Не, не сум објективен посматрач од страна, за Наполи сум, Марио пред 2-3 сезони ми ги додели како тим
Кажав пред два саати кога го пишав постот а и пред тоа многу пати го имам истово пишано, фрустрира таа суптилна, навидум незабележителна судиска помош. Не велам дека секогаш се' се суди во корист на Јуве, не велам дека има грешки само во корист на Јуве и ниту еден друг тим но, овер ол, кога ќе споредиш утакмици на Јуве со било кој друг тим ќе видиш таа е реалноста. Можеби тебе ти е тешко да го прифатил тоа или пак да го забележиш затоа што навиваш за Јуве и такви стартови ти се „онака“ ама за тимови кои не се Јуве значат многу. Јасно е дека тимот за кој навиваш е за минимум класа над сите останати во лига и тоа не знам дали некој го негирал на форумов ама такви ситни ситуации вадат од такт. Пример, Борини испи лакт у 86та минута, ништо, гол аут, минута после тоа стартуваше и доби жолт. Прв старт му беше, влезе 10 минути пред да го направи истиот и одма казнет со жолт. Сеа можеш да кажеш дека стартот е за жолт ама пак од друга страна, играта со рака на Бенатиа во 16ник требаше да се санкционира со жолт, лактот над Борини можеби требаше да се санкционира со жолт. Ваму и таму ќе најдеш недостатоци ама сосема „случајно“ овер ол скоро секогаш се на страната на Јуве.