Prometheus
http://www.imdb.com/title/tt1446714/
Синоќа имав можност да го гледам најновото остварување на Ридли Скот.Како негов фан кој многу ги сака Осми Патник и Блејд ранер бев многу возбуден да го видам ова дело,посебно заради интересната идеја што ја обработува.
Накратко филмот се бави со докторите Елизабет Шо и Чарли Холовеј како дел од експедицијата на бродот Прометеј кој оди на мисија на ЛВ-223 во потрага по доказ дека човештвото настанало од некоја вонземска раса која ја нарекуваат engineers.Бродот слетува,експедицијата ги истражува пределите во потрага по непознатото и............
Па,да почнам од добрите работи.
1)Визуелно гледано филмот е прекрасен,има многу работи кои се eye-candy.Пејсажите,природата,бродовите....
2)Глумата.Малку ми беше тешко дал да ја ставам како мех,ама има многу фактори кои го ставаат на позитивната страна,пред се зборам за глумата на Мајкл Фасбендер и на Нооми Рапас(се надевам не сум и го утнал името).
3)Музиката.Појма немам кој ја правел ама солидно е направена.
Лошото.
1)Приказната.Ај,знаев дека ќе има неодговорени прашања на кои одговор ќе видиме во продолжетокот,ама има многу дупки во приказната.Првиот час од филмот е добар и интересен,ама од другата половина некако се трга низ брдо-премногу нелогичности,премногу аматеризам,се прашувам дали е ова филм на РС или на Уве Бол?Како само му се протнале овие работи стварно не знам.
2)Отсуство на хорор.Има можеби 2-3 сцени кои знаат да бидат гадни ама тоа е се.
3)Отсуство на напнатост.Филмот жанровски е сајфај,хорор и трилер.Ако е трилер нека биде трилер како што треба.Проблемот е што не само што нема добра хорор атмосфера туку и не се ни чувствува тензија.Голем дел од проблемот лежи во вториот дел од приказната каде се е турлитава и аматерски изведено сето тоа да нема да биде проблем ако само го пуштиш мозокот на пасење небаре гледаш треш филм.
4)Холивудска наука и цртан начин на умирање кај некои од ликовите.