Сладоледџија
Ванила & Чоколадо
- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 14.458
- Поени од реакции
- 11.917
Утре почнува новото коло во Сериа А. Јувентус нагости кај Болоња поради натпреварот со Галатасарај во вторник. Главен судија ќе биде Паоло Силвио Мацолени од Бергамо. Во страшна форма сме така да очекувам нова победа, пред се повторно без примен гол. Клучот кон скудетото е тој, нешто што се докажа во претходните 6 натпревари. Мора да се искористи овој период за да се одделиме што е можно повеќе, посебно поради тешките натпревари кои ги имаат Рома и Наполи.
Милан игра со Ливорно и ова му е шанса колку толку да се врати во игра. Интер не е воопшто убедлив, нешто што можеше да се очекува поради актуелниот состав со кој Мацари не може вечно чуда да прави. Вчера гледав малку против Трапани, посебно почнав да ја гледам на 3-0 и играа катастрофално. За малку не израмни Трапани што ќе беше најсилниот удар кој може да го добие еден тим. Сега против Парма кој е одличен тим не верувам дека ќе им биде лесно воопшто.
Брат мора малку да наместиме, нема вечно да бидеме без примен гол, и ние некад мора "ненамерно" да кикснеме со послабиве





