Aма битно не е физички спремен за во Интер да игра.

Ама за Реал да ги пуни спремен е. ЧД
Не е дека не е физички спремен, иако во право е вајсот дека станал пандев играч, Манчини јавно кажуваше дека не бил во можност да издржи повеке од 1 час на терен и тоа е апсолутно точно, али Интер со Икарди напред, кој моментално статистички е еден од најкорисните напаѓачи во Европа ако се земат во предвид головите, асистенциите и акциите во кои учествувал а паднало гол, реално и немаат потреба од Јоветич кој во една ваква ситуација беше зацементирана резерва, а има квалитет да поминува повеќе време на терен што во Интер не беше изводливо да го прави.
Икарди 200 минути да игра на терен ќе везе, не памтам дека сезонава бил заменет, можеби со Де бур само, а заедно во ист состав многу лошо функционираа, барем со Манчини таков беше случајот. Јоветич реално не заслужува статус на резерва моментално, нити пак верувам дека ќе се задоволи со такво нешто, а тоа под дифолт влијае врз игра, самодоверба и слично.
А дека е супер играч, е, и мило ми е што го покажува тоа во првиве две утакмици на Севиља, жал ми е што не успеа сега во Интер али којзнае, можеби ке се врати, позајмен е и ќе видиме дали ќе го откупат Севиља, кога е во прашање нападот секако Интер нема апсолутно никакви проблеми, Едер е тука да покрие ако Икарди не игра а и со заминувањето на Јоветич се отвара простор и за Пинамонти кој е голем талент, и конечно после заминувањето на јојо е префрлен да биде дел од сениорскиот тим.
Што се однесува до Јуве, ова реално на Интер не им одговара, наполи и рома во ваква ситуација дополнително ќе се осоколат а и вака се во топ форма, уште ова фалеше, јуве да ги врати во битка за титула, башка мислам дека јуве гостува и кај едните и кај другите.