Јас би ве замолил да се придржувате до правилата на темава, што значи цврсто и безрезервно да си ги држите позициите и да не се предавате. Го нема тој пенал што не може да се одбрани.
Значи вака:
1. Ако го допрела топката малку, значи пеналот бил премногу „мек“ за да се досуди.
2. Ако го удрила топката јако, значи „пуцана“ била, што значи играчот не можел да направи ништо иако е добро дете од добра фамилија и има најчесни намери.
3. Ако ги држел рацете прилепени до тело, колку што е можно, значи не е пенал.
4. Ако се размафтал како сообраќаец на раскрсница, човек е, не може да стои како пингвин.
5. Ако ситуацијата е апла очигледна и те јаде срам да го браниш пеналот, најди некоја друга будала во Италија, и цитирај го. Така ем си поначитан од другите, ем не мора да црвенееш.
6. Ако и покрај ова се најдеш во тесно, дефокусирај ја јавноста со копање статистика од пред 3-4 години, дискусии за ЛШ, вирусот, или зошто Шќиреа има women-repeller аватар.
Тек е прво коло...
