R.I.P. музичари

Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Почит за Рој Орбисон
Голем музичар и композитор, починат е на денешен ден 1988 година, на само 52 години. Влегува во листата на славните на rock 'n roll-от една година пред да почине. Познат е по некои од најдобрите балади и романтични композиции
Oh, pretty woman, Only the Lonely, Blue Bayou, All I can do is dream You, I'm still in love with you...од кои повеќето се искористени во филмската индустрија.
Добитник на повеќе награди Најдобра рок изведба 1989, најдобра поп вокал изведба 1990, најдобра кантри изведба 1980, награда за животно дело 1998....
Приватно, имал огромни загуби во животот кога во еден несреќен случај му загинуваат сопругата, во друга другите двајцата синови.

Елвис Присли за Орбисон
Orbison was simply the greatest singer in the world.
http://www.yt.g00p.com/watch?v=_PLq0_7k1jk
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
На денешен ден, пред 2 години, од овој свет си замина великанот на нашата музика, човекот кој секогаш правеше атмосфера, без разлика кој вид на музика ти е најблиску до срце, човекот кој и металци и панкери и клабери го обожаваа, човекот за кој трчав 100 метра небо-земја-пијан за да се сликам со него на неговиот претпоследен концерт во Скопје.

R.I.P. Гоце Арнаудов.

 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Почина Ацо Конга од „Нокаут“

aco_konga.jpg

Mузичарoт Ацо Богдановски (1960), познат како Ацо Конга почина денеска. Откако му беше дијагностициран рак, некогашниот член на „Нокаут“ се бореше со болестa и му беше ампутирана раката.

Поранешниот член на групата „Нокаут", Ацо Богдановски- Конга, по долго боледување ја загуби битката со ракот на коските.

Пред 3 месеци јавноста дозна за здравствените проблеми на Ацо Конга, при што беше иницирана хуманитарна акција од неговите колеги со цел да се соберат потребните средства за терапијата во вредност од 15 илјади евра.

-Се мислев дали да ја продадам семејната куќа за да се спасам, но не сакав да го оставам моето семејство на улица, трогателно изјави Конга пред само два месеци во интервју за Теа Модерна.

Тој ќе остане најзапаметен како дел од бендот „Нокаут“ во кој го помина најголемиот дел од својата музичка кариера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom