Семејството - основа на Црквата

  • Креатор на темата Креатор на темата moof KOOZ tee
  • Време на започнување Време на започнување
Немам, ама верувам и со тоа не им го наметнувам своето религиозно мислење на другите дека е исправно. Додека пак ти сигурно ми тврдиш дека семејството е лошо нешто, што значи наметнуваш нешто. И со тоа ја предвидуваш иднината дека семејството е застарено нешто, доминантните светски религии се застарено нешто, расите се застарено нешто и некаква си мултидимензионалност.
Им го наметнуваш на твоите деца бидејќи како татко ќе го одведеш во црквата да ги брцнеш во вода и да ги покрстиш без да почекаш да дознаеш дали тие го сакаат тоа...
 
Им го наметнуваш на твоите деца бидејќи како татко ќе го одведеш во црквата да ги брцнеш во вода и да ги покрстиш без да почекаш да дознаеш дали тие го сакаат тоа...

Да бе исто и за школо те фаќаат за рака и те ностат да учиш без да те прашаат дали тебе те интересира тоа или не.
 
Семејството егзистирало и пред појава на црквите и ќе опстои и после згаснување на црквите.
Мало теже :P

Додуше, ако останат цркви - ќе остане и семејството.
 
Решението е Заедница која ќе биде алтернатива на сенејството.

Во семејството детето го подига една жена, мајка и еден маж, татко. Ако детето е машко, тоа станува опседнато со својата мајка, а ако е девојче пример ќе и биде таткото. Ова се потврдени и докажани психолошки факти. Во свеста на машкото се втиснуваат мајчината фигура и особини. Затоа тоа целиот свој живот ќе бара жена која ќе представува реплика на неговата мајка. Истото важи и за девојчето, тоа ќе се труди да пронајде маж кој ќе биде копија на нејзиниот татко. А тоа никогаш нема да го најде.Можете ли некаде да пронајдете уште еден тако или мајка?
Тоа е невозможно, затоа што нема две исти личности, но сеедно потрагата продолжува. Ова се разбира не се случува на свесен план туку како последива на длабока импресија во доменот на несвесното. Заедницата е потполно поинаква појава. Во заедницата никој не е опседнат во неа можат да живета неколку стотини момчиња и девојчиња, многумина од нив не мораат секоја ноќ да ја поминат со нивните мајка и татко...тука за нив има многу чичковци и тетки. Целата заедница е нивно семејство.Уште како мали децата почнуваат да стенуваат своја индивидуалност. Тие не се врзани за татко, мајка, семејство, живеат со различни луѓе.
А и нивните татковци и мајки не се опседнати со заедничко живеење.

Детето никогаш нема да биде опседнато со една личност. Тоа ќе му овозможи слобода, мултидимензионалност. Тоа никогаш нема да биде ограничено, бидејќи многу жени ќе може да ги доживее како своја мајка, многу мажи како татковци. Ќе му се пружи можност да сака многу луѓе и оформи сестрано гледиште за тоа со каква жена или маж сака да живее.Сите негови мајки ќе му створат едно синтетизирано гледиште.Во него нема да постои само една жена како централизирана фигура, туку многу ќени, многу квалитети и сите помешани и стопени во еден.Тој ќе успее да ја пронајде љубовта на својот живот затоа што нема да биде опседнат со ниедна личност.
Нема да има потреба да биде посесивен затоа што неговите родители не биле посесивни. Бракот е мртва работа, тој е непроменлив, како некој артикал како намештај.Нормално дека црквата мора да исчезне, и нациите да исчезнат, и расите да исчезнат - веќе доволно долго живееа. Би можело да се каже дека тие веќе сега се мртви.
Еднаш кога семејството ќе умре и црквата ќе умре со него. Христијаните дури и Бог го нарекоа Отец, бидејќи тој е само продолжеток на семејството. Бог-Отец и Син-Исус, но кој е пак сега овој шарлатан Свет дух? Не можеа ли тука да сместат жена, мајка што нормално би било пологично, но Бог кој живее со жена изгледа помалку несвето. А кој знае може и да се заљуби, можеби нешто ќе тргне наопаку, а се зане дека на жените не смее да им се берува, можеби и ќе го заведе. Затоа заради сигурност ете го Светиот Дух. Но погледнете колку е глупаво. Тука е таткото, тука е синот, а мајката ја нема. Па тогаш кој затруднел? Светиот Дух?Бог кој води љубов со светиот дух.
Изгледа дека целата оваа структура е продолжување на машките шовинисти, жените во целост се исфрлени од оваа приказна.

Ne znam. Jas imam masko dete pa jas sum mu primer a ne zenata i najubavo se custvuva so nas a ne so drugi. Taka so jalovi primeri kaj mu e najubavo i so trebalo 100 majki da ima za primer, ostaj taa rabota
 
Една од најстаромодните работи на светот е семејството. Тоа ја одработи својата работа и повеќе на никого не му е потребно. Всушност во овој момент тоа е појава која најмногу го успорува понатамошниот напредок на човештвото.

Семејството е основна единица на сите нации, држави, цркви, а сето тоа е одвратно.За црквата нема иднина ако исчезне семејството - зошто како ќе ги придобиете сите тие христијани без семејството и неговото условување?Од таа причина семејството мора да престане да постои. Без престанок на неговото постоење одвратниот монструм наречен црква ќе продолжи да постои. Семејството е корен на сите наши нервози.

Семејството го ограничува детето на одредена религиска идеологија, политичка догма, филозофија или теологија.А детето е толку невино што прифаќа се што ќе му се сервира, толку е ранливо што е многу лесно да се експлоатира. Тоа сеуште не може да каже не, тоа нема идеја да може да каже не, а дури и кога би можело да каже, тоа толку зависи од семејството што би можело да се каже дека е апсолутно зависно.Тоа е толку беспомошно, да мора со семејството да се сложи околу секоја глупост која тоа ќе му ја соопшти.Семејството не го потикнува детето да истражува, тоа му дава верувања, а верувањата се отровни. Еднаш кога детето ќе стане оптеретено се некое верување, неговото истражување е осакатено, парализирано, крилата му се потсечени. До моментот кога тоа самото ќе биде способно да истражува, тоа ќе биде веќе толку условено што во секое истражување ќе поаѓа со предрасуди, а истражувањето со предрасуди не е автентично.Вие веќе a priori носите некој заклучок, едноставно само барате докази со кои би ги поткрепиле вашите необјавени заклучоци.Така станувате неспособни да ја откриете вистината.
Секое дете доаѓа на овој свет со огромна интелигенција, но семејството од него прави просечно незанимлива личност, затоа што да се живее со исклучително ителигентно дете е многу напорно.Тоа се сомнева, тоа е скептично, тоа испрашува, непослушно е, бунтовник е - а семејството бара некој послушен, кој е спремен да следи, да имитира. Затоа уште од самиот почеток семето на интелегенцијата мора да се уништи, сосема да биде согорено, како не би останала ни најмала можност за било каков изданок.

99,9 % можат да станат Исус, Буда, Заратустра - се што е потребно е семејството да исчезне. Во спротивно, ќе постојат и Христијани и Муслимани и Хиндуси а ниту еден Исус ниту еден Мухамед, тоа едноставно не ќе биде возможно.Иднината на црквата сигурно зависи од семејството но иднината на човештвото НЕ.
Ако сакаме да ја сочуваме иднината на светот, тогаш сите овие цркви треба да се уништат, затоа што само тогаш човештвото ќе биде единствено. Сите овие религии треба да исчезнат зашто само тогаш човекот ќе може да создаде универзално братство.

Постов ти е збирка од бласфемични произволности.

Брееее...А која е твојата алтернатива?
 
Постов ти е збирка од бласфемични произволности.

Брееее...А која е твојата алтернатива?

Твојов риплај е пример за една емпириски елаборирана вистина, силно поткрепена со очигледни аргументи и проверени факти. Особено уживав во синтагмата „бласфемички произволности“ како климакс на статијата.

За да не сум чисто саркастичен, ќе добацам:

Семејството е несомнено потребно на сегашното општество (особено нашево), ако од ништо друго, тогаш од економски причини.
Трендот во западното општество е очигледен и почажува дека економската благосостојба ги омекнува цврстите традиционални семејни врски.

Ако зборуваме за запад, децата на разведените родители и фактички, навистина имаат по повеќе мајки и/или татковци поради мешањето со децата од другите бракови што, по малку и наликува на она што SUKON го разработува во воведот.

...исто како и со муабетот за хомосексуалните бракови, станува збор за феномен кој веќе фактички постои. Голем број на луѓе веќе го живеат она за што зборуваме. Имаат неколку семејства и голем број модели на личности според кои свесно и/или несвесно се формираат.

Само што е малку паника кога некој ќе предложи промена за која не си спремен, нели? ;)

Аха... и никаде не прочитав дека некој вика дека треба да се забрани. Мислам дека темава повеќе се однесува на дијалектиката на семејството... ахем ...и на некои институции на кои од малку поодамна им е изминат рокот.
 
Ако зборуваме за запад, децата на разведените родители и фактички, навистина имаат по повеќе мајки и/или татковци поради мешањето со децата од другите бракови што, по малку и наликува на она што SUKON го разработува во воведот.

...исто како и со муабетот за хомосексуалните бракови, станува збор за феномен кој веќе фактички постои. Голем број на луѓе веќе го живеат она за што зборуваме. Имаат неколку семејства и голем број модели на личности според кои свесно и/или несвесно се формираат.

Само што е малку паника кога некој ќе предложи промена за која не си спремен, нели? ;)
Нема паника никаква, не ја измислија американците хомосексуалноста постои таа како девијантно нешто од почетокот на цивилизацијата. Него ги нема античките опшества и религии кои што одобрувале хомосексуални бракови, зошто е тоа така :raz:. Падот на Рим во основа е овозможен благодарение на нагризувањето на неговите темели од сексуално девијантните појави како што се хомосексуалноста, педофилијата, промискиутетноста, инцестот, некрофилијата итн итн. Денес гледаме реприза од падот на Рим во запаедноевропското опшество, нема семејство традиционални вредности само себична расипнишност. Затоа кај да е се гледа крајот, само лошо ќе биди затоа што многу деструктивно ќе заврши :toe:.
 
?!?! Како може да е девијантно ако отсекогаш постои?!?!
Девјантно - c.1400 (adj.), from L.L. deviantem, prp. of deviare "turn aside, „застрането, настрано“. Ако отпочеток постоело, тоа си е карактеристика - не е застранување ;)

За онаа болдираната глупост неќу да пишувам, ама ич. Прочитај за декаденција и не мешај причини со последици и симптоми со болест.

„...ќе заврши“... што ќе заврши? Ќе има крај?
 
Напредокот што ќе го оствари човештвото без семејството е само забрзано создавање на пекол на земјата.
 
?!?! Како може да е девијантно ако отсекогаш постои?!?!
Девјантно - c.1400 (adj.), from L.L. deviantem, prp. of deviare "turn aside, „застрането, настрано“. Ако отпочеток постоело, тоа си е карактеристика - не е застранување ;)

За онаа болдираната глупост неќу да пишувам, ама ич. Прочитај за декаденција и не мешај причини со последици и симптоми со болест.

„...ќе заврши“... што ќе заврши? Ќе има крај?

Застранување е итоа големо, сексуалните односи освен за задоволство служат и за продолжување на родот, кога ќе се претера со девијантното однесување настапува изумирање на опшеството, тоа и се случува на Европа со просек од 1,3 деца по фамилија.
Денес поголемите светски религии не вршат церемонија на истополов браки има причина за тоа. Паганските религии кои вршеле церемонија на истополов брак денес не постојат и има причина за тоа. Тоа болдираното кое што ти го сметаш за глупост е факт кој што постои и кој штом е извлечен по внимателно набљудување и истражување.
 
Не се разбираме.

Не можеш за девијација да прогласиш нешто што постои уште од самиот почеток. Јазично. Побарај друг збор, само немој да се зае*еш со „болест“.

Рим не паднал дека имало курви и педери. Пропаднал поради негрижа, некомпетентност и ароганција на владеачката класа, што е причина за падот на сите останати цивилизации, оргнизации, семејства или индивидуи. Мрза, ароганција, самобендисаност и затвореност.

Во Рим имало „несакани појави“ како последица на горделивоста и неспособноста на устоената власт. Не една, туку низа такви.

Тоа е муабетот со причина и последица - не се педерите криви што пропаднало римското царство.

А она болдираното во цитатот, тоа е ради кешот.

А кога ќе се легализираат секаде низ европа, сигурен сум дека „светата столица“ умешно ќе направи компромис каков што направи со разводот. Ти текнуе?
 
?!?! Како може да е девијантно ако отсекогаш постои?!?!
Девјантно - c.1400 (adj.), from L.L. deviantem, prp. of deviare "turn aside, „застрането, настрано“. Ако отпочеток постоело, тоа си е карактеристика - не е застранување ;)

За онаа болдираната глупост неќу да пишувам, ама ич. Прочитај за декаденција и не мешај причини со последици и симптоми со болест.

„...ќе заврши“... што ќе заврши? Ќе има крај?

А што тоа одсекогаш што постоело т.е. од почетокот, од кој почеток ај жити се просветлиме?
 
А што тоа одсекогаш што постоело т.е. од почетокот, од кој почеток ај жити се просветлиме?
Тоа ти е цитат од bucio - кај него барај го почетокот.

Нема паника никаква, не ја измислија американците хомосексуалноста постои таа како девијантно нешто од почетокот на цивилизацијата. Него ги нема античките опшества и религии кои што одобрувале хомосексуални бракови, зошто е тоа така :raz:. Падот на Рим во основа е овозможен благодарение на нагризувањето на неговите темели од сексуално девијантните појави како што се хомосексуалноста, педофилијата, промискиутетноста, инцестот, некрофилијата итн итн. Денес гледаме реприза од падот на Рим во запаедноевропското опшество, нема семејство традиционални вредности само себична расипнишност. Затоа кај да е се гледа крајот, само лошо ќе биди затоа што многу деструктивно ќе заврши :toe:.

Ево, да се не мучиш, ко и ја.

...нешто друго, Зенг?
 
Па според ова ти збориш за болест на човекот или за болест на цивилизацијата?
 
Па според ова ти збориш за болест на човекот или за болест на цивилизацијата?
Зенг, дечкото збори. Ја му викам дека греши у терминологија. Кој дел не ти е јасен?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom