- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.536
- Поени од реакции
- 29.100
Извинување до мојот предложувач, периодов ми беше хаотичен не стигнав да го изгледам во дадениот рок. Ветувам дека утре ќе го погледнам и ќе споделам импресии.
Јас го добив Amadeus (1984)
Презадоволен сум од изборот, зашто добив еден од најлегендарните филмови што земале Оскар за најдобар филм а не верувам дека ќе го гледав во скоро време пошто имам многу други филмови на watchlist, а и period pieces не ми се баш омилени...
Но овој пат скоро и да немам некоја замерка. Одличен филм во секој поглед кој сосема заслужено се наоѓа на сите релевантни листи на најдобри филмови. Одлична приказна, добра режија, одлична костимографија, две легендарни актерски перформанси.
Приказната веројатно добро ја знаете. Биографија на веројатно најголемиот композитор на сите времиња раскажана од перспектива на неговиот најголем ривал Салиери, кој се обвинува себеси за смртта на Моцарт, и приказната ја дознаваме преку неговата исповед пред свештеник кој го посетува во санаториумот во кој е затворен по обидот за самоубиство.
Тука е можеби единствената критика, дека ова по историските факти не е точно, зашто нигде нема доказ дека Салиери му бил ривал на Моцарт, туку напротив, биле и пријатели. Но добро, за цели на филмот ова е многу поинтересен начин да се раскаже приказната, отколку класичен биографски клише стил. Филмот тера на размислување и дискусија. Јас лично додека го гледав три пати сменив став. Прво искрено ми беше жал за Салиери, пошто го сфаќав дека не е лесно по толку труд одеднаш да наиде некој далеку подобар од тебе, кој згора на тоа води начин на живот кој ти е незамислив. Но како забега во злобни и забегани шеми за да му наштети на Моцарт, и кога му ја загрози личната егзистенција и животот, почнав да го презирам и да го поддржувам Моцарт (иако секако знаев дека ќе заврши трагично, пошто знаев и пред филмот дека додека бил жив се борел со финансиски проблеми и умрел сиромашен). На крај на филмот сфаќаш дека и двајцата се трагични фигури и ти е жал за двајцата.
Она што ми е интересно е дека во филмот нема ниту едно големо актерско име. Барем нема огромна холивудска ѕвезда. Со години мислев дека актерот што го игра Моцарт добил Оскар ама уствари бил Ф. Мареј Абрахам кој го игра Салиери. Ете до толку не ми се познати луѓево. Заслужен е Оскарот, иако за мене Том Халс (вака се чита веројатно) имаше позабележлива улога. Гуглав за двајцата, видов дека Абрахам уствари го имам гледано во други филмови, не ми текна дека тој е уствари стариот Мустафа во The Grand Budapest Hotel. Халс гледам многу ретко глумел и се повлекол од актерство уште во 2008 и продолжил со друга кариера како театарски продуцент. Од споредните улоги тука е Синтија Никсон која едвај ја познав пошто тогаш имала 17 години, а императорот го игра директорот на школото на Ферис Бјулер, што малку ми падна смешно.
Извонреден филм кој ми е многу мило што го добив. За ова вредат ваквите теми. Оцена 9,5/10.
Големо фала на мојот таен Оскар. И за филмот, и за убавата порака што ја добив заедно со него. Овој пат многу ме интересира кој е предлагачот па ако не му е проблем може да излезе од сенката и да каже кој е.
Спремна е!@Corvus спремај левел 4
А ние кога низ Велеса града ке се возиме со @Anon и @Shawn Spencer и ке си пееме у колаNa kratko
Driving Miss Daisy
Staro drtalo - THE MOVIE
Nisto posebno, spor film, ovoj ja vozi, ovaa dosaga.