Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Академска книга

img_1_1661980059726.jpg

Also, на вториот спрат десно од скалите, во книжарницата на Партизанска, имаат полица со оштетени книги кои се на 50% попуст. Кој чита на англиски, нека си ѕирка.
 
Академска книга

Прегледај го приврзокот 343470

Also, на вториот спрат десно од скалите, во книжарницата на Партизанска, имаат полица со оштетени книги кои се на 50% попуст. Кој чита на англиски, нека си ѕирка.
Ajjjj пичка им матер, денес бев се оставив ко @Sussaro во кафана и не ми спомнаа за попустов дека го готват.
 
Еве го првиот каталог од АНТОЛОГ!
 
Од тука дефинитивно ја земам Идол на ѕидот од Елена Филиповска, многу добри коментари се изначитав за романот, иако испадна уште во прв круг при изборот на Роман на годината пред две години чинам. Не верувам дека е само вешто осмислен маркетинг, зашто меѓу коментарите има и од луѓе на кои максимално верувам и чиј вкус е близок до мојот.

Ако евентуално не најдам ништо интересно од другите издавачи (во што се сомневам, зашто од Три ќе ја земам и новата на Мураками и плус уште некои работи на кои им се токмам), можеби конечно би ја зел и Сфинга на гневот и трите за Шерлок Холмс. Другото, за жал, не ми фаќа око. Малку жалам што и Антолог се свртеа повеќе кон задоволување на вкусовите на тетките по фејсбук кои трошат пари за убави корици и сензационални наслови, а не верувам дека читаат, воопшто.
 
Некако ми изгледа дека не баш сите издавачки куќи ќе учествуваат.
Од МАИ сите ќе учествуваат, најавија. Е сега ме загрижува што Или Или, Бегемот и некои други уште ги нема.
 
Некаде прочитав дека околу 30 издавачи вкупно ќе учествуваат, ама како и да е, на 3-4 дена пред настанот само 1 каталог има излезено што е срамота. Ми се чини дека малку несериозно си го имаат сфатено ова, толку и ќе заработат. :)
 
Па реално не може да има 2 саеми на книга во годината, некако се разводнува целата работа и го нема веќе оној драж.
А и не можеш да спремиш и да се претставиш со нови работи ако само 3-4 месеци пред тоа веќе си настапил на саем. Ај ако не сега секој месец саем на книга ќе правиме.
 
Организацијата и менаџментот кај самите издавачки куќи е очајна, а притоа имаа месец-дена, а можеби и повеќе време, за одлична подготовка.

Само Антолог излезе со каталог, кој е речиси идентичен како и оној кој го имаа за летниот саем, скоро и без никакви попусти. Антолог вреди да се посети кога имаат 50% на сѐ или кога ви е роденден и имате 40% на сѐ. Овие попусти, редовно, ми следуваат и со Клуб картичката.

Магор имаат стандардизиран каталог, ќе си земам 3-4 класици, и нешто од Бегемот. Другото не ме интересира, вклучувајќи ги и Три кои имаа попусти цели 2 месеци. Новата од Мураками можеби би ја зел од Букленд, затоа што очекувам да имаат 25% на сѐ, ама не ми е приоритетна.

И да, мал тип, ако Букленд имаат попуст и ако некој сака конкретна книга од Арс Ламина, нека ја земе уште првиот ден затоа што попустот за Литература ќе биде релативно брзо тргнат. Тоа им е пракса.
 
Па во ред дека нема драж, ни еуфорија кај луѓето, ама пак кога веќе си се нафатил да учествуваш на фестивалот, направи едно каталогче од десетина страни, дај им на читателите некој хинт што да очекуваат ако и воопшто се решат да дојдат да купат или да нарачаат онлајн. Вака е очајно, како да им е сеедно. Добро, секако дека влијае и кризава ама пак, колку ќе се вложиш толку и ќе добиеш.

Еве го и на Бегемот, им го најдов пред да го објават официјално, ама ќутете си. :) Copy Paste на мајскиот саем, ама добро :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom