Secret Movie Oscar

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.890
Поени од реакции
6.165
Јас го добив за предлог Les Misérables. Знам дека тешко е некој да ми предложи оскаровски филм, посебно од последните години пошто повеќето ми се изгледани, а Les Misérables беше еден од тие неизгледани баш со причина затоа што знаев дека нема да ми се допадне.
Мјузиклите не се мојата омилена страна и го одбегнував филмов доста долго време. Сега кога дојде на ред, ми се потврди мислењето дека сепак не е за мене.
Од позитивните аспекти при гледањето ми беше секако сценографијата, костимографијата и глумата кои беа на врвно ниво. Иако понекогаш филмот ми даваше чувство како да сум дел од театарска претстава, ми се допадна како беше изведен од визуелен аспект.

Ќе цитирам еден коментар од Летербокс кој ја опишува мојата состојба при гледањето:
"I wouldn't say I 'watched' Les Misérables. I kind of just sat in front of it and waited. And waited. And waited."

Му благодарам на предлагачот за филмот, и иако моето мислење ми е "непопуларно", сепак е филм кој треба да се изгледа, а којзнае кога ќе го изгледав да не беше оваа прилика.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.558
A Beautiful Mind (2001)

frO9t1OcjlrTW.gif briefearlydogwoodclubgall-size_restricted.gif

аааааааа повторно бјонс е изненаџена, но не и увреџена од предлогот со мојот омилен глумец Russell Crowe, не дека му личеше улогата на спротивен стил од варварин како го обожавам кога глуми, но и ова улога доста тешка да се долови преоптоварување на мозокот од бројки и доведување до некоја шизофренија што преставува многу тешка задача за главна улога, а посебно што преставува биографска драма за животниот тек на америчкиот математичар John Nash Нобеловец за економија и добитник на Abel Prize.

UgI6.gif

...инаку поради должината на филмот, а моја зафатеност никако не можев во еден здив да го догледам, па го терав три дена тие 2h 15m аксија на филмот. Инаку стравот од руски напад, пропаганда од Пентагон кај некои луѓе им се вржа неоправдан страв што ете понекогаш доведува до халуцинации што биле толку реални за експертот по математика што целиот негов живот добил чуден тек,

1648056922162.png

неговото безуспешно лечење и голем труд да целиот тој непостоечки паралелен свет го контролира како нереално,

qbRBGOl.gif

испреплетено со силната љубовна поврзаност на негова студентка која како негова жена останала верна до крај и покрај тешките еписоди на нејзиниот маж што дури загрижувачки опасно делувало и кон безбедноста на нивниот заеднички син.

1915081471-abeautifulmind.gif

... како и да е одсекогаш мислев дека математичарите се нешто посебни карактери, малку чудни, можеби малку аутистични, изолирани во својот свет на бројки и решавање на равенки и проблеми!

1364581956-tumblr_m4ofntFc4R1r3e62yo1_500.gif


уште еден добар филм, ceca-raznatovic-naklon.gif благодарам за изборот!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Rabbit Hole (2010)

Ова е драма за справувањето на еден брачен пар со загубата на нивното дете, а подоцна и соочување со момчето кое го управувало возилото во несреќата во која загинало детето. Филмов не беше досаден, но не беше ни нешто посебно добар. Сѐ се вртеше околу главните ликови кои се трудат да направат сѐ што треба за нормално да продолжат со животите. На крај се соочија со стравот, се променија и го прифатија неминовното.
Драматуршки гледано сѐ си беше како треба, но емоционално цело време беше права линија. Ми излгедаше како драмине на Холмарк, евентуално продукциски едно скалило погоре од тој стандард.

Со оглед дека е оскаровска тема, баш се заинтересирав да видам како дошол во таква комбинација. Испадна една номинација за Никол Кидман за најдобра улога. И тоа многу ѝ било.

Во секој случај благодарност за предложувачот. Не е дека не го бендисав, но сам не би го одбрал за гледање.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.150
Поени од реакции
2.729
Јас го добив My Left Foot: The Story of Christy Brown.
Искрено прв пат слушнав за филмот сега. Прво ми беше тешко да почнам да го гледам зошто беше од 1989 година, ама видов дека бил со господинот Даниел Деј Луис и му дадов шанса (извини чичко Оскар). Мислев ќе ми биде напорно да го гледам, ама лесно одеше. Даниел одглуми перфектно и пред да гуглам кој освоил оскар овде, претпоставив дека бил он. Тешко е бе да ги глумиш тие потези на церебрална парализа. Ама ме одбиваше оваа DhwvBVWW0AA3FjQ.jpg
Ај што не ја сакам од Killing Eve, ама иста млада Меркел 59780751_303.jpg
Инаку во филмот се работи за момче кое боледува од церебрална парализа и почнува да ја користи левата нога за пишување, а подоцна и за цртање и ќе има сопствена изложба. Филм за тоа дека иако си хендикепиран, можеш да успееш во нешто наместо да се сожалуваш и да чекаш да ти помине животот. И да си најдеш сродна душа. Фала чичко Оскар за предлогот.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Даниел одглуми перфектно и пред да гуглам кој освоил оскар овде, претпоставив дека бил он.
Треба да ти се каже дека све што си гледал на филмот, така било и во приватниот живот на ДДЛ додека траело снимањето и предпродукцијата или знаеш за каков вонсериски ѕвер станува збор? :D

Царот научил да јаде со нога и живеел во инвалидска количка.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.150
Поени од реакции
2.729
Треба да ти се каже дека све што си гледал на филмот, така било и во приватниот живот на ДДЛ додека траело снимањето и предпродукцијата или знаеш за каков вонсериски ѕвер станува збор? :D

Царот научил да јаде со нога и живеел во инвалидска количка.
Дефинитивно не сум го знаел ова:eek:
Уште не сум седнал да прогуглам повеќе за филмот. Се разочарав по последната сцена зошто не пишуваше нешто повеќе за Кристи Браун. Само дека се оженил. А многу сакам да ги читам тие текстови на крајот што како се случувало понатака.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дефинитивно не сум го знаел ова:eek:
Уште не сум седнал да прогуглам повеќе за филмот. Се разочарав по последната сцена зошто не пишуваше нешто повеќе за Кристи Браун. Само дека се оженил. А многу сакам да ги читам тие текстови на крајот што како се случувало понатака.
Филм може да се сними за сите подвизи на Даниел Деј Луис. :D
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.150
Поени од реакции
2.729
Филм може да се сними за сите подвизи на Даниел Деј Луис. :D
Сега читав на википедија за него :D Знаев дека е одличен актер, само немав претстава дека ретко сним филмови. Иначе со години се спремам да го гледам Линколн и никако да се нафатам:facepalm:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
This is Chicago, kid.
You can't beat fresh blood on the walls

Мојот Дедо Оскар убава домашна работа си завршил. Или ме има манијачено низ цел Филм и Тв, Драга Кајгана, Денов звучи како (убиство од прв степен)..., Летербокс, па дури и на Фејсбук имав кавер од филмов. Или. Несакајќи му се има потрефено филм кој што вреска Корвус погласно од било кој филм. Во секој случај ми ласка овој избор, ти благодарам. Иако ми е гледан, и репризата убаво ми легна. Убав избор особено и што двете главни мартовски теми беа вклучени: филм за жени и филм со еден куп оскари.

Чикаго е повеќе од филм. Иако ретко се зборува за него денес, 20 години по неговата премиера како некаков императив во жанрот и во филмската уметност воопшто. Претставува еден од најуспешните мјзикли воопшто излезени, и сеуште памтам колку беше популарен годината кога излезе. СИТЕ зборуваа за Чикаго. Она што е Ла Ла Ланд за филмската индустрија, тоа е Чикаго за шоубизнисот. Сместен во 20тите години на минатиот век, во период што претпоставувам е пикот на roaring twenties, преставува прослава и омаж на кабарето, џезот, ентертејнмент културата и нормално шоубизнисот. Филмот е изграден на релативно едноставна приказна која има праволиниски тек, и иако служи како основа за музичките точки, воопшто тоа не се чувствува, во Чикаго музиката и плотот се надополнуваат во совршена хармонија.


Велма Кели за мене е дефинирачката улога на Кетрин Зета Џонс, она што е Бриџит Џонс за Рене Зелвегер. Кога сме тука кај Рене Зелвегер не можам а да не искоментирам дека уште од првиот пат кога го гледав филмов ми беше мискаст во улогата на Рокси Харт. Тоа е единстеваната замерка што ја имам за филмот, но е релативно голема замерка зашто Рене тука има главна улога, но за мене засекогаш носител на филмов ќе биде Зета Џонс која е измислена за ликот што го глумеше. Ричард Гир си е Ричард Гир, одглми на ниво, ликот одлично му стоеше, Дамблдор нека се заблагодари на сите светци што не му се падна мојот предложувач нему.

Овој филм можеби е филм со најмногу штиклирани квадратчиња за мене лично со оглед на темата што ја обработува, начинот на кој што ја обработува, типот на нарација, стилот, сетингот, идејата, естетиката, и уште мал милион повеќе или помалку важни елементи на она што претставува филмот како медиум. Огромна препорака за сите што уживаат во сите или некои од работите што ги наведов во рецензијата и уште еднаш фала за предложувачот, кој освен што ми пружи прилика да го репризирам, исто така ми даде повод и да го искажам мојот неизмерен апрешиејшн за тоа што претставува Чикаго во филмската индустрија и пошироко.


9/10


И секако, рецензијата би била некомплетна без оваа сцена :love:



 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Quo vadis, Aida?

1648741932544.png

Беше актуелен лани, симнат ми беше и никако да го пуштам, па таман се погоди сеа.
Номиниран за најдобар странски филм, филм за војна, тешка тема, секогаш се тешки вакви филмови да се натераш да ги пуштиш, ама затоа знаат убаво да дрмаат.
Така беше и во случајов. Аида е официјален преведувач за еден Холандски контингент во Сребреница во моментите кога Србите навлегуваат во гратчето. Паралелно ја гледаме нејзината пожртвуваност и напори да си го заштити семејството и од друга страна последиците општо од една војна. Немаше експлицитни сцени но имаше тешки сцени за гледање и генерално многу добро беше доловена поентата.

Глумицата која ја играше Аида одлично си ја заврши работата и општо добра беше од сите глумата.
Ко некој мал минус ми се некои сцени каде се чувствуваше дека се снимени за филм, за разлика од некои други каде што мислиш дека е снимано баш додека трае војна.

Сѐ на сѐ, многу добар, 8/10 и фала на мојот предложувач кој не сакаше да оди преку назначениот посредник Корвус, туку директно ми кажа дека мене треба да ми даде филм :D


Јас поради убави обврски нема да можам периодов да бидам сикрет координатор. Планирав за Април да си предлагаме комедии. Ако има интерес колешката @Corvus е спремна да преземе, иако според бројот на неизгледани филмови изгледа се губи желбата.
10 сеуште немаат пишано, а денес е последниот ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom