Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Новите генерации никогаш нема да дознаат кој е филингот на играње флипери, да собираш ситни пари од дома за жетони, па гужва на флиперот каде што сакаш да играш, па ќе дојдеш на ред и еден куп околу тебе те замараат (советуваат де) па ќе дојде некој поголем батко, и така дур не ти се смачи и не се откажеш.

А после некоја година, никогаш нема да знаат колку социјализација, зезање и дружење имаше во т.н играчници каде на Плејстејшн 1 се ропаше Фифа, НФС, Resident Evil, Crash, Tekken и еден куп игри многу популарни во тоа време (касните 90-ти, рани 2000-ти). Колку народ одеше на такви места, и машки и женски, понекогаш не ни беше до самото играње, поинтересно беше да бидиш таму да гледаш како некој друг игра, па комептираш и со другата публика.

Малце после тоа во интернет кафеата почнаа да се играат онјалн игри, Age of Empires, Кантер и сл. ама не беше веќе тоа, ама за мене лично не беше истиот филинг како во играчница, туку веќе сите беа поозбилни и попосветени на самата игра отколку на дружењето.
 
zivotinjsko-carstvo1.jpg

Smurfs_Pez_Series_2_MOC.jpg
 
Никогаш нема да дознаат како е да дадеш 45 денари за полифона мелодија на мобилниот.

Никогаш нема да дознаат колку е мачно да "компонираш" мелодии на нокиа 3310. Некој ги напишал нотите на лист, го донел листот, и сите препишуваат.
После главен фраер си, телефонот ти ѕвони со драгостеа дин теи :D
 
А црнобелите позадини за Nokia 3310 што се праќаа како template пораки? :pos:

Паметам најпопулрана беше таа со Скопско! :D

Мене Нокиата уште ми е жива, батеријата држи еден „дури“ еден саат, ама неам пунач. :D

п.с. А после песниве бе:

Парам памапарарам рарам парарарам... Електро ис фајн, биткен, биткен ту ду џубокс. Нема кој ги немаше за рингтон ми се чини. :D
 
Ју лаки ју хахахахаха

Сите праќавме некоја скратена верзија, пошто долгава ја зафаќаше цела меморија од мобилниот :pos:

Овие две песни дефинитивно беа најзастапени :icon_mrgr:
 
Носталгија ве утепа еј.

Чекав до 2 сите да си легнат да гледам ТВ 1000, а од 7 бев на школо. Сеа порно имаш дено-ноќно мамето. :icon_lol:
 
Младите никогаш нема да дознаат како тоа бевме без телефони, а пак знаевме каде и во колку да се најдеме... Ми текнува кога игравме Џуркач, два дена ја црташ стазата, па со струи, па со паркинзи, па при последниот удар на количката пробуваш да го фатиш паркингот, за другиот да не те извади од игра па да почнуваш од ново... Во мода на времето во Струмица беа ,,фортуните,,... Кога ке ги вивнеа над градот со по 100-200 метри јаже, па едно два-три саата стои горе... Па на некој ке му се скине и ке ја брка низ цел град... Се собираш на некое место во лето во 2-3 саатот да играш фудбал, оти во 5 до 5,30 најкасно почнуваат поголемите па мораш да напуштиш терен оти ако не слушаш ке јадеш шутеви... Па кога ке завршат играш уште малку додека се гледа, па и кога не се гледа пак играш... Незнаеш кај е топката ама трчиш... Потоа продолжуваш со криенка или мижничка на Струмички,Комити и Џандари или се маваш со кесиња полни со вода до 9,30 часот... 10 беше премија да те пуштат...Сериозните муабети во доцните часови ( читај 8-9-10) за духови и такви работи... Се секавам на една Српска серија Среќни луѓе ( Сречни људи )... Кој хит беше во првите години кога ни ставија кабловска

Потоа една од првите македонски култни серии ,,Во погрешно време,,

Да не зборувам за ноќниот живот во тоа време кој го имаше во Струмица... Од четврток припрема за викенд до недела секој ден забави со пејачи, концерти, Диџеи... Култните концерти (мислам дека беа два) на Коста Бургов и Маријан Тангчев во Скала, кога ги вртеа низ цел град со кабриолети, со обезбедување до нив како да се незнам кои ѕвезди

Поздрави, желби и честитки на ВИС и Интел и така натаму

ПС. Кога почнавте со Бугарски морав да ставам нешто и јас

:vozbud:
 
Носталгија ве утепа еј.

