Secret Movie Oscar

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249

Благодарност до мојот Оскар што ми го додели филмов.
Се работи за Италијански филм од 1977 со главна улога на Софиа Лорен и некојси Марсело Матроиани.
Дејството се случува на денот кога Хитлер доаѓа во посета на Рим и Мусолини и додека сите граѓани се на парадата се случува необично пријателство/романса помеѓу несреќна сопруга и мајка на шест деца и нејзиниот комшија антифашист и хомосексуалец во време кога владее диктатура.
Дејството воглавно се случува во апартманот на Софиа Лорен и во апартманот на комшијата и иако е снимен пред 45 години изненаден сум од одличното движење на камерата иако на моменти се приметува големо тресење на сликата сепак режисерот имал одлична визија како да го сними филмот.
Дејството се одвива споро и темата на филмот е едноставна но сепак многу комплексна и приказната е за едно друго поинакво време и затоа уживав во филмот.
Оценка 7/10.
rofl, на кој му текна за филмов да ми је знати...
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
rofl, на кој му текна за филмов да ми је знати...
Мене. Зошто?

Тој викенд играа Наполи-Милан иначе а Софија Лорен е позната наполитанка и фан на Наполи. Викам ај малце ќе го закачам Сашко пошто очекувавме да тепа Наполи, арно ама тепаше Милан и сеа ќе освојат титула. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Уште кога @grande-juve одлучи третиов secret-некој да биде Оскар, знаев дека на кој и да му се паднам, ќе му биде тешко да ми најде филм што не сум го гледал, зашто од 1985 до денес ги имам гледано сите до еден номинирани за Оскар за најдобар филм, поголем дел од странските, и 90% од тие номинирани за режија, актери и сл. Единствено, си мислев, ако не ми се падне мојот secret-Оскар да биде баш @grande-juve , зашто тој ќе ми најде некој кул филм од пред 40+ години за кој можеби не сум ни слушнал...

...but...

...Баш @grande-juve ми се падна! И он, место да најде некој таков филм, што верувам би му било полесно, успеал (со тешки маки) да ми најде филм од 2011 година кој го немам гледано! :aplauz: Единствената номинација која овој филм ја имал била за главна машка улога, па така тој е еден од оние 10% од тие категории кои не ми се гледани. Е сега, интересно е тоа што јас не се сеќавам ни дека сум слушнал за филмов од претходно, иако ми бил во watchlist. Инаку, филмот е:

A Better Life

Е сега, за да ми врати за тоа што го намачив да ми најде филм, тој ми најде таков филм што ме намачи да го најдам! :pos: Значи точно 11 различни торенти пробав - кој не ни почнува да се симнува, кој ќе почнеше, па ќе заглавеше на средина, еден стигна до 99,7% и после тоа цела недела не мрдна... Едвај, вчера, конечно успеа да се симне еден! Затоа толку доцнам со гледање на филмов. Инаку, сосема солиден филм, може дури и повеќе од тоа. Морам да го споредам со Blue Bayou, зашто мотивот е речиси идентичен, но додека Blue Bayou ме измести од место, ми влезе под кожа и ме расплака ко мало дете, овде ми фалеа такви емоции. Којзнае, може дека имам омикрончиња во мене, па покрај сите симптоми мозоков не дава и да се расплачам, или може стварно не беше до таа мера емотивен. Тоа никогаш нема да го дознаам. Знам само дека уживав во филмот: актерот кој го глуми таткото навистина си ја заслужил номинацијата за Оскар (прв пат слушам за човеков, инаку), ми се допадна приказната за bonding-от меѓу таткото и синот иако на моменти делуваше клишеизирано, ми се допаднаа пораките кои филмов ги прикажа за кои не би пишувал нешто зашто малку cringy звучат, кога ќе се обидам... Се на се - убав филм, кој ќе ми остане во сеќавање. 8/10

За сите кои го имаат гледано, а и за тие што ќе ги заинтересира и ќе го гледаат, препорака - ѕирнете го и Blue Bayou отпосле. И приберете си марамчиња покрај вас.

Фала за филмот, @grande-juve . (y)
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.462
Поени од реакции
3.601
Ќе се мачиш да му најдеш филм што ти се допаднал, а да не го има гледано (се има гледано), a воедно да му го погодиш вкусот и он на крај ќе го пофали јуве :place:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
a better life и на torrentleech и на iptorents го има со доволни сидери, ама ете малиот се мучел да го најде, која естетика на тета тој убавиот
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Мене ми беше предложен Ничија земја, No Man's Land
8/10
Квалитно филмче. Мислев дека на крајот ќе се случи нешто како во Естонскиот / Грузискиот Tangerines ама ништо. Очекував некој посреќен крај, ама ништо.
Интересни беа ликовите и одлично одглумија. Низ повеќе дијалози ни покажаа хумор за време на војна и ни ја покажаа иронијата на војната.
Фала на предложувачот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Ќе се мачиш да му најдеш филм што ти се допаднал, а да не го има гледано (се има гледано), a воедно да му го погодиш вкусот и он на крај ќе го пофали јуве :place:
Sorry. :( Никогаш немаше да погодам. 99,99% бев сигурен дека е гранде. Фала ти за предлогот, во секој случај. :love:

a better life и на torrentleech и на iptorents го има со доволни сидери, ама ете малиот се мучел да го најде, која естетика на тета тој убавиот
Ај пробај да ги симнеш да те видам, паметњаковиќу.

Среќа уште не му вовеле санкции на rutracker.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Sorry. :( Никогаш немаше да погодам. 99,99% бев сигурен дека е гранде. Фала ти за предлогот, во секој случај. :love:


Ај пробај да ги симнеш да те видам, паметњаковиќу.

Среќа уште не му вовеле санкции на rutracker.

1647944255129.png
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене ми беше предложен Ничија земја, No Man's Land
8/10
Квалитно филмче. Мислев дека на крајот ќе се случи нешто како во Естонскиот / Грузискиот Tangerines ама ништо. Очекував некој посреќен крај, ама ништо.
Интересни беа ликовите и одлично одглумија. Низ повеќе дијалози ни покажаа хумор за време на војна и ни ја покажаа иронијата на војната.
Фала на предложувачот.
И, ко је почео рат? :D

Една од најсмешните сцени од балканскиве филмови. Ма само му вичи јес јес :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom