- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Епа ако не служи за испукување лични фрустрации, зошто тогаш погоре спомена дека другите се воздржувале да не испукаат, како за тоа да е наменета темава? Ако некој има потреба од тоа да се олеснува во врска со тим кој не го сака, си има теми на форумов како најомразен фудбалски тим, како Драга Кајгана и не ти знам што. Пишувај колку ти душа сака таму, пцуј, колни што сакаш прави. Никој не е должен да чита глупости од ракав треснати на темава.
Дополнително забораваш дека модераторот кој го банираше Уфото е за Ливерпул и нема никаква допирна точка со лигава. Тој сепак може пообјективно од мене и од тебе да процени, бидејќи јас сум фан на Јуве, а ти си на Рома и очигледно е дека не го поднесуваш многу Јувентус. А и не генерализирај со тоа вие, бидејќи не поднесе цел фан клуб иницијатива да го банираат дечкото. Двајца или тројца споменаа такво нешто и заврши работата. Десет пати имам кажано дека мене лично не ми сметаат такви падобранци и никогаш нема да сметаат. Уште утре нека го одбанираат Даре и нека го остават па макар Јуве и 20то место догодина да е.
Нигерот беше баниран ако не си забележал, сега го немам прочитано на темава да се испонаша како што тоа го правеше интерашот.
Тоа што спомнав дека другите се воздржувале е моја претпоставка на база на досегашно однесување на поголемиот број на членови на форумов, не само против Јуве, туку и против останатите клубови. Се согласувам со тебе дека темава не е место за „олеснување“ и дека за тоа си има посебни теми.
Нема врска за тоа кој е модераторот, дали е за Јуве, Интер или др. клуб, бидејќи си има одредени правила и критериуми, коишто треба да се почитуваат и секој оној, кој ќе ги наруши ќе биде санкциониран. Просто како грав. Не го правдам уфото и се согласувам дека претеруваше со глупостите исто како и нигерот и двајцата беа банирани заслужено.
Што се однесува до моите чувства за Јуве, да бидам искрен ме заболе петелот мене за Јуве. Ниту го сакам, ниту го мразам. Пак ќе напоменам дека Јуве е таму каде што е, со добар играчки кадар и со добар менаџмент. Ако ве провоцира тоа што одвреме навреме ќе се спомене „бруката“ со местењето и исфрлањето на Јуве во Серија Б не е мој проблем, туку е ваш проблем. Тоа е факт, којшто секогаш ќе биде присутен тука, како што е факт дека ние се брукаме и ја „брукаме“ лигата последниве години во ЛШ.
И за крај да се вратиме не почетокот, од постот, од каде што започна дискусијава со прашање за тоа дали е испукување на фрустрации муабетот: Ги нема сега тие што спамаа на почеток , ... да ни кажат кој трансфери се ок , кои не се ... .
Тука се бе братучед, тука се. Пиши им во ПП ако толку те засега тоа.


