Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 5.607
Па и не му треба. Кога веќе ги имаат Мората и Манџукич во составот. Статистиката споредбено меѓу Бака и Манџо е блиску, процентот на изиграни натпревари со дадени голови им е идентичен, двајцата имаат исти години. Тоа е за сличноста, сега малку за разликите.Тоа и ми беше поентата, ни Јувентус кој моментално е најдобриот Италијански тим класа напаѓач а овој @јас пишува провоцирачки коментар каде што го потценува Бака демек не бил класа и не му требал таков играч на Јувентус. А во состав го имате Љоренте и двајца кој допрва треба да се докажуваат (Мората и Дибала) единствено Мандџукич е играч кој гарантира добра сезона од овие.
Манџо своите голови ги постигна за Волфсбург кога беше конкурент за титула во Германија, со Баерн освои еден куп титули, меѓу кој ЛШ и 2 титули во првенството и Купот. Манџо се има покажано во ЛШ, во големи натпревари, даде гол во финалето со Баерн против Дортмунд во ЛШ, даде голови против Арсенал во 8-финале, против Јуве во 4-финале, само против Барса не успеа да даде гол, втор најдобар стрелец 2013 година во Бундесот после Левандовски.
Бака своите голови ги постигна за Атлетико Јуниор, Клуб Бруџ, по позајмици на некои трети тимови и во Севиља каде го има најголемиот свој успех. Во своето портфолио можи да се пофали со 2 титули од Лига Европа,7 гола постигнати во ЛЕ во севкупна статистика, а постигна 2 во финалето на ЛЕ против Дњипропетровск.
Манџукич го кошташе Јуве 18 милиони + 2 бонуси.
Бака го кошташе Милан 30 милиони.
Не алудирам ништо, да не бидам погрешно сватен. Ова што го напишав, може лесно да се провери секаде. За двата играчи ова е нова средина, нов клуб, па никој не можи со сигурност да претпостави како ќе играат во новите дресови.