Аууу човече, колекцијата со лавчиња што се паѓаа во киндер јајца

Убедливо најдобри играчки од киндер јајцата...
Имав цела кутија со игрчки, ама мајка ми доби некоја идеја дека треба истите тие да ги дадеме на внуците од страна на вујко ми. Какво време дојде сигурно не ги ни отвориле. Сега кога ми текнува ми иде да ја убијам дека им ги даде.
Какви филмови си правев со ова играчкиве
Не знам за вас, али јас имав многу голем проблем што кога играв џамлии се правев бербат целиот.
Рацете ти се прават цели со земја, и особено ако имаш светла маица, допирајќи се несвесно целата ти се прави со "прсти" на нејзе
Играњето на тапка, сигурен сум дека никаква идеја немаат што е тоа

Ставаш ти и уште еден по една сликичка и прво едниот мава, па другиот, поентата е прво да ја свртиш твојата сликичка, па после преоѓаш на неговата и ако му ја свртиш пред него, ја ќаруваш.
Највеќе нервоза паѓаше пошто секогаш имаше некои што илијашеа, играа така што плукаа на рака и ја лепеа сликичката за дланка кога ќе мавнеа и после ја превртуваа. Колку тепачки паѓаа во основно за ова
Кога ги бркав првите девојки дома имав само телефон со жица. Па за да зборам, ги бркав сите вон куќа

Знам дека илјада пати повторија, ама најтапа ствар беше кога си креваш слушалка и слушаш некои рандом фаци си зборат на линијата
Највеќе нервози имав кога губевме во фудбал од соседното маало. Пошто продавничката во населба беше во нивно маало, кога поминувавме не кинеа од заебавање.
@Ilumious тоа во недела не беше Супер бинго со Ирена, туку беше БИНГО НА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА со Ирена.
Супер бинго го водеше Игор Џамбазов, а потоа Тони Михајловски, и беше во сабота, а потоа во понеделник. Со легендарната песна во најавната шпица "Светлана е тука, срцево ми чука тика така тика така так... (не ми текнува)... Играј супер бинго, златно супер бинго, стани и ти дел од бајката...", изреката Натали дај му на човекот

, и нормално заебанциите кои доаѓаа со ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО.
Во петок на сител имаше Екстра бинго.
Не знам колку се сеќавате ама порано (некаде околу 1995) во понеделник (ми се чини) на телевизија имаше некаков вид на бинго или лото кое го водеше Ирена. Пензионерите кога добиваа пензија добиваа и едно ливче (бело, со жолто и црвени букви) и на него имаше некој број и тој број фактички им беше како талон за наградната игра. ногу малце ми текнува од тоа, затоа ако неој бил постар во тоа време и се сеќава, нека пише во темава. На името не ми текнува воопшто...
П.с. за машките од поновите генерации

Никогаш нема да дознаете како е да го мавате на жени што се сликале по списанија, на спотови кои ги даваат на ТВ, на "порното" што Сител го крадеа од ДСФ после 12 часот
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=13977&idg=2&idb=346&rubrika=Revija
На ова сум го мавал човече, типкава ми беше најсекси фаца заедно со Здравкица
Мада постарите на нас може да ни речат дека никогаш нема да дознаеше како е да го маваш на женска сликана за кавер на грамофонска плоча или постер за некој филм

[DOUBLEPOST=1397085923][/DOUBLEPOST]
Кога Sony-то ќе ти заглави на оваа сликичка, прашувајќи се дали ќе ја стартува играта или не.
Го отвараш и го стискаш тоа да мота во надеж дека ќе продолжи
Сонито ми беше живо до пред некои 5-6 години. Играм некоја игра, ми се заглавува, го отварам и го стискам тоа за мотање и после некое време си продолжува играта
