Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Утре почнува новото коло во Сериа А. Јувентус нагости кај Болоња поради натпреварот со Галатасарај во вторник. Главен судија ќе биде Паоло Силвио Мацолени од Бергамо. Во страшна форма сме така да очекувам нова победа, пред се повторно без примен гол. Клучот кон скудетото е тој, нешто што се докажа во претходните 6 натпревари. Мора да се искористи овој период за да се одделиме што е можно повеќе, посебно поради тешките натпревари кои ги имаат Рома и Наполи.
Милан игра со Ливорно и ова му е шанса колку толку да се врати во игра. Интер не е воопшто убедлив, нешто што можеше да се очекува поради актуелниот состав со кој Мацари не може вечно чуда да прави. Вчера гледав малку против Трапани, посебно почнав да ја гледам на 3-0 и играа катастрофално. За малку не израмни Трапани што ќе беше најсилниот удар кој може да го добие еден тим. Сега против Парма кој е одличен тим не верувам дека ќе им биде лесно воопшто.

Брат мора малку да наместиме, нема вечно да бидеме без примен гол, и ние некад мора "ненамерно" да кикснеме со послабиве :P
 
Шо бе Јуве победува и мртва е темава одма:(
 
7 победи по ред, 7 натпревари без примен гол со 15 постигнати. Нема што да се додаде повеќе.
 
Знаете дека Барѕаљи играше со рака во шеснаесетник...? :icon_lol:
 
Знаете дека Барѕаљи играше со рака во шеснаесетник...? :icon_lol:

И дека им поништија 3 регуларни гола на Болоња? И дека голот на Киелини не ја помина линијата? И дека Јуве пак победи поради судиите? И дека е незаслужено на првото место, впрочем како што тоа го покажува и реалната табела каде што се пресметани судиските грешки сме на заслуженото последно место?
 
Што се десило? :D

Сакаат да се напраат интересни. :icon_lol:


Него имаат среќа што ние сме малце измрдани моментално иначе ќе видиш за раката на Барѕа како се испишуваат 3 страници у рок од 5 минути.:icon_mrgr:
 
Сакаат да се напраат интересни. :icon_lol:


Него имаат среќа што ние сме малце измрдани моментално иначе ќе видиш за раката на Барѕа како се испишуваат 3 страници у рок од 5 минути.:icon_mrgr:

Надвор сте од шема дека Петок знам јас, чекате сабота-недела да дојди :D
 
Дека сте во форма, така е, но да се исмевате во стил "на Болоња гол и поништиле или Барѕаљи играл со рака" не е ама ич интересно .. ЌЕ БЕШЕ ама доколку утакмиците во кои имаше неправилни судиски одлуки во ваша корист, не постоеја :)
јас лично, никогаш после утакмица не сум рекол судиите им помогнаа на Јуве, кога навистина имаше контроверзни и неисправни одлуки во ваша корист и сеуште си мислам дека тоа е чиста случајност и дека тоа може да се случи на секој тим, посебно на појаките кои како така се повеќе заштитени од судиите, НО понекогаш си размислувам, како е можно секогаш Јувентус да има најголем ќар од тие судиски провиди и како на тој тим екогаш му се посреќуваат такви работи ?

Еве зошто на Рома претходната утакмица и поништиа чист гол, а една утакмица претходно судијата наместо да суди пенал врз Флоренци тој даде предност, како е можно тоа ?

Испадна сега дека "рикам" тука :D .. како и да е јас си останувам на она дека се си регуларно и дека судиски грешки можат да се случат секаде и на секој тим било во полза или не, доколку не размислувам така, ќе треба да се откажам од гледање фудбал:) .. само сакав да ви кажам дека не сте интересни со тоа "на Болоња им поништија гол" итн .. од страна хуморот ви изгледа многу лош и нелогички :) би сакал во иднина барем на две последователни дуели да изгубите поени ради судиски грешки, па да видам како тогаш би изгледал вашиот хумор (y)

btw "salutate la capolista" значи поздрав до главниот град или нешто друго ? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom