Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
И сега треба тука да почниме да летат навреди правдања и уште толку да го доебиме денот? Моџи не е дел од Јувентус веќе времиња не мие јасно шо се навраќаш до 2006, треба да фатам сега јас да се навраќам на судиски грешки лански во корист на Рома? Глупо е, не зрело

Како и да е, во право си, да не се навраќаме, јас стојам на ставот дека Рома беше оштетена од Роки на оваа утакмица.
Можеби искрено ги згреши одлуките. И во право е Гарсија, време е за технологија, за да нема повеќе вакви дискусии.
 
Единствени исти судии од 2006 денес се само Роки, Рицоли и Таљавенто.
Независно, токму Рицоли и Таљавенто на сите им сметаат :). Која беше поентата на калчополи? Независно дали се истите имиња на судии, судиите произлегуваат од Асоцијацијата на судии на Италија, и нели калчополи беше за да се стават нови судии кои ќе го „подобрат“ квалитетот на калчото. Што се виде одтогаш?

Не пишувам на памет.Да се погледни КАКВА БИЛО статистика на Сериа А пред 2006та, и после. Буквално во СЕКОЕ поле во Калчото се ПОЛОШИ работите одтогаш.Пред 2006та, Интер,Јуве, и Милан редовно играа полуфинале, финале во ЛШ. Беа екипи со РЕНОМЕ, екипи од ВРВОТ на фудбалската елита. Беа екипи од кои на противниците му се тресеа нозете кога ќе излезат на терен. Денеска што имаме? Еден Атлетико Мадрид е фаворизиран против Јувентус, Наполи губи од треторазредни екипи од Летонија, Белгија и Финска, Италија една позиција изгубија во ЛШ, а ако продолжат вака, и Португалија ќе ги замини по број на поени за места во ЛШ. Калчото од 2007 до денес е на најниската можна квалитативна точка од своето постоење. Квалитетот на лигата е опаднат за 60%, а тоа си влечи и помалку пари од ТВ права, реклами, продажба на дресови итн. Штета!

И јас сум ЗА да се воведи технологија. Доста беа судиски грешки!
 
Што се објаснувате не ве разбирам.Ја добивме утакмицава, 6 од 6 имаме,3 титули по ред и уште една се чека на крај од сезоната...Што друго им останува освен да кукаат тука?Тек колку ситење ке имаше ако изгубевме не само од страна на тие што навиваат за Рома.Лани освоивме со рекорден број бодови па мораа да зборат за во ЛШ.Нешто мора да најдат и таман работа ако се објаснувате со секакви за се и сешто.

А зошто пример не би се објаснувале? Реално, втор пенал за Јувентус немаше, мислам дека и баба ми тоа ќе ти го каже, Погба беше соборен надвор од шеснаесентикот. И да, судиите доста ви помагаат последните сезони, тоа треба да се признае.
 
Квадрадо што убаво голче даде, овие за „минатото“ се фатиле.
 
А кај си видел да пишам дека судиите биле добри во времето кога Интер освојувале? :facepalm: Пишав така пошто некој на темава ме убедуваше дека се подобрило судењето последниве неколку години, а јас го тврдам спротивното ....
Не викам конкретно за тебе. Имаше многу навивачи на Интер со кои се водеа жолчни дебати на форумов за судииве, архивирано е, мислењата стојат. Јас ова го тврдам од секогаш, судењето НЕ Е подобрено после 2006 година. Тоа е мој конзистентен став и во 2008, и во 2011 и сега, во 2014. И кога Интер беше прв неколку години, и сега кога Јуве е прв. Судењето е КАТАСТРОФА!
 
На повеќе фудбалски теми досега сум ја сретнал дискусијата за правилото во врска со прекршок или игра со рака кој се случил на линијата од шеснаесетникот. Според повеќето треба да биде слободен удар. Па доколку е така, дајте да видиме видео каде што играч изведува слободен (не индиректен) удар со топката поставена на линијата од шеснаесетникот.

Ајде ќе тагираме членови од другите лиги за да видиме дали некој некогаш сретнал слободен удар со топка поставена на линијата при изведување.

@Ilumious , @ElNinho , @Uli Hoeneß

Ајде кажете дали некогаш имате видено во Германија, Шпанија, Англија или било каде слободен удар со топка поставена на линијата од шеснаесетникот?

Поентата ми е да ја разрешиме оваа дилема околу ова правило, бидејќи доста често се дебатира за истото.
 
Голот на Бонучи нерегуларен? :facepalm: Пеналите беа дискутабилни сите три, и од Јуве двата и од Рома едниот, ама голот на Бонучи беше чист како солза.

BzM-uCSIQAAG4zU.jpg


Доказ дека Видал не смета, чист поглед на топката има голманот.

И дај помирете се ве молам, немојте со тие класични калчополи муабети. Кога и да се свирне сомнителен пенал за Јуве, истата приказна. ,,Местачи! Втора лига пак за вас! Уа!“ Факт е дека судијата беше ужасен денеска, имаше еден куп пропусти ама не само во корист на Јуве.

Интеристиве и миланезиве па.. не ги коментирам.

Еве една изведба од музичарот Руди, да се смират страсите малце. :icon_lol:

 
Овие Фиорентина, првиве кола само 1 гол имаа постигнато, се мачат без Роси и Гомез... а сега за 20 минути им даваат 2 гола на Интер со Бабачар во напад :cuc:
 
Овие Фиорентина, првиве кола само 1 гол имаа постигнато, се мачат без Роси и Гомез... а сега за 20 минути им даваат 2 гола на Интер со Бабачар во напад :cuc:

пошто видич е најак
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom