Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Најмногу е виновна федерацијата...индиректно државата....
Шо е заложник на вакви луѓе,луѓе кои ДИРЕКТНО ЈА СПОНЗОРИРААТ репрезентацијата....
Па после си земаат за право да фаќаат за кошула делегат,да мавтаат со раце по судија,Мојсо да кара да врни по судија....
И не доби нижолт картон,резил..
А да ја види снимката зошто урлаше по судиите ќе треба да се извини ушлинот:гик:
Ванчо Димовски го нокаутира Ратко Николиќ,судиите со ПРАВО покажаа пробивање..
И овај мочкото урла по судии.....ех море Мојсо.....:tapp:
Тие кутрите занемеа...:cenzura:
Ќе занемат зошто ако писнат ќе ги избришат од листата.....
И со вакви работи,со вакви ситни души на терен и вон него(тренери,директорчиња,квази ракометни работници)ние сакаме врвен ракомет?
Можеби и во право е Кире Лазаров до негде,шо вика дека професионализмот е на ниско ниво...изгледа мислеше на Мојсо....:D
Само тоа не е некоја новост....тоа и малите деца го знаат.....
Ми се одмили и ракомет и се.....
Ова на се личи само на дерби не личи..
Па уште ја спремиле демек салата за Европа?:facepalm:
Која Европа бе?качени луѓе горе на горните катови од салата,плукаат по играчите,по делегатот,фрчат закани.....
Од страна се гледаат фитнес справи:pos:Таман се вежбаат мангупите и после набилдани урлаат.....
Не се прај од фабричка сала ракометен центар....:drk::facepalm:
Да не испадни дека вреѓам,не е така...
Иако не ги сакам Металург,а уште помалку Вардар,сепак како ракометен фанатик ми е многу мило шо имаме вакви екипи во Македонија...
Сакам да имаме добар ракомет,да има шо да се гледа на терен,па подобриот нека победи,во фер игра,без некои екстремни притисоци и скандали...за жал не е така...
Ова на ништо не личи....класичен циркус......
Ми се одмили и ракомет и се од вакви фаци...:facepalm:
 
Соопштение од РК Охрид: Во Чаир се игра ракомет со ладно оружје

Само да потсетиме дека кога Ринија гостуваше во Охрид, ние ги пречекавме најдобро. Во Охрид истите тие „ракометари“ највулгарно ја провоцираа публиката, физички се пресметаа со судиите и не спортски и кукавички го напуштија теренот. Никој од играчите на РК Охрид 2011 не ги навреди на никаква основа, никој не упатуваше закани, ги пречекавме како да се вистински спортисти, што и тие самите го потврдија во изјавите кои ги испратија до РФМ поврзани со натпреварот кој се играше во Охрид.

Како нас не пречека Ринија? Со официјални лица делегирани од РФМ кои беа уплашени до коски за својата безбедност. Вчера дознавме дека кога Ринија игра дома за нив линијата од 6 метри не важи и тие слободно можат да се движат и да даваат голови од 5 метри. Кога Ринија игра дома и е во напад, нападот мора да заврши или со гол или со пенал и со исклучување од 2 минути за противничката екипа. Кога Ринија игра дома само за нив дозволени се боксови, удари од зад грб, тргање за рака додека шутира противникот и се ова не смее да се санкционира од судијата.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=7771
 
Каков пресврт денес во дербито на Бундеслига
Ловен - Фленсбург = (18:14) 27:34 :vozbud:
 
Хуманитарен ветерански спектакл в среда во 17ч. во арена “Сонце”
ТРИ ЧАСА СО РАКОМЕТНИТЕ ЛЕГЕНДИ
Сите пари од влезниците за новата црква “Света Петка”
Zenskata%20ekipa%20na%20TUT-KOM%20koja%20dostigna%20vrv.jpg
Долгоочекуваниот спектакл - ревијалните ракометни мечеви на ветеранките од Тутунски комбинат против Скопје, односно ветераните на Тутунски со некогашните репрезентативци на Македонија, е в среда (17 и 18, 30 ч.), во салата “Сонце”. Интересот е огромен поради враќањето на спомените на добрите времиња на ракометот. Мечевите ќе имаат и хуманитарен карактер, бидејќи парите од влезниците од по 100 денари ќе се насочат за доградба на црквата “Света Петка”. Практично, мечевите ќе бидат четврт донаторски настан.
Ќе се претстават легендарните ракометни ѕвезди. Скопје доаѓа со некогашниот европски шампион Кометал и неколку други клубови. Најавени се Нацева, Стојаноска, Шишкоска, Златановска, Аџиевска, Кастратовиќ, Велкова, Чупиќ, Тодоровска, Радуловиќ, Будимир, Платон, Карбеска, Пршеш, Новоселска. Тренери се Радиќ и Бошковски. Тутунски се спротивставува со екипа од некогашната втора југословенска лига: Милошеска, Наумоска, Белакапоска, Силјаноска, Филипоска, В. Аџулеска, Митеска, а продолжуваат помладите Шокоска, Стојческа, Дисоска, Ангелеска, Самарџиоска... Тренер е Кузманоски. Од РФМ доаѓа делегација како да одат на светско првенство. Судии се Неделковски и Микиќ.
Nadarenata%20generacija%20rakometari%20na%20Tutunski%20od%201990%20g..jpg
Во предигра на ветеранките, играат ветераните. Сите се поранешни репрезентативци. Најавен е составот: Петковски, Стефановски, Тутарков, Манасков, Бисимов, Цветановски, Николовски, Станковски, Ѓорѓиевски, Зарков, Јусуфовски, Андоноски, Петрески и Димитровски. Во последен момент ќе биде познат домашниот тим на некогашните првотимци од Тутунски, кои успешно настапуваа во Втората југословенска лига и беа први вицешампиони во самостојна Македонија Доволно е да се спомнат имињата на О. Илиоски, С. Илиески, К. Илиески, П. Локвенец, а има уште многу други заслужни.


PS :vozbud:
 
ај некој нека пиши ако знај. за утре гледам има квалификации за ои женски ракомет, а меѓу нив е и франција.
франција треба да игра и против турција во групата на 30 мај. како ќе се оствари ова? ако знај некој нека ме цитира!
фала
позз
 
Ајде и овде да пишам иако е малку офтопик....Дали картите за утакмицата со Австрија се пуштени во продажба? Ако не се ако знае некој кога отприлика ќе се пуштат??????????
 
:) Во Монако на Македонија и е доделена организацијата да го води Европското првенство во 2015 год. до 17 години во женска конкуренција..домаќини ќе бидат Скопје и Охрид..Македонија беше единствен кандидат за преземање на овој шампионат..исто така Македонија се кандидираше да биде домаќин на ЕП 2014 год. до 18 години во машка конкуренција, но се откажа, по што се одлучи Полска да биде организатор.

Исто така треба да каже дека Европското сениорско првенство во 2016 год. во женска конкуренција ќе се одржи во Шведска (Стокхолм, Кристианстад, Готенбург, Хелсингборг, Малме). Турција исто така бил кандидат, но се откажа.

ЕП 2016 год. во сениорска машка конкуренција ќе се одржи во Полска (Гданск, Катовице, Лоџ, Краков, Вроцлав). Заинтересирани за преземање на овој шампионат биле уште Хрватска и Норвешка, но Полјаците добиле најмногу гласови, вкупно 27. Хрватска (15), Норвешка (4).
 
Драган Начевски е избран за нов претседател на судиската комисија на ЕХФ, функција која ќе ја врши во наредните 4 години.

Со 27 гласа, шест повеќе од Чехот, Јиржи Конечни, Драган Начевски е избран за нов претседател на судиската комисија на ЕХФ.

Ова е највисоката функција досега за еден Македонец во Европската ракометна федерација. Секако, бенефитите се големи и за нашата земја, а ако ништо друго сега можеме да очекуваме фер арбитража на големите европски и светски собири, нешто што не беше случај досега.


OДЛИЧНА ВЕСТ...;)
 
Драган Начевски е избран за нов претседател на судиската комисија на ЕХФ, функција која ќе ја врши во наредните 4 години.

Со 27 гласа, шест повеќе од Чехот, Јиржи Конечни, Драган Начевски е избран за нов претседател на судиската комисија на ЕХФ.

Ова е највисоката функција досега за еден Македонец во Европската ракометна федерација. Секако, бенефитите се големи и за нашата земја, а ако ништо друго сега можеме да очекуваме фер арбитража на големите европски и светски собири, нешто што не беше случај досега.


OДЛИЧНА ВЕСТ...;)

I mozeme vo najskoro vreme Nacevski(junior) i Nikolov da sudat nekoe finale:D
 
Шундо 2 години тренер на Констанца :facepalm: Кој ги прелажа овие бе? :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom