Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Јас оваа ја зедов лани и се зафркнав. Многу лоша книга, одвај ја прочитав. Ниту стилот на Сјенкјевич ниту времето кое го опишува ми беа познати, а најмалку „хуморот" кој го употребува. Подобро Раковиот Напоредник за овие пари (ако повторно биде 200) според мене.
На преводот мислиш, или друго нешто? Ќе ја пишев Крстоносци од Сјенкјевич, ама на сајтот пишува дека изданието им е исцрпено.

Во игра ми се и Америка (Темплум) и Врева и Бес (Конгресен Сервисен Центар).
 
Прва на листа ми е „Потомци на боговите“ од Мухиќ (Табернакул). Постаро им е изданието од 2006 година, па се надевам дека ке ја намалат цената да не ми отиде половина саемски буџет на неа. Од Темплум ако ги начекам ги земам „Кланица 5“ од Курт Вонегат и „Ние“ од Земјатин. Исто така од Селнџер „Игра во р'жта“ оние евтини лектири по 100-150 денари што се, чисто да го имам во домашна библиотека. Слово стандард секој саем до сега си земам по една книга. Годинава ке видиме, се двоумам меѓу „Митот за вечното враќање“ на Елијаде или „Архелогија на знаењето“ од Фуко. Ако останат пари како избор не е лоша ниту „Ориентализмот“ од Саид (Магор). Нешто од Станислав Лем, Урсула Ле Гвин и Филип К. Дик може да влета во комбинација ако ги вметнат во понудите српските издавачи. На македонски јазик мислам дека нема ништо преведено. Генерално тоа е. :D
 
На преводот мислиш, или друго нешто? Ќе ја пишев Крстоносци од Сјенкјевич, ама на сајтот пишува дека изданието им е исцрпено.

Во игра ми се и Америка (Темплум) и Врева и Бес (Конгресен Сервисен Центар).
Преводот мислам дека беше во ред, ради друго ми беше муабетот, дека Скици нацртани со јаглен не вреди да се купува ниту да се има во домашна библиотека. Се состои од три кратки новели (или четири беа) и сите се подеднакво здодевни. Ете јас првпат се среќавав со Сјенкјевич тука, може грешам се работи за личен вкус, ама едвај ја прочитав книгата, многу се мачев додека ја завршам. (n)
 
Јас оваа ја зедов лани и се зафркнав. Многу лоша книга, одвај ја прочитав. Ниту стилот на Сјенкјевич ниту времето кое го опишува ми беа познати, а најмалку „хуморот" кој го употребува. Подобро Раковиот Напоредник за овие пари (ако повторно биде 200) според мене.
А крстоносци од Хенрик Сјенкевич вреди да се купи ??
 
Во игра ми се и Америка (Темплум) и Врева и Бес (Конгресен Сервисен Центар).
Ако не сакаш да имаш примерок во домашната библиотека, а сакаш да ја прочиташ, имам копија (од времето кога јас студирав и кога мошне тешко се наоѓаше, и ако не се лажам - на српски) од Врева и бес, па би можел да ти ја позајмам, ако сакаш.
 
Ја имам за така, во pdf. формат. Сакам книгата да ја купам (ама најверојатно нема да биде од саемов). Фала во секој случај.
 
А крстоносци од Хенрик Сјенкевич вреди да се купи ??
Не сум ја прочитал неа, ама сигурно некој друг ќе ти одговори на ова, мислам беше и претходно споменувана таа книга овде :)
 
Саемски каталог на Сакам Книги.

2509_432b3bdd258c2fa8c2ff184224db0444_1920x618.png
 
Од другиве издавачки куќи уште нема каталози?
 
Саемов станал невидена срамота. Недела дена до почетокот и ниедна издавачка куќа не излезе со цени.
 
Саемов станал невидена срамота. Недела дена до почетокот и ниедна издавачка куќа не излезе со цени.

Срам им е оти регуларна цена е 300 денари, на саем 299. Или евентуално 280 ама ова ептен ако пуштат срце.

Јас изгледа ќе ги бојкотирам годинава по речиси деценија редовно посетување.
 
Срам им е оти регуларна цена е 300 денари, на саем 299. Или евентуално 280 ама ова ептен ако пуштат срце.

Јас изгледа ќе ги бојкотирам годинава по речиси деценија редовно посетување.
Мислам видоа дека повеќе им се исплати да прават засебни снижувања во своите книжарници отколку да отидат на штандови. Прашање е на време кога целата манифестација ќе се укине.
 
Има ли некоја онлајн страница каде може да се порача книга која ми треба моментално, а не да чекам и на е-маил да проверувам нонстоп кога би ја имале на залиха книгата? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom