Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте некој линк, тие што сме на работа онлајн да следиме ако има луфта. :sleep:
 
Очекувам Пешевски да распали, у подобра форма е од Столе. Ептен голем хендикеп е неиграњето на Митревски, у животна форма е.
 

Тоа е реалноста и одамна сите ги знаат нашите слабости.

Нашата репрезентација ги достигна височините на плеќите на играчи во еден правец, Кире, Наумче Мојсовски, Фиѓип Лазаров, редица офанзивни пикери, Јоновски и Велко како специјалисти за одбрана...

Во денешно време ова веќе не е опција.

Миркуловски беше сврзното ткиво со неговата игра на плеј во напад и на 5ка во одбрана.

Трансформација во модерна екипа со играчи во два правци оди многу бавно. Талески и Кузмановски во принцип многу сме ги пцуеле ама барем играат на двете страни од теренот. Најмногу од нив, па и од Велковски ќе зависи исходот на ова првенство.
 
166621-poznati-sostavite-trajkovski-i-mitev-otpadnaa-kaj-makedonija@2x.png
 
Со Словенија немаме шанси и како тројца Митревски да се на гол, кој ќе ја пробие таа нивна одбрана назад ? Талесен или Мацко ? Голо нема да го видиме ќе шутираат Орката и Фитиљо од неизградени позиции и од лесни контри ќе не полнат.
И со Црна Гора ни е чист пораз мислам, освен ако ги фати некоја позитивност на тестирањата па да се преполовени со ростерот, иначе фаворити се против нас, исто и тие шансата ја гледаат само на тој меч и ќе бидат доста фокусирани...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom