Serie A 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Постојат неколку опции за решение, од кои секако некој нема да биде задоволен:

- Да се одиграат сите натпревари до крајот од првенството (или барем додека владее вирусот, според проценка на здраствените власти) зад затворени врати. Под сите, подразбирам буквално сите, независно од кој регион е тимот.
- Да се одберат стадиони во неризичните подрачја за сите тимови од Северна Италија, каде што ќе ги играат домашните мечеви со публика. Овде повлекува проблем, дека сигурно ќе сакаат од матичните градови да доаѓаат, а тоа би било забрането..
- Трето, да се најде некој маж и да каже дека заради зачувување на здравјето на луѓето, оваа сезона во Серија А се прекинува и засекогаш заминува во историјата без утврдување на шампион. Местата за Европа да ги заземат оние кои тековно ги држат позициите. За опстанок би било најтешко решение, со оглед на тоа што никој не сака да ја напушти лигата.

Иако, кога ќе ми текне, за да функционира фудбалот во целина, ваквите сценарија треба да бидат предвидени во правилниците на фудбалската федерација. Треба да постојат одредби коишто недвосмислено ги решаваат техничките прашања (кој е шампион, кој оди во Европа, кој испаѓа) во случај првенството да не може да се одигра/доврши поради објективни причини.

Претешка ситуација е, секако нема оптимално решение.
 
Мене ова со натпреварите ми е крајно дебилно затоа што која е логиката да затвораш стадиони без публика а да дозволуваш да ти влегуваат туристи од тие заразени подрачја.
Пример, ете ги натпреварите во ЛШ и ЛЕ ќе се играат зад затворени врати, ок сето тоа го разбирам,која е логиката тогаш да затвориш стадион а истите тие навивачи ќе изнадојдат во Шпанија и ќе го следат мечот по пабови кај шо исто така ќе има толпа народ.
Нека остават да се игра на неутрален терен па кој сака на своја одговорност нека си оди на стадион ионака не можат да го исконтролираат чудово.
 
Definitivno ako produzi sranjevo so virusot, a ke produzi, treba da se ponisti prvenstvoto i sezonata da otide vo zaborav. E sea stvarno problem e za ekipite sto se borat za opstanok, odnosno onie za vlez vo ligata(serija B), tuka bi imalo dosta nefer situacii... Mozda nekoi barazi letoska, so znam, ali u sekoj slucaj prezaebana situacija.
 
Ако се

А ЛШ, ЛЕ?
Хаос ќе настане ако се поништи.
 
Зошто е подобро да се прекине, отколку да се игра на празни стадиони?! Навистина не ве разбирам...

Колку и да се игра фудбал за публика, подобро е да има некое коло без публика, па и до крај на првенството, отколку воопшто да нема фудбал.

Да нема услови воопшто да се игра фудбал (на пример војна), тогаш е во ред да се прекине првенството, во овој случај, по мене, најдобро сите натпревари пред празни трибини, додека не се промени состојбата.
 
Точно, плус дестина кола се, не е почеток на сезона.
Нема никаква логика да се прекини а и не вервам тоа да се случи, пред се затоа што не е фер за некои екипи како на пример Лацио кој после толку време има шанса да освои титула.
Нека се доиграат на празни и то е то
 
Треба пред празни трибини да се доигра, ако ништо друго, пари од спонзори и тв права нема да изгубиш, зависи какви се договорите нели.
 
Marotta: “Juve-Inter? It can be played on Sunday or Monday.”

Како Заев станал. До утре ке се премисли 100%
 
Лацио првата титула ја освоил во 1974 кога за малку ќе се прекинело првенството поради епидемија од колера, сега пак е во ситуација да освои со коронава.

Коинциденција?

Студио?
 
Да се игра зад затворени врати ама нели гледате дека и играч има заболено а Јувентус у23 во карантин беа, незнам многу зезната е ситуацијава, незнам како си дозволи Италија толку многу да се рашири вирусов. Како сакаш врти ја незадоволни ќе има секако, на големците битни им се парите чисто сумњам дека им е гајле за здравјето на луѓето. Лично мое мислење како здравствен работник е да сезонава се прекине дур не се среди ситуацијава со вирусов, никогаш не треба ниедна споредна работа да биде пред здравјето на населението, а не верувам да се игра зад затворени врати, пак ќе се избацат некој ликови и ќе појдат, доволно е еден да е заболен и пак да се направи ново жариште.
 
Така ако гледаме од дома не треба никој да излезиме, вирусот ионака ќе се шири, ај тие на стадион нема да дојдат, ама што е со останатите работи,јавен превоз, и други места каде што се претеруваат илјадници луѓе секој ден.
 
Зошто е подобро да се прекине, отколку да се игра на празни стадиони?! Навистина не ве разбирам...

Колку и да се игра фудбал за публика, подобро е да има некое коло без публика, па и до крај на првенството, отколку воопшто да нема фудбал.

Да нема услови воопшто да се игра фудбал (на пример војна), тогаш е во ред да се прекине првенството, во овој случај, по мене, најдобро сите натпревари пред празни трибини, додека не се промени состојбата.
Ova zborev u situacija ako nema uslovi i sansi da se igraat voopsto natprevarite. Ako ima bilo kakva sansa togas pred prazni tribini i toa e toa.
 
Така ако гледаме од дома не треба никој да излезиме, вирусот ионака ќе се шири, ај тие на стадион нема да дојдат, ама што е со останатите работи,јавен превоз, и други места каде што се претеруваат илјадници луѓе секој ден.
Пробуваат као да го сведат на минимум ширењето , не велат дека целосно ќе го сопрат знаат дека неможат. Инаку веќе има доста драстични мерки во разно разни области .. замисли дека сакат да донесат регулатива да се забрани ракување и гушкање :) . Уште една мерка метар до 2 метра дистанца помеѓу луѓе во затворен простор , ако твојот локал , што и да е кино паб ресторан , било што каде што се собира маса на луѓе , нема услови да ги држи луѓето на барем 1 метар дистанца еден од друг , тогаш немаш дозвола за работа , тоест настанот или објектот ти е без дозвола од надлежните за работа. Оддтаму дојде и тоа утакмица без публика, бидејќи столчињата се лепени , па после експертите се умешаа дека и без публика ќе има играчи на терен кој неможат да одржаваат 1 метар дистанца помеѓу нив , итн итн.. да не ја раздолжувам , се искомплицира премногу , нека кршат глава , криво ми е само за 2 работи , ќе има големи економски штети за државата, аналогно на тоа и спортот , и за Лацио како второ , сакам да освојат годинава си заслужуваат ,ќе биде штета да неможат да ја завршат битката до крај...
 
Лацио првата титула ја освоил во 1974 кога за малку ќе се прекинело првенството поради епидемија од колера, сега пак е во ситуација да освои со коронава.

Коинциденција?

Студио?

СЗО Мафија?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom