Па дека невин и дека беше у право коа ја прекина играта за "правилно" да се изведе офсајдот,крвта смрдена да му ја ебам!
Sent from my SM-G920F using Tapatalk
Претседателот на судиите Марчело Ники беше гостин во една емисија што ја следам редовно во недела навечер и самиот рече дека е комплетно разочаран од преголемото медиумско внимание на утакмица која немаше толку контроверзии. Тој не е задолжен за делегирање на судиите, ама баш на прашањето дали Рицоли би требало да суди до крајот од сезоната на било кој од овие два тима, одговори дека да било до него не би требало да има никаков проблем. Рицоли исто така му го изгледав интервјуто каде што си прави како што италјаните велат "automoviola", односно сопствен преглед на своите одлуки.
Бонус, говорот на доста познат новинар во Италија, Марио Скончерти (фан на Фиорентина, солиден антијувенташ) каде што партал ги направи сите медиуми кои 10 дена креваат галама за таа утакмица, а се првите да продаваат морал дека постои "психолошка потчинетост" (како што гугл го преведува изразот sudditanza psicologica) на судиите спрема големите тимови, а истите се "потчинети" на тој натпревар веќе 10тина дена, додека на други помали мечеви кои се имаат случено многу посериозни работи не обраќаат никакво внимание.
Сега се разбира ќе кажете нормално е Рицоли и федерацијата да се бранат, бла-бла не знам што, ама верувајте ми не е. Порано кога ќе направеше некој судија
сериозна грешка, федерацијата само декларативно застануваше позади судијата, додека тие на страна си преземаа мерки го тргнуваа на одмор по некој месец. Како што направија со Роки после Јуве-Рома, кога беше тргнат веднаш од мечот Македонија-Луксембург и му дадоа да одмори месец дена воопшто од судење или како што помошниот судија на Милан-Јуве кој е главниот кривец за голот на Мунтари до крајот од кариерата отсуди
уште само три натпревари, а потоа веднаш го пратија во пензија. Е тука се гледа дека тие судии навистина отсудиле катастрофа.
Разликата е во тоа што Рицоли не направи ниедна сериозна грешка, дури дискутабилно е и дали воопшто погреши на тој меч. Да беше обратна ситуацијата или пак уште повеќе ова да беше сосема друг меч, немаше збор да се слушне за истиот, а камоли да се зборува 10 дена за нешто што не постои воопшто. Самиот факт ви е дека Рицоли денеска судеше меч во ЛШ. Тоа значи дека судискиот фудбалски свет не е само формално позади него, туку и реално заради тоа што целото ова што се создаде беше една искреирана медиумска фама, поттикната доста од самиот клуб Интер и од фактот што противникот во овој случај беше Јувентус.
Не очекувам да ме разбереш, да се согласиш или слично, ама верувај ми доста ги следам овие работи и ти гарантирам дека во Италија после некое време оваа епизода ќе остане како една од најисфорсираните утакмици од аспект на прикажувањето на судиските грешки.