1. Comment: Through social acceptance... ...to become or stay homosexuals.
Мал цитат
цел линк.
Buci, ова е
современо толкување на цитати од Багавадгита (Bhagavad Gita) од страна на свештеници од Харе Кришна. Тоа ти е, како да ми кажеш, попот вика дека хомосексуалноста е девијантна појава.
Да не се заебаваме. Нуту станува збор за некоја од Ведите (Rig Veda, Sama Veda, Yajur Veda или Atharva Veda), ниту во некој од цитатите се споменува девијација, ниту, пак, толкувачите некој овде може да ги нарече објективни (попој, се, дечко)
Инаку, цитатот ти е од Упанишадите (Bhagavad Gita) кои обилуваат со интересни приказни (миракулозно прераскажани од авторот на библијата

)
Да не искочи дека се правам многу фраер, bujurun:
http://www.sacred-texts.com/hin/
2. Еве ситуација опшество нема семејство. Нема семејство нема семејна блискост, нема семејна блискост тогаш потенцијална опасност за сексуална блискост, сексуална блискост еднакво на инцест, инцест еднаков на нездрав пород.
Супер ти е
линеарнава логика. Имам и ја една таква:
The more you study, the more you know. The more you know, the more you can forget. The more you can forget, the more you do forget. The more you forget, the less you know. So, why study?
Како што, се надевам, можеш да разбереш од семантички идентичниот пример, станува збор за след од искази од кои секои соседни се можеби логични,
но не и целината.
Досега, читајќи и слушајќи за историјата на човештвото не сум забележал некоја цивилизација да го практикува она што е предмет на темава и уредно елаборирано во воведниот пост. Тоа значи дека секоја од нашите претпоставки ќе остане само претпоставка се додека фактички и не се случи (ако воопшто се случи, нели).
Тешко е човек новините да ги објасни со старите концепти. Мислам дека тоа ти прави проблем околу замислувањето на идното скалило од напредокот на семејството - неговото проширување до заедница на индивидуи кои не се круто ограничени со крвното сродство.
Она што јас го гледам за позитивно во претпоставката на креаторот на темата е дека никој никому нема да му забрани да си го сака детето или да остане со саканиот/саканата. Напротив, сите ќе бидат слободни да го прават
тоа затоа што го сакаат,
а не затоа што се обврзани „додека смртта не не раздели“.
Така, кога некој ќе одлучи дека повеќе не сака да го дели животот со некој друг - ќе може сомирна душа да си замине - така децата нема да страдаат од исфрустрирани и несреќни родители кои се чувствуваат заробени во бракот.
Дали и покрај хомосексуалноста го поддржуваш и инцестот?
Да подсетам инцестот е забранет во христијанството, мнооогу одамна пред науката да ја докажи врската помеѓу кретенизмот и инцестот.
О, боже...
јас го поддржувам правото на секој разумен човек да си го направи сопствениот избор и да одлучува сам за својот живот.
За инцестот...
Луѓето си го забраниле инцестот заради тоа што им станало јасно дека им се раѓаат нерепрезентативни примероци. Ако мислиш дека се плескале со блиските се додека црквата рекла „стоп“ - се лажеш. Како и кај повеќето „свети забрани и дозволи“, така и кај оваа, сигурен сум дека станува збор за исти маневар како и со разводот и она што ќе се случи со геј-браковите.
Религијата е реактивен процес на компајлирање на позитивни практики од минатото, во вид на приказни, метафори и алегории. Тоа е збирка приказни кои го учат човекот да живее подобро и посреќно.
Религија,
во минатото, станувало се она што низ генерациите се покажало како корисно и добро. За жал, поради невидено брзиот технолошки и интелектуален развој на човекот во последниве ~200 години, религијата веќе нема капацитет неприметно да ги инкорпорира новите вредности онака како што порано се случувало, без да останат видливи траги за преуредувањето.
...тоа за религијата... за црквата - тоа е сосем друг муабет....
Вака... само како мамка, забележи ја разликата во тонот помеѓу двата завети. Не ти се некако
сериозно различни по мотиви, стил, режија?!?