На повеќе фудбалски теми досега сум ја сретнал дискусијата за правилото во врска со прекршок или игра со рака кој се случил на линијата од шеснаесетникот. Според повеќето треба да биде слободен удар. Па доколку е така, дајте да видиме видео каде што играч изведува слободен (не индиректен) удар со топката поставена на линијата од шеснаесетникот.
Ајде ќе тагираме членови од другите лиги за да видиме дали некој некогаш сретнал слободен удар со топка поставена на линијата при изведување.
@Ilumious ,
@ElNinho ,
@Uli Hoeneß
Ајде кажете дали некогаш имате видено во Германија, Шпанија, Англија или било каде слободен удар со топка поставена на линијата од шеснаесетникот?
Поентата ми е да ја разрешиме оваа дилема околу ова правило, бидејќи доста често се дебатира за истото.