Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.243
Поени од реакции
18.447
А што е најинтересно, го гледав прво полувреме, не ја ни видов ситауцијата. Мислам дека воопшто не дадоа никакво повторување од истата :icon_lol:

Mondonico has left the building :pos:
Читај што пишува Ширеа во потписот подолу и така да си знаете :kafence:
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Како мислиш ако има јасен критериум?
Ако топката удри во рака за тебе не е доволно јасен критерум?
Па очигледно е дека нема јасен критериум кжза игра со рака, која се суди која не, едно време беше све што е со рака да се свири, па потоа излезе дека ако е премногу блиско да не се суди, и така цела ланска сезона, што се свирна, што не.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Настрана мајтапот, ова што го прават судииите со Јувентус и пеналите е огромна брука, ама криви се другите клубови што дозволуваат. Она вчера е класична кражба. Ајде да нема ВАР, па не виде судијата, ама при ВАР она да не го свирни пенал е едноставно брука.

Треба некоја екипа да собере мадиња и да направат скандал, наједноставно е да повлечат од теренот и да одбијат да играат во онаков случај. Веројатно ќе бидат казнети за тоа, ама ова е стварно мизерија што се случува, и потоа и судиите ќе бидат под притисок. Никаде во Европа во големите лиги она нема шанса да помине.

На Кристал Палас со Манчестер имаше скоро па ист случај, со ВАР беше досуден пенал против Манчестер. Де Геа го одбрани, и затоа што копачките му беа на 2 сантима одделени од линијата, го шутираа пеналот повторно и погодија.

Ви Италија таква ситуација против Јувентус ниту на филм не може да се случи. Прво за да досудат пенал против Јувентус треба играчот на Јуве да извади нож или боксирач и да го употреби, оти ако не го употреби Мондонико сигурно ќе најде нешто во правилата каде што можеш да носиш нож на терен ако не планираш да го употребиш. Второ, ако се некое чудо го досудат пеналот, а голманот на Јуве одбрани, НЕМА таква сила која би го натерала судијата на повторно изведување, па дури и во случај голманот на Јуве пред шутот да му влезе со лизгачки старт на изведувачот на пеналот.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.243
Поени од реакции
18.447
Ви Италија таква ситуација против Јувентус ниту на филм не може да се случи. Прво за да досудат пенал против Јувентус треба играчот на Јуве да извади нож или боксирач и да го употреби,
Минатата сезона против Јувентус беа досудени 12 пенали.

12 пати, дефинитивно никој не извади нож или боскирач :unsure:

Очаен обид за форс, му се имаш нешто на Јуве навртено те читам уште од летото. Искулирај малку, не сме толку страшни.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.243
Поени од реакции
18.447
Сигурен си? Да не не виде добро, оти читам вчера си гледал пренос ама не си го видел пеналот.
Ти реков, форсот ти е лош, се надополнува на целокупниот очаен обид за дискредитација на Јувентус кој не трае од сега :)

Слободно провери си, лесно се утврдува од Википедија.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ти реков, форсот ти е лош, се надополнува на целокупниот очаен обид за дискредитација на Јувентус кој не трае од сега :)
Кога сме кај форсови, кога се случи онај вториот пенал лани против Аталанта, ти дојде овде и објасни со неколку насмеани самозадоволни смајлиња дека се работело за чист пенал. Сега после случај кој е идентичен на тој, само што од фудбалсии аспект е уште повеќе пенал, бидејќи не е како онај против Аталанта каде што топката пред раката леташе во правец на голот на Јуве, доаѓаш тука и со половина уста велиш дека е пенал, со неколку иако.

Разбирам јас навивање, ама сето ова со Јуве е помалку гадно.
 
F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Кога сме кај форсови, кога се случи онај вториот пенал лани против Аталанта, ти дојде овде и објасни со неколку насмеани самозадоволни смајлиња дека се работело за чист пенал. Сега после случај кој е идентичен на тој, само што од фудбалсии аспект е уште повеќе пенал, бидејќи не е како онај против Аталанта каде што топката пред раката леташе во правец на голот на Јуве, доаѓаш тука и со половина уста велиш дека е пенал, со неколку иако.

Разбирам јас навивање, ама сето ова со Јуве е помалку гадно.
Ок, само не се тревожи ;)
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
„Во фудбалот постои контакт и контакт. Секоја ситуација треба посебно да се проценува во дадениот момент, но во принцип не можеме да ја одземеме шансата на дефанзивецот да направи инстиктивно движење. Ако раката веќе не може да се повлече, не треба да има казна. Целта е да им се овозможи на дефанзивците да не мора да играат како да се пингвини“, објасни Рицоли.

Околу спорот за пеналот.
 
Ииииииииииии, абе вие сите сте несаглам. Еј, луди луѓе.

Имате малку срам бе?

Каде беше ова објаснување за вториот пенал против Аталанта?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom