Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш нема да знаат како е да влезеш во Елемент и доле се` дим од цигари, ништо не се гледа. Мене очиве не ми поднесуваа, па на плаќнење лице секои 20 мин :pos:
 
За Сител бамбини бев голема да гледам, али нема да знаат како е да праќаш плика со одговор на прашањето Магарето лета ли во квизот Пулсирање за да добиеш касета од Ластовица или крпа за раце.

Или на среде емисија да ти фрлаат смоки во „публика“ како награда. Публикава седната на вечната клупа во МТВ која до ден денес стои во студио со три даски и помагаме во натпреварот.

Водителката:
3941328422005928213308.jpg
 
Никогаш а и сега нема да знаат како е да чекаш на ред со карта в рака,за да возиш точак неколку крукчиња и тоа во место.
-------------------
Ова го пишував и во други теми поврзани со детството на таа моја генерација.
Тогаш да се има свој точак,било рамно на некоја сегашна ергела од 7-8 возила над 2500 кубика.
Да но имавме шанса да возиме точаци во стариот паркот пред земјотресот(оти и немаше од кого и да побараш во маало,за крукче)
На еден метален столб-цевка со други метални полуги беа поврзани 4-5 точаци,од најмал,па мал,па поголем и најголем.
Некој веќе возат неколку круга,си платиле за тоа, а надвор од оградата чекаат уште неколку „живи“- тури,со карта в раце.
Кога ќе помине времето „секогаш е тоа кратко“ или ќе свирне свирчето,овие што чекаат се затрчуваат да го фатат точакот на кој му имат врлено мерак и веднаш седнуваат на него,често имаше караници кој прв го фатил точакот бидеиќи за некој се водеше права борба и натегање,па некој мораше да попушти и ќе ја чекаше таа втора шанса. Стално цел ден беа зафатени овие точаци со деца .
-------------------
Кога би му текнало на некој од власта овакви точаци да постави бар на едно место на плоштадот,радост за децата и носталгија за.
 
Нема да знаат како е да те качат на бина додека пее некој пејач или има некој фестивал во Универзална и сите те гледаат, а ти појма немаш што се дешава, ниту каде си, само подаваш цвеќе и некој те гушка.:ROFLMAO:
 
Никогаш нема да дознаат како е да почнува Tutti-Frutti на 3 канал а родителите инстантно те бркат да си легнеш, никогаш нема да го видат воодушевување во очите на другарчињата додека ги лажеш дека твојте ти дозволиле да останеш поксно и со нив да го гледаш истото.
90s-RTL-Show-Tutti-Frutti-004.jpg

diese-heissen-fruechtchen-kannte-jeder-hugo-egon-balder-moderierte-die-show-tuttifrutti-diese-maedchen-zeigten-sich-im-jahr-1990-waehrend-der-show-im-tv-oben-ohne-.jpg
 
Никогаш нема да дознаат за заплетите во Шпанските сапуници каде што сите кои на почетокот се роднини испаѓаат дека биле посвоени и немаат крвна поврзаност па на крај се плескаат меѓусебе, а оние кои не биле роднини, најчесто испаѓаат полубраќа или полусестри.
Единствените серии кај што никогаш не си сигурен дека некој умрел, па макар и милион пати да го погодиле со куршуми.
Барем имаа хепи енд :D
 
mirc-2.jpg


Никад нема да знаат како е да се дреми на мИРЦ, поточно на блок56(ваљда ке му текне на некој), и да игра квизови до сабајле и после да спиеш у школо :LOL:
 
Никогаш нема да дознаат за заплетите во Шпанските сапуници каде што сите кои на почетокот се роднини испаѓаат дека биле посвоени и немаат крвна поврзаност па на крај се плескаат меѓусебе, а оние кои не биле роднини, најчесто испаѓаат полубраќа или полусестри.
Единствените серии кај што никогаш не си сигурен дека некој умрел, па макар и милион пати да го погодиле со куршуми.
Барем имаа хепи енд :D
И јаки пички имаа а не ова турчиштава бркати!!!
 
Како сум ја чекал серијава во Недела. Иако идеше на германски и ништо не разбирав.
Тој шо го глумеше црвениот ренџер е осуден на смрт ради убиства
Скајлар Делеон се вика
 
Никогаш нема да знаат како е со другарче, брат, братучед...да прскате од балкон со пиштоли и пушки на вода и потоа тоа бабиштата (нив највеќе) да ти доаѓаат на врата да се жалат кај баба ти дека жива вода си ги направил и да си добиеш едно ќотекче :D

Или пак да се качуваш по дрва, да те бркаат чуварот или воспитачките од градинка, а вие сте се собрале цело маало да играте фудбал.

Сигурно повеќето имате крадено по некое чоколатце, мастика, џамлија...од локалната продавничка, ако те фатат си наебал. Додека едниот ја замара продавачката на каса другиот бута во џеб :ROFLMAO:

Не знам не ми текнуваат други работи се имате кажано :D

Бтв не се до толку децава како што ги правите кај мене се по цели денови надвор, може ги немаат истите проблеми и игри како што имавме ние ама дефинитивно не се како што мислите. За 10-15 години и они вака ќе зборат за нивните проблеми од деството.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom