Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Откако го напишав постот претпоставив дека се си имаш педантно здиплено, знам дека кај тебе нема грешка и кога бараш знаеш што бараш :)

Јас не сум толку насочен во детали, и ете, сум се изгорел 2-3 пати и од „ѕвездите“ гледам да сум што понастрана.

Мојата перцепција е многу просто развиена и вели - Табернакул, Бегемот и Блесок се најдобри, Магор и Антолог се така-така, од другите не земај. :D
И вака функционирам, малку примитивно...
Генерално добар ти е редоследот. Плус Македонска реч/Македоника литера би ги додал тука. На прво место секако се Георги Сталев, Гане Тодоровски, Душан Томовски, Михаил Петрушевски и Драги Михајловски.

Мене ме нервира кога не означуваат дека се работи за посреден превод или меѓуоригинал, после чуди се зошто е збор по збор преведувано. И така се препознаваат шалабајзерски издавачи...
 
Дали Фросе ќе биде повторно таму? :rolleyes: И до кога е саемот?

Инаку сум пишал и порано за Куфер за тројца, подобро земи ги флаерите од АМЦ Компјутери наместо тоа :D

@Shepard Fairey мислам дека си требал да одиш со изданието на Табернакул на Куцкамен, овие што се Ѕвезди на светската книжевност се малку килави во преводите, јас од неколку изданија што сум имал прилика да ги прочитам сум разочаран, ајде да се надеваме дека токму тој превод е добар.
Јас случајно ја сретнав, не беше на нечиј штанд. Во вторникот беше на штандот на Култура, а денес од 13-15 е на штандот на Или Или. Саемот е до понеделник.

Инаку, нема да можам да одам денеска, па така - ништо од Куфер за тројца, Невидливи љубови и Додека Данте спие.
 
Бев, видов. Нешто и купив, ама не се залетав многу. Она што ме интересираше или на саемот го немаше или беше прескапо, односно може да се најде и поевтино. А по нешто веќе имам. Како и другите саеми последниве години и овој не е ништо посебно. Некои издавачки куќи и нивни изданија се ОК, некои не се. Сепак, одредени изданија ме напнаа - во една книга, ако добро го памтам насловот, Стара хебрејска книжевност, составувачот се обидува да протури делови од Библијата, што во основа не е голем грев, ама се надевав на нешто „поексклузивно“ не на делови од книга што повеќето читатели поради една или друга причина ја имаат дома.
Темплум издале басни од Е. Бирс (кој ми е еден од поомилените американски писатели) и во преводот ги нема оние грешки кои се најкарактеристични за нашиве преведувачи. Ама затоа, колку што видов, има други, поинакви пропусти. Често со преведувањето се губи смислата. Се наметнува впечатокот дека се работи за буквален превод, кој е погубен во комбинација со специфичниот хумор на Бирс кој треба некако да се прилагоди и дообјасни за напишаното да има смисла на македонски.
Србите напаѓаат со високи цени и со ограничен избор. Поисплатливо е, ако некој сака да купи нешто од нив, да се присобере некое евро и да се замине во Белград, отколку да се купува кај нас.
Ѓурѓа и Ниче, како и досега, го одржуваат квалитетот на саемот на одредено ниво, заедно со јеховините сведоци, забрадените и другите кои имаат намера да шират вистини.
И да, еден куп бесцелери и книги за бољи живот, клонови на сексови и градови, психологии на успехот, тајни кодови на познати личности и слично.
 
Се вратив пред малку.
Од Бегемот ги купив Алеф, Фикции и Скици нацртани со јаглен, одличен избор имаат со оглед на фактот што Борхес и Сјенкјевич ми се едни од омилените.
Од Магор, Седмата страна на коцката и Невестата на змејот, постепено ги собирам делата на Урошевиќ. Кај нив на штанд е некако најфино и топло, прекрасни луѓе
Од Култура, Интервенции од Чомски.
 
Но ти ја разбирам скепсата насочена кон едицијата Ѕвездите на светската книж., прв пример што ми паѓа на памет е сакатењето на преводот на Румена Бужаровска на Твен преку лектурата. Веројатно знаеш за ова.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103141019494&id=16&prilog=0&setIzdanie=23289

На Калина Малеска е преводот, барем јас за тој случај знам. Како и да е, еве и' ја реакцијата на тоа:
http://okno.mk/node/42715
 
Бев на втор и трет пат (вториот со здружени сили :D) и се` на се` ова е крајниот исход заедно со претходната фотографиа.
books.jpg

Задоволен за оваа година, летово ќе биде бурно, осеќам :D
 
Бев на втор и трет пат (вториот со здружени сили :D) и се` на се` ова е крајниот исход заедно со претходната фотографиа.
Прегледај го приврзокот 143710

Задоволен за оваа година, летово ќе биде бурно, осеќам :D
Мислиш дека можеме да ја комплетираме цела ПРОаЗА? :P
 
Се вратив пред малку.
Од Бегемот ги купив Алеф, Фикции и Скици нацртани со јаглен, одличен избор имаат со оглед на фактот што Борхес и Сјенкјевич ми се едни од омилените.
Од Магор, Седмата страна на коцката и Невестата на змејот, постепено ги собирам делата на Урошевиќ. Кај нив на штанд е некако најфино и топло, прекрасни луѓе
Од Култура, Интервенции од Чомски.
Мислам дека јас ти ги продадов од Урошевич? Направив грешка за 50 денари, па ти ги вратив? :)
 
Мислам дека јас ти ги продадов од Урошевич? Направив грешка за 50 денари, па ти ги вратив? :)
Дада :):):) Уживај се случува. Ах како не знаев дека си ти ќе се претставев. Во следна прилика седнуваме на кафе/пиво. Комплименти за сите прекрасен тим сте.
 
Магор секогаш биле меѓу најдобрите, во секој поглед. Годинава можеби немаат „фенси” каталози, обележувачи за книги, nescafe 3 во 1 и гратис шолји за секои 5 купени, но зрачат со позитивна енергија, како и секогаш. Ова искрено го мислам.

Кога го креираа event-от на фејсбук за саемов им забележав дека им недостасува каталог годинава. Една девојка веднаш ми прати порака со ценовник и „извинување” по што ми беше мака што воопшто им упатив забелешка. Прекрасни луѓе! И насмевките говорат многу:

FB_IMG_1460847934249.jpg
 
Последниот улов од саемот. Нема да верувате... по препорака на Злате. Ако не е смешна, ќе те мавам со неа. :D
Вештица од Венко за 200 во Лакрима. Сепак критиката некад раѓа плодови. Не дека бев за 40 денари, али нејќам дупење у здрав мозок. :giggle:
И на поклон си ја добив Девојката во пајакова мрежа на која не можам да и` се нарадувам. :X3:
Првиот и вториот дел од Милениум трилогијата ги читав пред година време отприлика, третиот треба вторник, среда да го почнам и потоа се фрлам на последниот дел. :noze:
drn2.JPG
 
Прегледај го приврзокот 143809
Де, де. Ќе ти даам 50 денари, само не ме мавај. :P
 
Магор секогаш биле меѓу најдобрите, во секој поглед. Годинава можеби немаат „фенси” каталози, обележувачи за книги, nescafe 3 во 1 и гратис шолји за секои 5 купени, но зрачат со позитивна енергија, како и секогаш. Ова искрено го мислам.

Кога го креираа event-от на фејсбук за саемов им забележав дека им недостасува каталог годинава. Една девојка веднаш ми прати порака со ценовник и „извинување” по што ми беше мака што воопшто им упатив забелешка. Прекрасни луѓе! И насмевките говорат многу:

Прегледај го приврзокот 143793
Магор одувек сум ги сметал за едни од најуслужните, било да е на саем или во кафе-книжарницата. Секогаш пленат со својата скромност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom