега скоро и да немаше некоја голема шанса за гол, исто и Рома, ако продолжат вака, ќе бидат многу опасни во борба за титула. Иако јас се надевам дека нема работите да одат во тој правец. :)
Автоматски споено мислење:

Ако му ги заприш контрите на Интер, 80% од работата е завршена. Практично, останува се на долга топка на Лукаку, тој ја спушта до Лаутаро и десно се проигрува Хакими, а овој враќа в шеснаесетник. Ова поминува кај послабите дефанзивци кои не се толку физички моќни и имаат проблем. Но кај веќе посериозни екипи, не можат така да играат. Не знам дали ова Пирло го забележа или случајно беше, сепак денеска имаше лекција за како се игра одбрана.
Ма сите знаат, ако ние тупиме за тој стил на игра веќе некое време, што останува за луѓе кои разбираат многу повеќе од нас. Но, не можеш секогаш и со секакви фудбалери да одговориш.
 
Последно уредено:

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
:pos: :pos: :pos:
Кого ќе исфрлат бе? Другар, знам дека пратиш Серија а и свесен си дека Јувентус е мизерен сезонава, барем за стандардите што ги поставија последниве десетина години.

Не е дека Интер немаше шанси денес, Лаутаро и Лукаку што се вика празни голови промашија, особено Лаутаро, плус пресингот на Интер додека беа свежи им правеше огромни проблеми на Јувентус и не постоеја на теренот. Во второ и физички падна Интер што е нормално со оглед на тоа дека играа висок пресинг, па затоа Јуве створи 2-3 шанси. Не ме загрижува мене ко фан на Интер ништо друго освен реализацијата, глеј Јувентус првата у Милано две шанси два гола, ок едната од пенал ама сакам да кажам све што им се укажа го искористија. И со Рома исто, не играат ништо цел меч, две шанси два гола и поздрав. У првенство рано ги отворивме и ги упропастивме, требаше со 3-4 комада да си одат а не само со 2 али ајде.

Според мене Јувентус има никаква игра сезонава и ако случајно освои Серија А и Милан и Интер треба да се прогласат за чоукери на деценијата.
Мое мислење е дека се претерува со тоа ,,мизерен е Јувентус сезонава“. Посоодветно би било мизерен беше Јувентус на почеток на сезонава, сега полека полека влагаат во ритам. Јасно беше на сите дека нема од старт да го гледаме истиот Јувентус како оној на Алегри или Конте, да не се лажеме. Нив ги нема, исто како што нема и многу искусни играчи што имаат освоено катаљарда титули, а на нивно место дојдоа еден куп млади што до пред суперкупов немаа дигнато трофеј у живот. Додај го фактот дека Јуве е со нов тренер (почетник и тоа) и сеуште е во игра за сите 3 титули, а притоа една освоија. Мислам на суперкупот кој иако можеби ципирипи пехар, после тоа почнаа да се дигаат. Факт беше и се очекуваше дека ќе треба време да пројде дур се уиграат децава и дур сфати Пирло што како. Се уигрува одбраната како што се гледа и у резултати и во самата игра на теренот, се уигруваат Киеза, Артур, Мекени.

Исто така мое мислење е дека Интер е оној кој повеќе потфрли од Јувентус сезонава. Да бидеме реални, Јуве уште од старт не беше главен фаворит за скудето како други години. Годинава и Интер беше рамо до рамо со примат фаворит за Скудето, и пак е на минимална предност пред Јуве, само 2 бода ако Јуве хипотетички ја тепа заостанатата со Наполи.

Интер потфрли повеќе според мене и поради фактот дека горе доле секогаш имаа комплетен состав. Немаа таква несреќа како Јуве со повредите/ковид случаите (Дибала, Сандро, Роналдо, Квадрадо, Де Лихт). Додај го тука фактот дека Интер нема друго натпреварување за фокус откако испадна од ЛШ, за разлика од Јуве кој игра на 3 фронта сеуште и размислува за ротации у тимот повеќе отколку Интер. Исто битно е дека голем дел од играчите Конте ги има веќе неколку сезони и добро ги познава, и он нив и тие неговиот систем.

И последно потфрлува пошто има тренер кој зема 12 милиони, кој има осојувано титули и кој го доби секој играч што го посака и пак се во трка само за еден трофеј на полусезона.

Да се разбереме, зборам за ситуацијава досега. Допрва може Јуве да фејлне и да не земе ништо, а Интер да згази све до крај и да земе Серија А.

п.с. И да, да напоменам. Единствен кој си гази досега сезонава а можам да речам и дека ги надминува очекувањата на сите и е единствен за вистински пофалби е Милан.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.930
Поени од реакции
116.374

Не знам брат, неутрално гледано мене Јувентус не ми изгледа како на екипа која ќе меле и гази со овој ростер во иднина. Ги пратам цела сезона, цело време со исклучок на неколку мечеви играат баш бледо и непрепознатливо, се мачат се тегават, едноставно ко да не е тоа тоа. Одбраната стварно им е добра ама затоа средниот ред и нападот сем Роналдо........................ Никогаш Јувентус немал ваков летаргичен среден ред, еве и денес глеј како се мачевте да изнесете топка, Бентакур 2 пати мислам згреши на своја половина али Интер не го казнија тоа.

Околу Интер го делам мислењето со тебе, иако се во тесна битка за Скудетото сепак до сега сума сумарум Интер потфрлува, поточно Конте. Последно место во групите во ЛШ, испаѓање од купот за кој верувам таргетот бил титула и второ место позади Милан на средина на февруари... Само Скудето го пере Конте иначе треба сместа да си даде отказ и да го снема од клубот.
 
Toa ми е зборот, треба време да се даде малце. Се очекуваше ваков Јуве особено на старт, се знаеше дека ќе треба време остај ти што пишуваа медиуми за Пирло новиот Зидан, а у, кур се тресе. Ама еве после суперкупот чим викаш ги пратиш сигурно си приметил дека многу наликуваат на стариот Јуве, оној на Алегри. Не така убедлива игра, ама бетон у одбрана, користење на шанси и трчање/трошење онолку колку што треба.

Не велам дека ќе мелат и газат се до крај пишав и погоре, никој не може да знае. Сеуште може да фејлнат и Јуве. За периодов после поразот од Интер и победата у суперкупот ми беше зборот дека покажуваат дека сеуште не се предале од Скудето. Почнуват да наликуваат на стариот Јуве, и ако го победат Наполи викендов, дефинитивно се назад у игра за Скудето.

Иначе за ростерот од Јуве не го делам твоето мислење. Имам високи очекувања од децава што ги изназедоа на сметка на старците и многу ми се се свиѓа политиката на клубот со овие потези. Костурот е тука, главните искусни играчи што уште газат се тука, само сега се купуваат млади деца желни за титули.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.016
Да се разбереме, зборам за ситуацијава досега. Допрва може Јуве да фејлне и да не земе ништо, а Интер да згази све до крај и да земе Серија А.

п.с. И да, да напоменам. Единствен кој си гази досега сезонава а можам да речам и дека ги надминува очекувањата на сите и е единствен за вистински пофалби е Милан.

Сега во овој момент е најтешко да се прогнозира. Сигурен сум дека во Интер се повеќе се вртат назад да видат до кај им е Јуве, отколку што гледаат напред, цело време мислат дека ќе поминат лесно со Милан. А во Милан после секое коло си удираат шамари меѓусебно да проверат дали сонуваат или навистина се први, а и тука е стравот дека ако еднаш паднат веќе нема враќање. Во Јувентус пробуваат да се консолидираат, а проблем е тоа што заостануваат бодовно (иако не премногу), па секој кикс ќе ги чини повеќе. На сето ова кога ќе ги додадеш и слабостите кои ги покажаа сите три клуба, само уште повеќе ќе се закомпликува.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
Ако Јуве и Пирлохохо освојат скудето ќе биде веселоооо :pos: :pos: :pos:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.767
Conte uno di noi! :pos:

@Io Sono Interista многу импресионирани сте од историската победа пред 20тина денови, можеби пак ќе ви требаат 10 утакмици за да победите еднаш и да започнете нова доминација
Па импресивна победа беше, ве згазивме :D

За доминација не знам што си ме цитирал кога пред две недели пишав дека никој нема да доминира во блиска иднина. Доста изедначено првенство гледаме, прв пат после долго време 3 екипи се во игра за Скудето.

Мое мислење е дека се претерува со тоа ,,мизерен е Јувентус сезонава“. Посоодветно би било мизерен беше Јувентус на почеток на сезонава, сега полека полека влагаат во ритам.
Се согласувам потполно, Јувентус веќе се оправи, згазивте на топка и очекувам да продолжите во ваков стил, цврсто назад и користење прилики напред. Средината не знам каква и да ви е, подобра е од скоро сите други во лигата, одбраната ви е коска, напред ви е Роналдо... ќе биде зезнато.

Што се однесува до Интер, имавме лош старт на почетокот кога имаше и доста позитивни на Ковид, сега се е во ред освен што нападот ни исчезна во акција последниве два месеци. Голови даваат Барела, Шкринијар, Де Врај, Хакими... Лукаку и Лаутаро ги нема. Првиот е жртва на тактиката, мора да игра свртен со грб скоро цел натпревар, вториот изгледа како да има проблеми со жена му или да должи пари некому, не може да се фокусира да забоде чисти прилики, премногу промашува, отсутен е.

За филозофиите на Мондо околу прв втор и трет состав нема многу што да се коментира. Јувентус има најбалансиран и најширок состав. Интер, според мене, има подобар прв состав, како било да го составите Јувентус, но немаме доволно широчина. Имаме неколку тотално неупотребливи ликови на клупа од типот на Гаљардини, едноставно кога ќе ги уфрли Конте ми иде да се фрлам од прозор. Немаме замена за напаѓачите, во средина замените се мизерија, назад Дамброзио ни беше најдобра замена, и тој се повреди итн... Ќе биде тешко до крај, посебно ако не се разбудат напаѓачите.

Милан си тера лабаво и неоптеретено, ги шлака Кротоне Мотоне и тоа им гарантира борба до крај. Ќе биде одлична и врло веома стресна сезона :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.016
Милан си тера лабаво и неоптеретено, ги шлака Кротоне Мотоне и тоа им гарантира борба до крај.
И Интер, Наполи, Лацио... :P

×××

А Конте е на добар пат да "освои" мозочен удар. :(
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.767
И Интер, Наполи, Лацио...

×××

А Конте е на добар пат да "освои" мозочен удар. :(
Ако се гледа по последните натпревари со Аталанта, Јувентус и Интер, мислам дека е најдобро да ги шлакате Кротоне и Мотоне и да ќутите :D
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Артур за Бентанкур и Рабио е измислен. Не за џабе Пирло седнува еден од нив на клупа откако конечно му текна дека му треба креативност на теренот.

Изгледај ги последните 3 мечеви на Јуве во лигата и суперкупот со Наполи, ќе ти стане јасно за што зборувам.

Меккени игра на местото на Бернардески од кого е 100 пати подобар, а Киеза седнува на клупата еден од Данило и Квадрадо што го прави Јуве многу поопасен во нападот.

Киелини е во страшна форма, пак ти велам не си го гледал Јуве од мечот со Интер, џабе ти објаснувам.

Кулушевски е резерва на Мората/Дибала, не дебатирам за тоа кој би бил покорисен во овој меч.

Види го составот против Рома од некни и оној што ќе биде против Наполи и ќе сфатиш дека Пирло ротираше во купот, што е нормално бидејќи лигата е многу побитна.
Артур за разлика од Бентакур и Рабио е поофанзивно настроен и не беше баш измислен за вчерашниот натпревар бидејќи иако технички е далеку подобар, физички е послаб.

Мекени исто...Пирло не е будала што ги играше копачите наспрема техничарите.

Кулушевски е далеку покорисен од Мората и Дибала за покривањето односно колективното бранење на екипата...вчера Јувентус немаше намера да напаѓа и да победва кога имаа позитивен резултат во првиот натпревар...ако играше Мората во одбрана/средина ќе бевте играч помалце..истото за Артур и Мекени.

Сумарум сакам да ти објаснам дека за вчерашниот дуел и условите што вив налагаа вчера го извадивте најперфектниот состав за вас...ако играввте со тие шо ги викаш прва постава Интер многу полесно ќе создаваше шанси..што всушност и така испадна на дуелите во Милано...посебно вториот дуел каде Санчез и Дармиан промашија чисти шанси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom