Radiohead

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
На мое изненадување нема тема за според моето субјективно мислење, најдобриот проклет бенд што постои. Дури сакав и да ја именувам темава како: „Ако се распадне Radiohead, кој би бил најдобриот бенд во светов?“ но ќе беше предолго. На страна тоа, ако сум направил превид а тема постои, би ги замолил модераторите да го префрлат мислењево таму, затоа што се потрудив доста околу текстот...

Radiohead се англиски бенд кој свири алтернативен рок. Формиран е во 1985 иако не почнале да снимаат до 1991. Составен е од Thom Yorke, Jonny Greenwood, Ed O'Brien, Cоlin Greenwood и Phil Selway. Нивниот прв сингл "Creep" излезе во 1992 и стана голем хит. Имаат објавено 7 албуми, и тоа:

  1. Pablo Honey (1993)
  2. The Bends (1995)
  3. OK Computer (1997)
  4. Kid A (2000)
  5. Amnesiac (2001)
  6. Hail to the Thief (2003)
  7. In Rainbows (2007)
Општо прифатено е мислењето дека нивниот дебитантски албум "Pablo Honey" е најлош, и веројатно единствениот албум во низата кој е просечен. Сепак, на истиот се појави нивниот сингл од 1992 "Creep" кој стана голем хит. Бендот доби лоши критики а "Creep" доби бан на BBC затоа што песната била премногу депресивна, но редовно се вртеше на MTV и стигна до 7 место на UK Top 40.




Вториот албум "The Bends" пак беше полн погодок и го вивна бендот во ѕвездите. Песните како Street Spirit (Fade Out), Fake Plastic Trees, High and Dry... се пробија на топ листите, а видеата за Just и Street Spirit помогнаа бендот да се прослави и надвор од границите на Британија. Thom Yorke во една прилика изјави дека тоа е најморбидниот албум кој некогаш го напишал.



OK Computer е она вистинското. Албумот кој многумина го ставаат во Топ 5 на сите времиња доживеа одлични критики и од публиката и од критичарите. Во потрага по инспирација за перфектни песни, членовите на бендот во различни соби слушале музика од The Beatles, Ennio Morricone, Miles Davis и DJ Shadow. Том Јорк подоцна изјави дека е зачуден од реакциите за албумот и дека никој од бендот не знаел дали е добар или лош кога го завршиле. Но слушателите на негово чудење ги разбрале пораките кои бендот се обидел да ги испрати преку песните. На албумот се најдоа песни како "Karma Police", "Lucky", "Paranoid Android", "Climbing up the Walls"... Бендот ја доби првата Греми награда за најдобар алтернативен албум.




После големиот успех со OK Computer, бендот влезе во експериментални води. На една забелешка од новинар дека многу помали бендови си направиле кариери копирајќи ги првите три албуми на Radiohead, лидерот на бендот Том Јорк одговори: „Нека им е со среќа со Kid A!“. И навистина, "Kid A" звучи многу поинаку и е многу потежок за слушање, но и овој албум доби Греми за најдобар алтернативен албум и одлични критики, иако Меинстрим медиумите го окарактеризираа како „Комерцијално самоубиство“ и „Намерно тежок албум“. На албумот се најдоа хитови како "Optimistic" и "Idioteque"




"Amnesiac" е сниман заедно со Kid A и на него завршија сите песни што не влегоа на предходниот. Албумот стигна до второто место на UK листата. На албумот се најдоа песни како „Pact like Sardines in a Crushed Tin Box“ и „Pyramid Song“.




Шестиот албум "Hail to the Thief" постигна комерцијален успех, се проби на првото место на UK листата и забележа Платиниум продажба (над 300 000) во UK и Златна продажба (над 500 000) во US. Том Јорк негираше дека насловот на албумот се однесувал на Американските избори во 2000, иако кажа дека текстовите се инспирирани од информациите за војната во 2001 и 2002 и чувството дека „влегуваме во ера на нетолеранција“ и страв во која ни е ускратена можноста да се изразиме и да го кренеме гласот“.



"In Rainbows" е седмиот албум кој бендот го стави бесплатно на интернет, и ги замоли слушателите да дадат донации, доколку сакаат. Ова наиде на голем револт во музичката индустрија, а албумот забележа 1.200.000 симнувања за еден ден. Подоцна албумот беше издаден и на cd. И овој албум освои Греми за најдобар алтернативен албум.




Radiohead се инспирација за многу бендови кои се формирани подоцна, како Coldplay и Muse, но сепак, Radiohead се на сосема поинакво ниво. Ги сметам, како и многу други колку што можам да прочитам по интернетот, за најкреативниот бенд од The Beatles наваму. Нивната музика е комплексна, не прават песнички кои влегуваат во уво за 1 минута и здосадуваат за месец-два. Напротив, можеби од почеток ќе бидат и тешки за слушање, но остануваат со вас постојано. Со оглед на тоа колку многу луѓе воопшто и не слушнале за нив, ги сметам за најпотценетиот бенд на сите времиња, и покрај славата која ја уживаат. И во секој случај ги препорачувам на сите љубители на овој правец и секако, на добрата музика.
 
Н

'Никола'

Гостин
Radiohead рулз. Стварно нема што друго да се напише после ваков вовед. Епик бенд, класика од музика, и како што рече, инспирација за многу бендови. Имаат голема улога и во моето музичко развивање.
И да, луѓе, слушајте ваква музика, баталете ова срањево кај нас што се врти.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Не знам како може да банира некој песна затоа што била многу депресивна???? :nesvest: Зашто тогаш не си го банираат и времето, таму нонстоп е депресивно... :icon_lol:
Creep ми е една од општо омилените песни, заедно со Karma Police. Интересен бенд се дефинитивно, ми се допаѓаат. Оригинални се, необични. :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
„Ако се распадне Radiohead, кој би бил најдобриот бенд во светов?“
Backstreet boys.

иначе браво за темата (за бендот и за тоа колку си е средена)

Ах Рејдиохед... може поема да напишам за како сум ги слушал OK Computer како клинец, или за Kid A кога го видов на CD (да се чудиш, технологија...).
Сите Creep, та Creep... една од најборите е но оваа ми е омилена :

Are you such a dreamer?
To put the world to rights?
I'll stay home forever
Where two & two always
makes up five

I'll lay down the tracks
Sandbag & hide
January has April's showers
And two & two always
makes up five

It's the devil's way now
There is no way out
You can scream & you
can shout
It is too late now
Because

You have not been
paying attention

I try to sing along
I get it all wrong
Ezeepeezeeeezeepeeezee
NOT
I swat em like flies but
Like flies the burgers
Keep coming back
NOT
Maybe not
"All hail to the thief"
"But I am not!"
"Don't question my authority
or put me in the dock"
Cozimnot!
Go & tell the king that
The sky is falling in
When it's not
Maybe not.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Ах Рејдиохед... може поема да напишам за како сум ги слушал OK Computer како клинец, или за Kid A кога го видов на CD (да се чудиш, технологија...).
Сите Creep, та Creep... една од најборите е но оваа ми е омилена :

It's the devil's way now
There is no way out
You can scream & you
can shout
It is too late now

Because
You have not been
paying attention
Ѕверска тема, песната се однесува на 1984 на Џорџ Орвел, имав пишано за тоа на подфорумот Филм и ТВ.
Во воведот ставив по една песна од секој албум, Creep е „природно“ избрана од првиот, не дека е нешто посебно, подобрите песни доаѓаат подоцна :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Ѕверска тема, песната се однесува на 1984 на Џорџ Орвел, имав пишано за тоа на подфорумот Филм и ТВ.
Во воведот ставив по една песна од секој албум, Creep е „природно“ избрана од првиот, не дека е нешто посебно, подобрите песни доаѓаат подоцна :)
Го знам дека е за Орвел :)
Абе, мислам дека треба да се отвараат теми (дали за артист или за жарн) по оваа шема.
 

Брокер

Broker of the Year
Немаше да згрешиш и да ја направеше темата како што имаше замислено, без разлика дали ќе се распаднат или не сепак ќе останат најдобри, стварно уметност од музика, и одно ново поглавје во алтернативната музика.

Секоја чест за темата не знам зошто досега никој не се сетил на ваква тема, се надевам дека ќе остане подолго активна.
 
I

Intex

Гостин
Од оние бендовите се кои немаат мака да експериментираат на големо, што ги прави еден од моиве омилени.

Песни кои можат да те доведат до самоубиство. Јорк има преубав глас, а текстовите се толку злобни, те мами да ги слушаш, слушаш и слушаш.:)
Мене лично ме потсеќаат на нашиве Архангел, обраќаат премногу внимание на текстот, а се тоа да биде одлично вклопено со музиката.
 

Маркетинг

На врв