Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Оваа сезона Калчо ке биде дефинитивно најинтересна лига , може не поради убавината на фудбалот отколку поради тоа што се врати некако духот во лигата ,се врати Ливорно се врати Верона едни од најконстантните тимови во Серија А , и не толку битните Сасуоло кои што сигурно испаѓаат уште оваа сезона . На врвот Јувентус не би требало да има поголеми проблеми и очекувам лесно освоена титула со +10 бода пред вторите. Е сега , ке биде многу интересно за второ , трето, четвтро па и петто место , поради тоа што Лацио,Рома,Фиорентина,Наполи,Милан се на исто ниво буквално на исто ниво. Интер е под тоа ниво не очекувам ни дека 7ми ке заврши . Ке бидат многу интересни дуелите помеѓу сите гореспоменати тимови секако традиционално Лацио-Рома и обратно а ништо помалце интересни нема да бидат ни Фиорентина-Милан како и Наполи-Jуве, и секако оваа сезона се враќа едно од најинтерсните дербиња во Италија и пошироко Ливорно-Лацио . Се на се очекувам интересна година во Италија.
 
Би требало да е паклено оваа година...плус ако има уште некој поинтересен трансфер у Серија А (поточно да дојде некој јак играч од страна). Иначе имам некое чуство дека Парма ќе биде екипата која највеќе ќе изненади сезонава...:cautious:
 
Сите очекуваат од Фиорентина сезонава да бидат добри ама јас мислам дека ќе бидат флоп :unsure:
 
Секој со своето мислење, еве јас очекувам да бидат доста добри. Повеќе се сомневам во Наполи да бидам искрен. Некако кога ќе ги слушнам Албиол, Каљехон и Игуаин во иста реченица и тоа купени за огромна сума не ми штима нешто...
 
Секој со своето мислење, еве јас очекувам да бидат доста добри. Повеќе се сомневам во Наполи да бидам искрен. Некако кога ќе ги слушнам Албиол, Каљехон и Игуаин во иста реченица и тоа купени за огромна сума не ми штима нешто...

исто и јас така мислам дека Наполи ќе разочараат ... не ради играчите што ги имаат туку ради тренерот и неговата тактика и формација ... веќе 3-4 години наназад Наполи има успех ради Мацари и неговата формација со тројца дефанзивци и два крилни бека, играчите се скоро сите исти, само што сега ќе треба да играат со 4-ца во одбрана, нешто на кое не се навикнати играчи како Канаваро, Зунига,Армеро, Бритос, а посебно Маџо кој е дупка во дефанзива кога се игра во 4-ка .. друга работа е заминувањето на Кавани, кој сакаа нека го донесат во нападот, со самото заминување на Кавани тие се ослабнати, бидејќи понекогаш сам ги вадеше резултатски, Игуаин е далеку од тоа ...

Рафа е тренер кој не знае да прави кам бек, ќе почнат лошо на почетокот, а тој постепено се повеќе и повеќе ќе се губи, наместо да ги врати на вистиски пат, а секако Де Лаурентис нема да има многу трпение, човекот изненадувачки сите пари од Кавани ги потроши на засилувања, плус додаде уште некое милионче, што за италијански сопственик на калчолигаш(во ова време) е за поздрав и респект, но и претставува преголем ризик .. така да доколку малку работите да не тргнат на добро, веднаш ќе се јави нервоза на релација, сопственик-тренер ... а притисокот од фановите ќе биде како шлаг на сето тоа :icon_lol:

ете таква судбина им предвидувам на наполитанките оваа година :D
--- надополнето: 11 август 2013 во 20:47 ---
- Кај Фиорентина ќе видиме како ќе се покажат новите играчи, посебно во нападот и како ќе ги заменат Јојо и Љаич кој се поверојатно дека ќе си оди :) .. им фали уште еден добар голман(незнам што се случи со Цезар) и ништо нема да биде чудно доколку завршат позади Јуве. Имаат одличен стратег кој само треба да продолжи добро да си ја врши својата работа, значи ги имаат сите услови за добра сезона, незнам што би требало да се случи па да ја заебат работата :)
 
јас мислам интер ке го одбранат 9тото место сега со новите засилувања дури и 8мо можат, милан се непредвидливи незнаеш кога пенал ке им дадат нема врска без бурни реакции само онака тоа е мое мислење реалноста сега тоа е нема врска битно
 
Овие па јувенташиве го нејќеле Хамшик ко демек со него ќе треба да спијат секој ден :)

Одличен фудбалер е ама не мислам дека ќе го напушти Наполи наскоро, ќе остане тој таму уште 2-3 сезони сигурно.
Којзнае како успева секоја сезона Лаурентис да го прелаже дека ќе освојат титула, а дечкото има потенцијал за повеќе.
 
јас мислам интер ке го одбранат 9тото место сега со новите засилувања дури и 8мо можат, милан се непредвидливи незнаеш кога пенал ке им дадат нема врска без бурни реакции само онака тоа е мое мислење реалноста сега тоа е нема врска битно

Реалноста е дека не знаеш да составиш реченица.
 
Реалноста е дека не знаеш да составиш реченица.

реалноста е пошто немаш поим дека пишувам од телефон некогаш пример пресска и неможам да ставам средства како точка запирка ама не ти замеравам ке пораснеш и ти
 
реалноста е пошто немаш поим дека пишувам од телефон некогаш пример пресска и неможам да ставам средства како точка запирка ама не ти замеравам ке пораснеш и ти
:facepalm::pos:

Други "средства" ти фалат ама ајде...
 
Ако добро памтам оваа сезона што помина Бранко рече дека Телма ги откупи правата за наредните 2 сезони, или има некоја новост ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom