Secret Movie Oscar

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Извинување до мојот предложувач, периодов ми беше хаотичен не стигнав да го изгледам во дадениот рок. Ветувам дека утре ќе го погледнам и ќе споделам импресии.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Малку забавено, но не беше заборавено:pipi:

Од мојот Оскар го добив La Strada

Италијански филм од 1954 година на Федерико Фелини. Добитник на Оскар во 1957 за најдобар странски филм и номинација за сценарио.
Ако Петрарка ја имал Лаура, Алигиери ја имал Беатриче, за Фелини тоа била неговата сопруга Џулиета Масина (Герсомина), која има остварено многу улоги во неговите филмови.
Еден длабоко хуманистички филм, кој навистина знае да допре. Една алегорија на животот. Филм со сензибилитет и рафиниран стил, типичен за Фелини како остар критичар и сатиричар на општествените појави.

Станува збор за Зампано (Ентони Квин), уличен забавувач, кој за пари ја купува Герсомина (Џулиета Месина) од нејзината мајка, за да биде негова помошничка и забавувачка. Герсомина е личност со блага ментална ретардација, не зборува многу, ама со своите експресии, емоции, маестрално ја прикажува нежната страна и позитивноста во се околу неа, дури и кога е физички малтретирана. Толку мила и симпатична, колку мека и нежна, толку среќна и тажна во исто време, чаплиновски стил. Патуваат заедно и ги забавуваат луѓето. После едно ненамерно убиство, Герсомина не е во состојба да се помири со тоа што се случи пред нејзините очи. Зампано ја остава сама и си заминува. После неколку години дознава дека...

Започнува со сцена покрај морето и завршува со сцена покрај морето. „Дури и каменот е добар за нешто“. Зампано е телото, а Герсомина е душата.
На прв поглед многу едноставен филм, но преполн со симболика и еден тон емоции.

Ве молам погледнете го филмов. Прекраснотија.

Големо благодарам до предлагачот @grande-juve, ми предложи фантастичен филм, во кој уживав секоја секунда. Ми должиш марамици:icon_mrgr:

П.С. Филмот што го предложив не е гледан :(
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Јас го добив Amadeus (1984)

Презадоволен сум од изборот, зашто добив еден од најлегендарните филмови што земале Оскар за најдобар филм а не верувам дека ќе го гледав во скоро време пошто имам многу други филмови на watchlist, а и period pieces не ми се баш омилени...

Но овој пат скоро и да немам некоја замерка. Одличен филм во секој поглед кој сосема заслужено се наоѓа на сите релевантни листи на најдобри филмови. Одлична приказна, добра режија, одлична костимографија, две легендарни актерски перформанси.

Приказната веројатно добро ја знаете. Биографија на веројатно најголемиот композитор на сите времиња раскажана од перспектива на неговиот најголем ривал Салиери, кој се обвинува себеси за смртта на Моцарт, и приказната ја дознаваме преку неговата исповед пред свештеник кој го посетува во санаториумот во кој е затворен по обидот за самоубиство.

Тука е можеби единствената критика, дека ова по историските факти не е точно, зашто нигде нема доказ дека Салиери му бил ривал на Моцарт, туку напротив, биле и пријатели. Но добро, за цели на филмот ова е многу поинтересен начин да се раскаже приказната, отколку класичен биографски клише стил. Филмот тера на размислување и дискусија. Јас лично додека го гледав три пати сменив став. Прво искрено ми беше жал за Салиери, пошто го сфаќав дека не е лесно по толку труд одеднаш да наиде некој далеку подобар од тебе, кој згора на тоа води начин на живот кој ти е незамислив. Но како забега во злобни и забегани шеми за да му наштети на Моцарт, и кога му ја загрози личната егзистенција и животот, почнав да го презирам и да го поддржувам Моцарт (иако секако знаев дека ќе заврши трагично, пошто знаев и пред филмот дека додека бил жив се борел со финансиски проблеми и умрел сиромашен). На крај на филмот сфаќаш дека и двајцата се трагични фигури и ти е жал за двајцата.

Она што ми е интересно е дека во филмот нема ниту едно големо актерско име. Барем нема огромна холивудска ѕвезда. Со години мислев дека актерот што го игра Моцарт добил Оскар ама уствари бил Ф. Мареј Абрахам кој го игра Салиери. Ете до толку не ми се познати луѓево. Заслужен е Оскарот, иако за мене Том Халс (вака се чита веројатно) имаше позабележлива улога. Гуглав за двајцата, видов дека Абрахам уствари го имам гледано во други филмови, не ми текна дека тој е уствари стариот Мустафа во The Grand Budapest Hotel. Халс гледам многу ретко глумел и се повлекол од актерство уште во 2008 и продолжил со друга кариера како театарски продуцент. Од споредните улоги тука е Синтија Никсон која едвај ја познав пошто тогаш имала 17 години, а императорот го игра директорот на школото на Ферис Бјулер, што малку ми падна смешно.

Извонреден филм кој ми е многу мило што го добив. За ова вредат ваквите теми. Оцена 9,5/10.

Големо фала на мојот таен Оскар. И за филмот, и за убавата порака што ја добив заедно со него. Овој пат многу ме интересира кој е предлагачот па ако не му е проблем може да излезе од сенката и да каже кој е. :)
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Мојот номиниран се уште не го изгледал филмот што му го предложив.
Дали воопшто има совест,се надевам дека барем има одлично оправдување,во спротивно треба да се засрами.
Да даде господ да му падне телефонот и да му се искрши екранот,да му се дупне гума на колата,ако не поседува кола да му се дупне гума на точакот,да го заборави три пинот на дебитната и да ја блокира,да се здебели 10 кила и секс да не види наредниве пет години.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.953
Филм кој ми стои па да не претерам околу 4 години на вочлист и избегнувам да го гледам, но небитно да прејдеме на филмот...

Atonement (2007)

Филм со Кира Најтли и Џејмс Мекавој во главните улоги, придружувани од тогаш младата Сирша Ронан и подоцна Ромола Гараи како 18 годишна Бриони Талис. Во споредните улоги се појавуваат Бенедикт Камбербач и Џуно Темпл.

Дејството се случува во Англија, лето 1935та година, неколку години пред почетокот на WW2.

Сесилија (Кира Најтли) е девојка која потекнува од богато семејство и живее во замок, се враќа дома преку лето после дипломирање на Кембриџ. Од друга страна Роби (Џејмс Мекавој) е сиромашно момче кое исто така дипломирало на Кембриџ, но се вратило преку летото да работи на имотот на семејството Талис. Мајка му работи како слугинка во замокот на семејството Талис, а таткото на Сесилија му дал пари за одење на факултет на Роби, кои тој треба да ги врати.

Бриони Талис (Сирша Ронан) пак е 13 годишно девојче со голем талент за пишување (во реалност Сирша Ронан има 12 години кога глумела во филмот) кое ненамерно видува нешто преку прозорецот и погрешно го толкува, а подоцна случајно чита и едно писмо наменето од Роби за Сесилија. Бидејќи е дете и не разбира доволно, мисли дека Роби е сексуален манијак и го обвинува подоцна за еден настан кој ќе се случи, иако Роби не е виновен. Ова им ги менува животите на сите протагонисти во филмот...

Останатиот дел од филмот е како што вели насловот Покајание...

Остава филмот простор за размислување, веднаш ме потсети на Jagten, само што Jagten е далеку подобар филм.

Искрено мене повеќе ми се допадна првиот дел од филмот отколку вториот, музиката беше одлична и ми се допадна, додека реализацијата на филмот не ми се допадна многу многу...
На моменти беше досаден и сцените од Данкирк беа предолги и непотребни, без никаква суштинска поента, крајот исто максимално патетичен и не ми се допадна...

Нај memorable thing од филмот ќе ми биде Кира Најтли во зелено фустанче, боже жено :ljubove:

Дали е лош филмот? -Не.
Дали е мастерпис? -Не.
Дали е преценет? -Да.
Дали ќе пропуштите многу ако не сте го изгледале? -Дискутабилно.

Од мене 7/10.

Фала на предложувачот секако.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Мене ми се падна
Предлагачот се потрудил за филм од жанрот што најмалце го сакам, ама дефинитивно не беше типичен љубовен филм.

Дејствието се одвива окулу двајца сопружници во подоцнежни години, пензионери. На почетокот на филмот е претставена нивната хармонична врска и секојдневие. Меѓутоа жената добива мозочен удар и тука започнуваат проблемите, како за нејзе така и за мажот кој презема улога на негувател. Маката на двајцата е прикажана прилично детална, би рекол не сум видел нешто слично на филм.
Негативна страна е што целото дејствие во филмот е во безнадежно исчекување. Сепак и покрај тоа што епилогот е прикажан на почеток од филмот, крајот успеа да ме изненади и вознемири.

Добар избор на филм, не зажалив што го изглеав. Малце ме натажи, памтам само 2-3 филма што имале сличен ефект.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Јас го добив Amadeus (1984)

Презадоволен сум од изборот, зашто добив еден од најлегендарните филмови што земале Оскар за најдобар филм а не верувам дека ќе го гледав во скоро време пошто имам многу други филмови на watchlist, а и period pieces не ми се баш омилени...

Но овој пат скоро и да немам некоја замерка. Одличен филм во секој поглед кој сосема заслужено се наоѓа на сите релевантни листи на најдобри филмови. Одлична приказна, добра режија, одлична костимографија, две легендарни актерски перформанси.

Приказната веројатно добро ја знаете. Биографија на веројатно најголемиот композитор на сите времиња раскажана од перспектива на неговиот најголем ривал Салиери, кој се обвинува себеси за смртта на Моцарт, и приказната ја дознаваме преку неговата исповед пред свештеник кој го посетува во санаториумот во кој е затворен по обидот за самоубиство.

Тука е можеби единствената критика, дека ова по историските факти не е точно, зашто нигде нема доказ дека Салиери му бил ривал на Моцарт, туку напротив, биле и пријатели. Но добро, за цели на филмот ова е многу поинтересен начин да се раскаже приказната, отколку класичен биографски клише стил. Филмот тера на размислување и дискусија. Јас лично додека го гледав три пати сменив став. Прво искрено ми беше жал за Салиери, пошто го сфаќав дека не е лесно по толку труд одеднаш да наиде некој далеку подобар од тебе, кој згора на тоа води начин на живот кој ти е незамислив. Но како забега во злобни и забегани шеми за да му наштети на Моцарт, и кога му ја загрози личната егзистенција и животот, почнав да го презирам и да го поддржувам Моцарт (иако секако знаев дека ќе заврши трагично, пошто знаев и пред филмот дека додека бил жив се борел со финансиски проблеми и умрел сиромашен). На крај на филмот сфаќаш дека и двајцата се трагични фигури и ти е жал за двајцата.

Она што ми е интересно е дека во филмот нема ниту едно големо актерско име. Барем нема огромна холивудска ѕвезда. Со години мислев дека актерот што го игра Моцарт добил Оскар ама уствари бил Ф. Мареј Абрахам кој го игра Салиери. Ете до толку не ми се познати луѓево. Заслужен е Оскарот, иако за мене Том Халс (вака се чита веројатно) имаше позабележлива улога. Гуглав за двајцата, видов дека Абрахам уствари го имам гледано во други филмови, не ми текна дека тој е уствари стариот Мустафа во The Grand Budapest Hotel. Халс гледам многу ретко глумел и се повлекол од актерство уште во 2008 и продолжил со друга кариера како театарски продуцент. Од споредните улоги тука е Синтија Никсон која едвај ја познав пошто тогаш имала 17 години, а императорот го игра директорот на школото на Ферис Бјулер, што малку ми падна смешно.

Извонреден филм кој ми е многу мило што го добив. За ова вредат ваквите теми. Оцена 9,5/10.

Големо фала на мојот таен Оскар. И за филмот, и за убавата порака што ја добив заедно со него. Овој пат многу ме интересира кој е предлагачот па ако не му е проблем може да излезе од сенката и да каже кој е. :)
:backa:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.007
Поени од реакции
55.271
Shoeshine (1946)

Филмов со апсолутно ништо не ме привлече да го изгледам порано. Плус, од Виторио де Сика претходно имав изгледано 3 филмови од кои 2 се со Софија Лорен од лани кога се занимавав со госпоѓата наполитанка и едниот е Bicycle Thieves кој ич не ми се свиѓаше а кружи низ интернетов као нешто кујзне што да е. Сите 3 филмови ми беа подпросек и мех. Ајде од тие 2 бар Софија Лорен ја гледав ако ништо друго. Овој со ништо не отстапува од нив, дури може и поглуп да е.

Тука се работи за 2 момчиња кои чистејќи кондури собираат пари за да си купат коњ. Во игра влагаат едни криминалци, па после децава ги апсат ради кражба, па ги носат у дом па бла бла и бла бла и бла бла бла.

Не обожавам стари црно бели филмови, глупи ми се, не ме допираат, ништо не се гледа, све ми е конфузно, не ги разликувам ликовите, тапа ми е глумата, неам ниедна позитивна ствар за вакви библиски филмови. Со чест на исклучоци секако, мада и тие се ретки, ама стварно не глеам ништо добро во вакви филмови снимени пред 800 години.

На летербокс никој го нема гледано филмов а у пораката кај гранде стои ова:
За Filip Telford
Почнав да барам филм по твој вкус, но гледам многу контрадикторни оценки за филмовите.
Така што еве еден со еден оскар и со една номинација, ако ништо друго барем не е долг.


Не знам кај си гледал/а мои оценки ама кај и да се, убаво се гледа дека на прсти се бројат стари филмови на кои сум им дал висока оценка и некако сум дал до знаење дека ми се свиѓаат. Баш напротив, секогаш сум зборел дека тешко се одлучувам за стар филм ако не е потпишан од Алфред Хичкок.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
@Corvus спремај левел 4
Спремна е! :love:

 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
И мојот период беше и е таков како на Ултра, па уште кога ќе ми текне што филм добив (Кум 1) ни на крај памет не ми паѓаше да цепам 3 саати на филм. Му се извинувам на мојот предложувач, ама овој пат морам да кикснам, со тоа што ќе направам и јас едно ЏонтраВолтовско ветување дека во престојните месеци ќе го изгледам филмот и ќе напишам рецензија.
Се надевам дека не те разочарав премногу предложувачу, добро дејче сум инаку. :pipi:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Na kratko

Driving Miss Daisy

Staro drtalo - THE MOVIE

Nisto posebno, spor film, ovoj ja vozi, ovaa dosaga.
А ние кога низ Велеса града ке се возиме со @Anon и @Shawn Spencer и ке си пееме у кола
Kad se vozimo sve je tako dobro
Kad se vozimo i ne žurimo nigde samo kružimo
Samo nam je bitno da se vozimo i ništa nije važno

:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom