Radiohead

pPSdurd.jpg
 
Претпоставувам дека ова е исто како да ја постирам Another Brick In The Wall на тема за Пинк Флојд, Smells Like Teen Spirit на тема за Нирвана или Love Will Tear Us Apart на тема за Џој Дивижн ама дека пред три недели почнав да ги слушам, пополека ги дегустирам дури сега стигнав до Пабло Медот (или драги), ја знам по име одамна ради оној бездомникот Mustard или како и да се викаше.

Добра песна.
 
Не е исто. Повеќето на темава ја мразиме, или барем не ја сакаме. Членовите на Рејдиохед не ја сакаат, да не одиме понатаму.... Крип е далеку нај мејнстрим песна на бендот, но ако продолжеа во тој стил ќе заработеа поеќе пари и ќе го имаа нивото на Maroon 5. За среќа, тргнаа по друга патека, сега се само култен бенд, ама ќе останат засекогаш.

Иначе за Крип мислам дека е супер песничка, да ја пееше некој друг :)
 
Мислев исто во смисол дека песни како Love Will Tear Us Apart/Another Brick in The Wall/Smells Like Teen Spirit најчесто ги постираат и/или викаат дека им се омилени оние кои не се баш запознаени со музиката на бендовите за кои тврдат дека ги слушаат. Во смисол дека триве песни се далеку од најдобрите дела на тие бендови, како што е случајот со Крип и Рејдиохед. И баш читав за болдот пред малку.

:D
 
Секој бенд еволуира, само ретко кој се движи во нормални/правилни граници според оценка на фановите кои се заљубиле во нивниот звук. Radiohead за мене ги надминаа уште одамна моите барања во однос на еволуција на звукот.
Добро е на темава и малце дебата да се развива, да не бидат само постирање песни :)
 
Добро, признавам дека не сум некој фан на Нирвана, од нив максимално почитувам две работи, Тин Спирит и Анплагд на МТВ концертот кој ми е во iTunes со години. Другото ми е тешко за слушање. Разбирам дека повеќето луѓе кога ќе им го спомнеш Рејдиохед се фаќаат за Крип...
 
Toa дека не си им дал шанса. Исто ко некој да ти каже дека не е фан на Рејдиохед, ама ги почитува, исто онака доста и Крип. Исти си ко нив. Не ти се тешки, шо Рејдиохед за почетници не се тешки? Пинк Флојд не се тешки? Во право е dystopian дека Teen Spirit е ко шо е Creep за Radiohead, Black за Pearl Jam, Wish you were here за Floyd итн. Аналогијата е таа.

Сите бендови се повеќе од таа песна. А тоа ќе го сфатиш дека знаеш колку повеќе се Radiohead oд Creep. Исто вреѓање е да се каже највеќе ја поштуваш Teen Spirit. И не биди пиче, Unplugged-oт е океј, ама студиските верзии си владеат такоџе, еве Nevermind уопште не е тежо за слушање. Ико јас сум поввеќе In Utero kinda guy.

Забегав.. :D
 
Ај не ме куди без потреба? :) Не сум исти ко нив затоа што си признав дека не сум некој фан на Нирвана. Тоа што имам слушано имам слушано. Ако некој ми каже дека не е фан на Рејдиохед ама му се свиѓа Крип јас немам проблем со тоа, пошто знам дека премалку слушнал од РХ, како што и јас премалку имам слушнато од Нирвана.

Мене проблем ми е кога викаат јас сум голем фан на РХ и Крип ми е омилена.
 
Прашај ги само а кој албум и одма ќе ги решиш :) Нема да знаат ниту еден и така ќе паднат в јамка заедно со Крип.
Од секој бенд се најдува така по едно песниче кое намерно/ненамерно се пробива и форсира. Обично таа песна создава погрешна претстава за севкупното дејствување на бендот, но крај краева шо се замараме. Продолжете слушајте убај музичиња и то е то, битно ваш да биде меракот, ако се споделува со некој уште подобро.
Рандом песна од Радиохед
 
Прашај ги само а кој албум и одма ќе ги решиш :) Нема да знаат ниту еден и така ќе паднат в јамка заедно со Крип.
Е де, тоа ти е како прашањето на Трендо кога ќе напнат новинарите со тоа „седмата сила“: Ахам... ај ако може да ми ги наброите првите 6? :pos:
 
Мене проблем ми е кога викаат јас сум голем фан на РХ и Крип ми е омилена.
Не ми текнува дека сум го пишал ова :icon_lol:

Ех бе... Никако да излезе тоа хипстеризмот од вас. Ако ги заслушаш остантите од Пабло, Крип најмногу се одвојува по звук и мислам дека е најблиску до останатите албуми, или еволуцијата на бендот.
 
Па можеби дека другите песни не се ни на ниво ниту на Крип?
Затоа сите ни е последно место албумов, уште се недефинирани. Еволуцијата е тек после, тогаш имало шанси да бидат.. уште едни Колдплеј.
 
Не не, не по квалитет, по начинот на изведбата. Со оглед на тоа што Крип им била најголем хит, се ориентирале натаму, да им бил најголем хит Еврибади можи да свири гитари, ќе беа Колдплеј...

И не ги вреѓајте Колдплеј, најлајт песничиња имаат...
 
Мислам дека си грешка, everybody can play guitar e баш правецот по кој тргнаа и се денес, да тргнаа по пари и Крип денес ќе беа Колдплеј со сентиши стриктно. Крип само им донесе популарност, иако Јорк во билокој случај ќе продолжил да свири и твори тоа што му се сака. Како што е случај со пијано фазата кога го фатила, или електрото понатаму.. ѕирни некое интервју поназад, ќе видиш каков меланхоличен eксцентрик и чоек кој никогаш не би свирил нешто што не му се допаѓа. Затоа имаше и проблеми групата, се помалку ги вклучувал и најчесто сакале различно да свират. Затоа некои траки уопште "немаат" гитари.

Ова на еволуција ли ти личи, ова се продава ли? Како го прифатат е.. ама обично свири тоа што го сака. Уметник, а знаеме тие дека би живееле и во беда. :)

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom