Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
- Кога ќе те фати „чичкото“ дека куцаш жетони со жичка, проблем кој не сакаш да го имаш. Не дека ќе јадеш клекери, него дека нема да можеш да играш нареден месец дена, пошто ќе бидеш баниран :)

- Кога ќе ти дојде постар лик у флиперница и ќе те праша уште колку жетони имаш, да ти ги откупи за да го игра флиперот. Ако одбиеш, јадеш клекери и му ги оставаш жетоните во знак на извинување.

- Кога ќе се договориш у 6 на скривница за да одите некаде а ти касниш, пошто мајка ти задоцнила од работа, па треба да чекаш ручек. Пропадна попладнето.

- Купуваш цд со игра, која на каверот има слика од некоја мајкоебачка кола. Палиш дома, добиваш игра во пола димензија.

Ако ми текне нешто друго, ќе допишам.[DOUBLEPOST=1396966135][/DOUBLEPOST]- Радоста на пакетчињата што ги добивавме од САД, во вид на помош а внатре бејзбол топче, тетратка, рагби топка и ако на некој му се „падне“ некоја појака играчка, се курчиш до максиму.
Ах само првата страна ја прочитав а ти си ме претркал.
 
Овие не се баш работи од 90ти ама секако денешните деца не ги знаат. Проблем која игра да избереш во ЦД шоп да ја изрежаат на ЦД за 50/100 денари,а бираш по тоа која слика најмногу ти се свиѓа. Флопи дисковите, Изи мизи, сликичките од животинско царство, инфраред, Сител Бамбини и секако незаменливата Нокиа 3310 (ринг тоновите, игрите). Се сеќавам и на телетекстот имаше страна пораки праќаа, читав некогаш и тоа, а и програмите на телевизиите и што ќе се деси во некоја епизода од Charmed или Маѓепсани. Фала за овие бугарски песни баш ме потсетија на тој период. :)

Играат карти (магарец, кент) и фудбал и сега децата бар кај мене, има и еден чичко со флипери се собираат и таму. Убаво е така кога ќе ги видиш, ама сепак мора слики на интернет да има да се знае дека се соберени за фудбал или играат карти.
 
А црнобелите позадини за Nokia 3310 што се праќаа како template пораки? :pos:

Паметам најпопулрана беше таа со Скопско! :D

Мене Нокиата уште ми е жива, батеријата држи еден „дури“ еден саат, ама неам пунач. :D

п.с. А после песниве бе:



Парам памапарарам рарам парарарам... Електро ис фајн, биткен, биткен ту ду џубокс. Нема кој ги немаше за рингтон ми се чини. :D
Кога сме кај песниве,кај нас у Кавадарци немаше дете шо ја немаше полифона песнава
 
Picture 412.jpg вие помладите никогаш нема ова да „искусите’, а и сега пак не ни може да го замислите.
Цел град на плажа,цело лето, и пази не е ова големата плажа во Улцињ,не е Полихроно,не е ни Ксанти, тука е бре.
Замисли излегуваш од дома бос по ѓаќи и за две минути си на плажа. И јас сум тука некаде,а ако не сум тогаш,
татко ми ме пратил да ја донесам лубеницата ставена во ладна вода. ( Аи, бикини имало и пред земјотресот)
Тоа се плажите на Вардар: Градска, Руска, Офицерска, Железен мост,Крњево и др.
Ова на сликата е карши арената,сега канта пазар.Ете го Офицесрки и Банката и музејот на Кале.
 
Денешниве деца нема да знаат дека Деси од Сител Бамбини е левучар.
Може да дознаат, пошто на сител 3 даваат репризи од Сител банбини :pos:
 
Јас еднаш, ептен мала, бев у студиото кај што се снимаше или дискотека некоја беше нешто така (значи збориме за она најпрво Сител Бамбини, во првите години, не она после во нормално студио). И јас бев ептен мало, пискаво, слабо и ниско. (Денес остана само тоа пискаво :icon_lol:) И имаше игри некои каде се бираа учесници од публика. И јас се распискав, ама џабе, таа пред мене беше сигурно 4-5 години постара и повисоко скокаше и нејзе ја одбраа.:place::place::place::place::place::place::place: Меѓу првите разочарувања во животот ми беше тоа.:place::place::place::place::place:
 
Најхардкор играчка :D

512CH549TKL._SX300_.jpg


..

ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА МОЧКОТО ААААА !!!! :vozbud: :pos: :pos: :pos: :cuc:

Со братучедите, тој шо ќе изгубеше у рандом игра требаше да пие вода од ова. :facepalm:

Али баеѓи време издржа машала. :D
 
Не е многу одамна ама пред 9 години, ставив нет од телекабел, 500 денари претплата за 400мб данлоуд секој надминат мегабајт 5 денари доплата !!!! И прв пат кога уклучив на телефон нет платив пакет 100 денари за 3 мб данлоуд :p ова пред едно 7 год

Sent from my microwave using Tapatalk
 
Никад нема да го сфатат разочарувањето кога играш дома криенка (пошто си мал да одиш навечер надвор, а и ти фуфка) со братучеди на твоја возраст, ке дојде редот да се криеш, ке најдеш екстра место (качен над плакар или пикнат во високите шкафови) и таман кога ке почнат да те бараат ќе влезе некој од родителите и ќе го упали светлото. :(

Ќе се рушеше цел свет кога планот направен во школо ќе пропаднеше оти на другарчето татко му не го пушта. Па молење “Ако чичко нека дојде, со нас ке биде“.

И најнезаборавната занимација беа сликичките од мастиките турбо кои никогаш не изглегоа од мода. Колку повеќе имаш, толку поголем фраер си. Дома и ден денес ги чувам.
8536879258_b5719a969f_z.jpg

obrazki_z_gum_turbo_483szt_207752.jpg


obrazki%2520z%2520gum%2520%2528turbo%2529%252001.JPG

c25ed1dcb9a9afc9ac9fba9801bf8723_full.jpg


Eх колку солзи пролеав кога ја изгубив сликата од моторот :pipi:
283-solo-moto-gx_309_118762660e5fa0efL.jpg


И мојата омилена кола што кога и да ја видев сликата доживував нешто што после неколку години научив дека се викало оргазам. :drk:
079984c3db.jpg


Ехх времиња. :(
 
Многу јако утињање на тема сте напраиле:D

Него коа сме више кај Сител Бамбини да си се пофалам дека имам пеено тамо т.е рапувано ау нешто:):)
Фалат такви емисии,штета што више нема за децава, да ги баталат телефониве и компјутериве колку толку.
 
На некои телефони имаше и клуч за да не вртиш без дозвола од твоите, истотака татко ти знаеше да ја исклучи 0та за да не вртиш на мобилен.

Никад нема да знаат како боли комунистичкиот ќутек од татко ти кога ќе му стигне сметката за телефон а ти изминатиот месец си се утепал од слушање приказни.

Никад нема да знаат колку големи и јаки балони се правеа од Минти мастика, па коа ќе ти пукне и ќе ти се залепи на цела фаца, оди исчистија да те видам.
 
Носталгија ве утепа еј.

Чекав до 2 сите да си легнат да гледам ТВ 1000, а од 7 бев на школо. Сеа порно имаш дено-ноќно мамето. :icon_lol:
нул зибен драј руф мир ан ооох дајнен гросен шванц зекс фиер фунф

Имам еден пријател од Кина кој нормално таму е ускратен од овие благодети како софт еротика, а за порно ни муабет да не прајме. Кутриот радоси беше целиот ко ја откри тв1000 тука. И го гледаш секое сабајле со подочњаци иди.[DOUBLEPOST=1397352441][/DOUBLEPOST]
Знам дека не е таква темата, ама имав мерак уште песниве да ги стаам. :vozbud:

Не заебавај, најбитната си ја заборавил/а
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom