Џенис Џоплин
Со нејзиниот моќен глас и бунтовен карактер, кралицата на блузот Џенис Лин Џоплин за само четири години кариера остави длабока трага во историјата на музиката. Џоплин важи за еден од најдобрите женски вокали на сите времиња. Тексашкиот бунтовник прерано ја заврши својата музичка кариера и не успеа докрај да му ги наметне своите прогресивни ставови на општеството. Алкохолот и дрогата брзо го згаснаа нејзиниот живот. Во историјата замина на 27 години, кусо по смртта на легендарниот Џими Хендрикс.
По крај тоа што има одличен моќен глан таа исто така има и преубави работи искажано...
„Да се биде интелектуалец, значи создавање многу прашања, без одговори. Можеш да го преполниш животот со безброј идеи, а сепак, да одиш сам дома. Сè што навистина имаш, и е важно се чувствата. Тоа е музиката за мене.“
„Грижејќи се за иднината, можеш да ја уништиш сегашноста.“
„Секогаш сакав да бидам уметник, што и да значи тоа, како што другите девојки сакаа да станат стјуардеси. Читав. Цртав. Мислев.“
„Не можам да зборувам за мојата музика, јас сум внатре во неа. Како можете да
опишете нешто однадвор, кога сте внатре во него?“
„Слободата е само уште еден збор за тоа дека нема што да загубиш…“
R.I.P.
--- надополнето: 20 септември 2013 во 23:21 ---
Легендарниот гитарист Џејмс Маршал “Џими” Хендрикс до ден-денес е огромна инспирација за музичарите. Неговите неверојатни способности и извонредни перформанси на сцената, неколку пати досега му го резервираа местото најдобар гитарист во историјата на рокот. Меѓу најпознатите настапи на музичкиот гениј е свирењето гитара со заби.
Хендрикс прерано замина во легендите. Почина на 27 години, најверојатно од предозирање со апчиња за спиење, но за причините за неговата смрт сè уште се шпекулира. Еве неколку цитати кои ќе ви го доловат неговиот поглед кон животот и музиката…
„Музиката е мојата религија.“
„Блузот е лесен за свирење, но тешко е да го почувствуваш.“
„Толку добро ме имитираа луѓето, што дури и ги копираа моите грешки.“
„Знаењето зборува, но мудроста слуша.“
„Кога силата на љубовта ќе ја надмине љубовта кон силата, тогаш светот ќе го запознае мирот.“
„Ќе фрлам клетва врз тебе и сите твои деца ќе се родат скроз голи.“
„Музиката не лаже. Ако постои нешто што може да се промени во овој свет, тоа може да се случи единствено преку неа.“
„Музиката е безбедна дрога.“