Саем на книгата

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.139
Премногу се покачени цените на книгите.
Барем да имаат квалитет... ја отвараш книгата, читаш и потоа за на полица ќе може само ако ја ставиш помеѓу 2 масивни книги со тврди корици,
или ако ти е преполна полицата па книгата да може да стои затворена...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
 
J

joli1

Гостин
Новата на Џордан Питерсон обавезна, а и старата ако ја немате пројдено.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.021
Поени од реакции
24.588
Каде, како, кога?
Во Три од вчера се на акција, Дамблдор го стави каталогот горе, ама не знам зошто не се ставени на самиот каталог.

Неколку инструкции и мои препораки.

Прво, не се мачете со Дебар Маало, во ГТЦ го имате изборот, во дебармаалската воопшто немаат тврд повез и изборот е помал. Приоритет за купување, барем по мене:

1. 5 за 500 од Ѕвезди на светска книжевност во тврд повез

Нема голем избор има 7-8 наслови, ама може да се комплетира една 5-ка. Ако се мислите што да исфрлите од комбинација, Бабељ треба да ви биде прва опција. Комунистички писател од СССР доба, не дека е лош ама не е нешто посебно, не знам воопшто со што заслужил да влезе во оваа едиција на светска книжевност.

Ова ви е најдобрата комбинација и улов, со еден исклучок што ќе го наведам подолу.

2. 5 за 500 од Ѕвезди на светска книжевност во мек повез

Тука имате поголем избор. Ако не ви сметаат меките корици имате 5 книги од оваа едиција на светски класици за 500 денари, а имате и повеќе комбинаторики.

3. 5 за 500 обични книги

Нема многу наслови, ама може 1-2 добри комбинации да се склопат.

4. 3 за 500 од Ѕвезди на светска книжевност во тврд повез

По кој основ им е направена поделбата едни книги од ѕвездите на светска книжевност да се 5 за 500 а други 3 за 500 не знам, ама тука има поголем избор отколку во насловите што се 5 за 500. Околу десетина плус различни наслови беа така што сигурно ќе имате 4-5 комбинации ако сакате сите да ги купите. Моја логика е прво најдебелите затоа што покасно ако ги барате од други места повеќе пари ќе ви бараат за нив заради страниците. Вака кога акцијата е 3 за 500 без оглед на страници, јас барем тоа го користам.

5. 3 за 500 обични книги

Најдобриот улов за мене лежи тука, а тоа е книгата на Роберто Болањо "2666". Книгата ја немам прочитано, но имам читано рецензии и цената од 166.66 денари колку што излегува е криминална и ова го кажува човек кој ретко кога е задоволен со попусти колку и да се ниски и постојано мрчи на таа тема. 2666 има над 1000 страни, да ја дигнете рака ќе ви падне, има да се изначитате долго време. Колку за тизер ќе ви цитирам што великанот Стивен Кинг има изјавено за книгата:

This surreal novel can't be described; it has to be experienced in all its crazed glory.

Другите 2 со која ќе ја комбинирате се помалце битни. Сооднос цена/квалитет за 2666 е вистински грабеж во корист на купувачот, нешто што екстремно се поретко се начекува како што интересот за книги расте низ годините.

Не знам уште колку примероци имаат во ГТЦ беа 3, во Дебар Маало 3-4 изложени, не знам по магацини како стојат ама ќе биде штета да се испушти и да не биде купена од "наши" деца.

6. Книги за 50 и 100 денари

Разгледајте им ги централните полици во средина на книжарата има уште 5-6 книги што се по 99 денари ако ви фатат око. Тие не мора да се комбинираат, значи една по една може да ги купувате. Има едно скриено катче десно од влезот на едно 3 метра стојат две дрвени кутии кои лесно може да ги промашите оти не им се ставени во преден план. Едната кутија е книги од 50 а другата од 100 денари. Нема огромен избор ама се наоѓаат некои македонски писатели и нешто помалку странски. Во тие кутии ја имате и Тунел од Сабато еден само примерок, малце е скината 95-та страна, ама се јаде. Моја препорака тука е Амстердам за 50 денари.

Не е се ставено во каталогот, затоа ви препорачувам да си одите со време пред да ги издигаат. Ако сте со ограничен буџет до 1000-ка и се мислите што да земете, Болањо 2666 со 2 други за 500 и 5 за 500 од ѕвездите со тврди повез и вадите максимум литература и естетика за парите. Над тој буџет 5 за 500 од ѕвездите во мек повез.

Од мене толку, среќен лов, па сликнете и пишете искуства.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Брат, ја имам "Небесни тела" и никогаш нема да ја прочитам. Дај сеа и ти со ова "најдебелите". :D Земи тоа што планираш да го прочиташ.

"Што кажува секое тело" ќе си земам и некоја комбинација од класици. Но не знам што имаат од класици на попуст. Quo vadis, пример!? Бил некој да види?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.021
Поени од реакции
24.588
Брат, ја имам "Небесни тела" и никогаш нема да ја прочитам. Дај сеа и ти со ова "најдебелите". :D Земи тоа што планираш да го прочиташ.

"Што кажува секое тело" ќе си земам и некоја комбинација од класици. Но не знам што имаат од класици на попуст. Quo vadis, пример!? Бил некој да види?
Кажувам зошто јас лично така правам, што не значи дека секој таа логика ја претпочита. Пишав со првична помисла дека гледам и други луѓе кои поактивно купуваат повеќе наслови и не застануваат на мала цифра. Кај мене одамна е надмината границата на "земи тоа што планираш да го прочиташ" :D. Не ми текна да штракнам некоја слика и да ја ставам тука за да можат да се видат и тие наслови што ги нема на каталогот, ќе оставиме на гледачите сами да го сторат тоа.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.126
Слабо некако избор, дали ги прибрале позвучните наслови, дали само мал извор наслови имаа, не знам.

Знам само дека се педери пошто имаа уште наслови со дебели корици од ѕвездиве што не влегуваа во акцијата. :D

Vanity Fair е звучен наслов во книжевноста, ќе видиме како ќе ми се бендиса. Една филмска адаптација еднаш фатив, мислам со Рис Витерспун беше, интересно делуваше.

Строго контролирани возови го зедов зашто знам дека има филмска верзија исто така.

А Лорка, чисто ради тоа што му ја имам Bodas de sangre на шпански, па кога ќе ја читам на шпански, да ѕиркам во преводов то што нема да сфатам. :)

20210623_204155.jpg
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.021
Поени од реакции
24.588
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.126
Стокомак
Свила од Барико за 169 ден.
Чернобилска молитва 199 ден.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Стокомак
Свила од Барико за 169 ден.
Чернобилска молитва 199 ден.
Ги видов попустиве на фејсбук и си мислам кога ли дојде време да пазарам книга во Стокомак заедно со големиот пакет плазма, бричаш за во кујна, color catcher за алишта и секако мојот омилен Стокомак производ - гумени бомбони со гратис канцер. Животиште :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom