Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Трет е :) И од Бегемот претходно поставив линк погоре.
Си го едитирал мислењето, затоа не го видов. Бегемот - стандард, одлични цени. Може да се земе уште нешто од мрачната серија, имаат попусти од 500 на 100 денари. :aplauz:
 
Да си ја земеш Кругот на смртта обавезно, таа ми беше најдобра. Крај на светот во Бреслау ме удави начисто. Од Ј.Н.Хјорт двете ми беа океј, иако не се wow.
 
Фестивалот на книгата ќе се одржува од 7 до 12 септември 2022, секој ден од 10 до 20:30 часот, на отворено пред СЦ Борис Трајковски.

Издавачка куќа Чудна шума:
Попусти од 20% до 75% на изданијата на Чудна шума од нашиот каталог, достапен на следниот линк: https://issuu.com/chudnasuma/docs/cudnasuma-katalog_ceni_2022

Издавачка куќа Темплум:
Попусти од 20% до 50% на изданијата на Темплум:
www.templum.mk

‍Издавачка куќа Сказнувалка:

На нашиот штанд ќе можете да ги најдете и изданијата на:
Гаврош (https://www.facebook.com/gavrochebooks/) и
Елоквента (https://www.facebook.com/Elokventa).

Повеќе за фестивалот: https://fb.me/e/1RayrAbz8
 
Каталог и од ТОПЕР:
 
Може не е најпогодна тема, ама морам да прашам. Кецот од оваа едиција го зедов од академска. Кога прашав за двојката дали ја имаат, креваа раменици во смисла, ама ние никогаш не сме соработувале со таа издавачка. Тогаш кецов го роди мачката од комшијата која се омачи в пампур пред 2 недели :D
Прашањето е, да ми предложите најлесен пат, или пак издавачки или појма немам книжари кои имаат странска литература во Македонија, за тоа како може да се набави книгава.
 
Каталог и од ТОПЕР:
Ова е најголемиот попуст што Топер го имале во историјата на нивното постоење! Немаат ништо квалитетно и ништо што би зел, ама попустите се за поздравување.
Тууу, каталог на 82 страници! Ама цените - изгор! За тие 2 на кои им се токмам подолго време треба точно илјадарче да издвојам.
 
Или Или со онлајн, а од утре и попусти на Фестивалот на книгата. Сега за сега немаат каталог.
 
Бункер е со минимум 30% попуст на сите стрипови, и минимум 20% попуст на сите фигури. Попустот им важи и во книжарницата.
 
Бункер е со минимум 30% попуст на сите стрипови, и минимум 20% попуст на сите фигури. Попустот им важи и во книжарницата.
И пак се изгор скапи. Солиден стрип под 1000 нема.
 
Ми фати око Полица. Кога гледам цените на нивниот сајт, немаат врска со цените на фестиваскиот каталог, па фино лепо утрово се јавив да прашам дали цените од каталогот важат за онлајн нарачки. Одговорот беше НЕ, важат само на саем :(

Ок, бојкот :kuracc: во 21 век им е тешко да работат со онлајн нарачки.

Во Топер важат саемските цени и за онлајн нарачки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom