Една од најстаромодните работи на светот е семејството. Тоа ја одработи својата работа и повеќе на никого не му е потребно. Всушност во овој момент тоа е појава која најмногу го успорува понатамошниот напредок на човештвото.
Семејството е основна единица на сите нации, држави, цркви, а сето тоа е одвратно.За црквата нема иднина ако исчезне семејството - зошто како ќе ги придобиете сите тие христијани без семејството и неговото условување?Од таа причина семејството мора да престане да постои. Без престанок на неговото постоење одвратниот монструм наречен црква ќе продолжи да постои. Семејството е корен на сите наши нервози.
Семејството го ограничува детето на одредена религиска идеологија, политичка догма, филозофија или теологија.А детето е толку невино што прифаќа се што ќе му се сервира, толку е ранливо што е многу лесно да се експлоатира. Тоа сеуште не може да каже не, тоа нема идеја да може да каже не, а дури и кога би можело да каже, тоа толку зависи од семејството што би можело да се каже дека е апсолутно зависно.Тоа е толку беспомошно, да мора со семејството да се сложи околу секоја глупост која тоа ќе му ја соопшти.Семејството не го потикнува детето да истражува, тоа му дава верувања, а верувањата се отровни. Еднаш кога детето ќе стане оптеретено се некое верување, неговото истражување е осакатено, парализирано, крилата му се потсечени. До моментот кога тоа самото ќе биде способно да истражува, тоа ќе биде веќе толку условено што во секое истражување ќе поаѓа со предрасуди, а истражувањето со предрасуди не е автентично.Вие веќе a priori носите некој заклучок, едноставно само барате докази со кои би ги поткрепиле вашите необјавени заклучоци.Така станувате неспособни да ја откриете вистината.
Секое дете доаѓа на овој свет со огромна интелигенција, но семејството од него прави просечно незанимлива личност, затоа што да се живее со исклучително ителигентно дете е многу напорно.Тоа се сомнева, тоа е скептично, тоа испрашува, непослушно е, бунтовник е - а семејството бара некој послушен, кој е спремен да следи, да имитира. Затоа уште од самиот почеток семето на интелегенцијата мора да се уништи, сосема да биде согорено, како не би останала ни најмала можност за било каков изданок.
99,9 % можат да станат Исус, Буда, Заратустра - се што е потребно е семејството да исчезне. Во спротивно, ќе постојат и Христијани и Муслимани и Хиндуси а ниту еден Исус ниту еден Мухамед, тоа едноставно не ќе биде возможно.Иднината на црквата сигурно зависи од семејството но иднината на човештвото НЕ.
Ако сакаме да ја сочуваме иднината на светот, тогаш сите овие цркви треба да се уништат, затоа што само тогаш човештвото ќе биде единствено. Сите овие религии треба да исчезнат зашто само тогаш човекот ќе може да создаде универзално братство.