Чекав до 2 сите да си легнат да гледам ТВ 1000, а од 7 бев на школо. Сеа порно имаш дено-ноќно мамето. :icon_lol:

Која тв1000 бе ? Моторс(Голд) и ДСФ(стриптиз пропратено со гола одбојка и фудбал) беше шитот.Еххххххх кога ќе ми текне дека сеа плаќаат за бразерс.
 
Која тв1000 бе ? Моторс(Голд) и ДСФ(стриптиз пропратено со гола одбојка и фудбал) беше шитот.Еххххххх кога ќе ми текне дека сеа плаќаат за бразерс.

Дечкоооо....главна на ДСФ беше куклата што покажуваше пупки на фудбалското игралиште, покрај голот!
ГЛАВНА!!!!
 
Најхардкор играчка :D

512CH549TKL._SX300_.jpg

Најјако беше кога се собиравме да играме кантер, група од 4-5 деца. И се договараме ај за по бон (20 минути беше), абе малку е.........дај оди земи уште десет денари од кај баба ти, ајде не се срами.....ама сабајле и зедов за смоки.....оди море ајде......па собирај железни од ваму од таму за сите до 2 бона да стасаат..... И одиме таму, имаше еден стар шо работеше Љубе и стално заспиваше на одручек, околу 14 часот. Ние то време бапни се, за колку...за два бона....ајде 40 минути имате. Еден креира стаза друг се потпишува, трет мета менува, Љубе заспива и цепи 2 сати без престан без да гугни некој збор да не го разбудиме :D

Од тука игравме скопска(така се викаше играта со топка) Еден брани (обично најмутавиот) и двајца на двајца се дриблаат и даваат голови. После тој мутавиот бира од лузерите еден, а овој другиот оди на гол да брани, и така до ниедно време, лупај на тоа гаражите пред влезот демек гоови се, им ги искршивме на луѓето и лимени и дрвени...
 
Последно уредено:
Шуто дупе ни беше омилена игра, никад не ме биваше и само го јадев ама играв јебига интересно беше 300 души сме се собрале позади зграда во градинка. Никој нејќеше да брани, па ми текнува џонглиравме и кој ќе напраеше најмалку мораше да брани. :pos:

Сеа секој ден проаѓам од таму, скоро никогаш не сум видел мали деца да играат фудбал. Ако се игра, пак сме ние истите од тогаш, само не сме играле шуто дупе одамна. :icon_lol:
 
Новите генерации никогаш нема да дознаат кој е филингот на играње флипери, да собираш ситни пари од дома за жетони, па гужва на флиперот каде што сакаш да играш, па ќе дојдеш на ред и еден куп околу тебе те замараат (советуваат де) па ќе дојде некој поголем батко, и така дур не ти се смачи и не се откажеш.

А после некоја година, никогаш нема да знаат колку социјализација, зезање и дружење имаше во т.н играчници каде на Плејстејшн 1 се ропаше Фифа, НФС, Resident Evil, Crash, Tekken и еден куп игри многу популарни во тоа време (касните 90-ти, рани 2000-ти). Колку народ одеше на такви места, и машки и женски, понекогаш не ни беше до самото играње, поинтересно беше да бидиш таму да гледаш како некој друг игра, па комептираш и со другата публика.

Малце после тоа во интернет кафеата почнаа да се играат онјалн игри, Age of Empires, Кантер и сл. ама не беше веќе тоа, ама за мене лично не беше истиот филинг како во играчница, туку веќе сите беа поозбилни и попосветени на самата игра отколку на дружењето.
Заборави да кажеш за тој батко што го имаше во секоја флиперницата, таму по цел ден киснеше (прав инвентар) и ги знаеше сите финти и скриени нивоа на играта. Ваквиот батко се гагаше со фората "стани само да ти го поминам босот па играј си". Не го стануваш после па макар и викнал полиција.

А тука беа и главните фраери кои беа too cool for school и со бакарна оголена жица куцаа кредити на флиперот за да играат гага па every now and then ги пукаше струен удар. Житон мафија.:cool:

И третата група на измамници "чичко, флиперот ми го лапна жетонот а не ми искуца кредит". Овие се убедуваа со сопственикот и се колнеа во цела фамилија до 3 колено. Најнеуспешната група затоа што фората не им палеше после првиот пат.

Аххх, тоа беа времиња...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom