Во Три од вчера се на акција, Дамблдор го стави каталогот горе, ама не знам зошто не се ставени на самиот каталог.
Неколку инструкции и мои препораки.
Прво, не се мачете со Дебар Маало, во ГТЦ го имате изборот, во дебармаалската воопшто немаат тврд повез и изборот е помал. Приоритет за купување, барем по мене:
1. 5 за 500 од Ѕвезди на светска книжевност во тврд повез
Нема голем избор има 7-8 наслови, ама може да се комплетира една 5-ка. Ако се мислите што да исфрлите од комбинација, Бабељ треба да ви биде прва опција. Комунистички писател од СССР доба, не дека е лош ама не е нешто посебно, не знам воопшто со што заслужил да влезе во оваа едиција на светска книжевност.
Ова ви е најдобрата комбинација и улов, со еден исклучок што ќе го наведам подолу.
2. 5 за 500 од Ѕвезди на светска книжевност во мек повез
Тука имате поголем избор. Ако не ви сметаат меките корици имате 5 книги од оваа едиција на светски класици за 500 денари, а имате и повеќе комбинаторики.
3. 5 за 500 обични книги
Нема многу наслови, ама може 1-2 добри комбинации да се склопат.
4. 3 за 500 од Ѕвезди на светска книжевност во тврд повез
По кој основ им е направена поделбата едни книги од ѕвездите на светска книжевност да се 5 за 500 а други 3 за 500 не знам, ама тука има поголем избор отколку во насловите што се 5 за 500. Околу десетина плус различни наслови беа така што сигурно ќе имате 4-5 комбинации ако сакате сите да ги купите. Моја логика е прво најдебелите затоа што покасно ако ги барате од други места повеќе пари ќе ви бараат за нив заради страниците. Вака кога акцијата е 3 за 500 без оглед на страници, јас барем тоа го користам.
5. 3 за 500 обични книги
Најдобриот улов за мене лежи тука, а тоа е книгата на Роберто Болањо "2666". Книгата ја немам прочитано, но имам читано рецензии и цената од 166.66 денари колку што излегува е криминална и ова го кажува човек кој ретко кога е задоволен со попусти колку и да се ниски и постојано мрчи на таа тема. 2666 има над 1000 страни, да ја дигнете рака ќе ви падне, има да се изначитате долго време. Колку за тизер ќе ви цитирам што великанот Стивен Кинг има изјавено за книгата:
This surreal novel can't be described; it has to be experienced in all its crazed glory.
Другите 2 со која ќе ја комбинирате се помалце битни. Сооднос цена/квалитет за 2666 е вистински грабеж во корист на купувачот, нешто што екстремно се поретко се начекува како што интересот за книги расте низ годините.
Не знам уште колку примероци имаат во ГТЦ беа 3, во Дебар Маало 3-4 изложени, не знам по магацини како стојат ама ќе биде штета да се испушти и да не биде купена од "наши" деца.
6. Книги за 50 и 100 денари
Разгледајте им ги централните полици во средина на книжарата има уште 5-6 книги што се по 99 денари ако ви фатат око. Тие не мора да се комбинираат, значи една по една може да ги купувате. Има едно скриено катче десно од влезот на едно 3 метра стојат две дрвени кутии кои лесно може да ги промашите оти не им се ставени во преден план. Едната кутија е книги од 50 а другата од 100 денари. Нема огромен избор ама се наоѓаат некои македонски писатели и нешто помалку странски. Во тие кутии ја имате и Тунел од Сабато еден само примерок, малце е скината 95-та страна, ама се јаде. Моја препорака тука е Амстердам за 50 денари.
Не е се ставено во каталогот, затоа ви препорачувам да си одите со време пред да ги издигаат. Ако сте со ограничен буџет до 1000-ка и се мислите што да земете, Болањо 2666 со 2 други за 500 и 5 за 500 од ѕвездите со тврди повез и вадите максимум литература и естетика за парите. Над тој буџет 5 за 500 од ѕвездите во мек повез.
Од мене толку, среќен лов, па сликнете и пишете искуства.