Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Иначе мислам дека Атлетико е многу посилен од Јуве. Вчера се изигра 0-0 знаеме од кои причини, едноставно Симеоне одеше на сигурна варијанта и не играше воопшто офанзивно. Добив впечаток во одредени моменти дека ако Атлетико запне повеќе може да даде гол, односно да биде многу поконкретен кон голот на Јуве.

Што знам, мислам дека Јуве нема преголеми шанси против гигантиве.
 
Се израдувале некои јувенташи, на 4 теми постираат слики, гифови, како ЛШ да освоиле. :)

По принцип не се радувам кога италијански екипи губат во Европа и вчера сакав Јуве да оди понатака, пошто ако размислите малце, ова во никој случај не ви одговара. Ама ај...
Чекајте малце другари, истите вие шо се радвавте шо Јуве ни на тв нема да го дават тогаш ко беше за со Атлетико, уствари цело време потајно бевте за Јувентус во ЛШ? И ај молим те објасни ми како тоа ич не му одговара на Јувентус то шо Рома отпадна?
А за филмање, наведи еден шо се има уфилмано од фан клубот, и уште одма ќе ти се извинам. И за олимпијакос, јес да не се Реал ама ич не пијат мастило, лани Манчестер го пукнаја во осмина финале, годинава Атлетико дома, така да полека малку со коментарите
 
Дај Боже до финале да стигнете. Ич да не се замарате за Скудето.:D


Идеме на Триплете :D


Со испаѓањево на Рома од ЛШ, Јувентус си доби, да не речам, финансиска бомба.
Штета за Рома, сакав да идат даље, али тоа е тоа. Ова на Јувентус му одговара, но само на финансиски план. А Рома може да иде далеку у ЛЕ, помеѓу појаките екипи се, а колку ќе се потрудат и запнат за тоа, е добро прашање.
 
Чекајте малце другари, истите вие шо се радвавте шо Јуве ни на тв нема да го дават тогаш ко беше за со Атлетико, уствари цело време потајно бевте за Јувентус во ЛШ? И ај молим те објасни ми како тоа ич не му одговара на Јувентус то шо Рома отпадна?

Во врска со Јуве на ТВ не знам за кого се однесува. Мислам дека ниту еден навивач на Рома не се радуваше после поразите на Јуве од Атлетико и Олимпијакос. Не од љубов де, само што ќе беше многу тешко за Рома да се натпреварува со 100% посветен Јувентус во Серие А. Барем тоа беше мое мислење, вчера навистина се надевав дека ќе одите понатака.
 
И мене ќе ми беше мило Рома да одеше понатаму, но требаше да си го заслужат тоа на теренот. Пропуштија шанси денес така што сами се криви што отпаднаа. Да не зборуваме пак за она што го испуштија минатото коло.

Само на Торино не му е 100 % обезбеден настапот во нокаут од ЛЕ, а ако поминат и тие ќе има 5 екипи од Италија во 1/16 во ЛЕ.
 
Леле Љаич ама се изнервира вчера, му идеше да се тресне од земја. Ми падна жал искрено, со солзи во очите го проследи остатокот од натпреварот.
 
Ама ми се романтични овие јувенташиве и романистиве :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
http://www.juvemagazine.it/2014/12/...a-dellanno-delusione-attacco-juve-video/11174

Не знам кој е и што функција има ликов во Рома, ама во интервјуто вели дека групата на Рома не била составена од екипи како Малме и Олимпијакос и дека Јуве досега имале среќа, па требало прво со вистински екипи во Европа да се сретнат :pos:

Која напатеност не ми е јасно, во интервју за каналот на Рома во врска со испаѓањето на Рома од групите на ЛШ пак им е Јуве во устата. Би разбрал многу работи, но во последно време од Рома и нивните претставници слушам само плачење. Гарсија го ценев многу, а и натаму го ценам како способен тренер но стварно претера во некои наврати. Тоти и Де Роси се класика, а сето тоа штети само на клубот.

Рома и натаму е блиску до првото место па затоа мислам дека им е попаметно да не полемизираат во јавноста туку да се фокусираат на првенството.

Инаку од февруари Италија ќе има 5 претставници во ЛЕ што воопшто не е лошо бидејќи бодовите добиени од таму не се за потценување и влијаат врз вкупниот ранкинг. Стварно се надевам дека некој од Серија А ќе освои ЛЕ. Па макар тоа бил и Интер :icon_lol:
 
Тие екипите од појужниот дел на Италија, секогаш имаат вакви испади. Тоа ти е исто минатата година кога испаднавме од ЛШ, да почневме да ги обвинувавме Милан за тоа што ни се случило... мислам, нема никаква логика :vrtioci:. Што ги боли Стојко нив со кого сме се паднале, и како сме играле, нека си гледаат таму во својата манџа и нека не зборат многу. Минатата година кога се случи срамното испаѓање по групи од ЛШ, Конте изјави:
"Неможеш да ручаш во скап ресторан, со само 100 евра"... алудирајќи на несоодветните засилувања што ги донесе управата на Јувентус. Таа критика беше упатена кон својот клуб, а не кон другите.
Ова што го прават челнициве на Рома ти е еднакво на идиотизам, неизживеаност и очигледни комплекси добиени минативе години. И Фиорентина имаше ваков испад минатата година кога изгубивме 4-2 во Фиренца, а за Наполи да не зборам.... оние се посебна приказна сама по себе :popce:
 
@Boom Shaka Lakka го знај моето мислење за утакмицата, а мислам дека и ти го свати, искрено и мене ми е многу криво дека не ја поминавте групата.

Како тоа го знам твоето мислење, се знаеме од некаде?:eek: Извини ама јас не те познавам..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom