Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
А рекламите од Топ Шоп? Стануваш во 9 сабајле и цел саат го гледаш Џек Лалејн кај што цеди сокови, додека почнат Млади Бунтовници или цртаните. И кога конечно ќе заврши неговиот дел и си мислиш конечно ајде ќе почне тоа што го чекам, почнува рекламата за Орбитрек или баби и дедовци во домашна атмосфера споделуваат искуства за Космодиск.
 
И магнетниот појас за колено на Левин. Дедо ми покојни го имаше, како мала го крадев и ко Верон бев :cool:

со што сме се занимавале ццц :D
 
Ете знам дека заборавив некоја клучна реклама :D. Ми се враќа сликата на бабата и дедото како трчаат ко Болт по асфалтот наредени на двете колена со појасот :pos:. А секоја справа за вежбање беше најавувана како револуционерна и погодна за кинење на минимум 10 килограми :pos:.
 
Знам дека не е таква темата, ама имав мерак уште песниве да ги стаам. :vozbud:

Он топик: Не знаат колку е тешко да се нацрта Плочка. Дваесет пати ќе почнев од поново и ќе згрешам некоја коцка, на страна ќе ја нацртам. :icon_lol:
На секој чекор, само коцки се гледаа.

Или нацртано сонце. Ако врне, мора да се нацрта сонце со креда на асфалт, за да прекине да врне.
После саат време ќе прекине и ние се радуваме дека не' видело сонцето и со наша помош излегло. :tapp:
igrite-od-naseto-detstvo.jpg
 
Он топик: Не знаат колку е тешко да се нацрта Плочка. Дваесет пати ќе почнев од поново и ќе згрешам некоја коцка, на страна ќе ја нацртам. :icon_lol:
На секој чекор, само коцки се гледаа.

igrite-od-naseto-detstvo.jpg

Кај мене у маало малце подругачие ги цртавме полињата, идеше 1,2,3, па 4 и 5 едно до друго, па 6, па на крај 7 и 8 пак едно до друго, а над нив имаше едно полукружно поле ПЕКОЛ и ако ти падне плочката таму треба да почнеш од почеток. Која трагедија беше, си стигнал до 7 или 8 и ти паѓа на пекол и ајде од почеток, а сите ти фаќаат сеир.
А, и сеа ми текна, откоа ќе ја изиграш осмицата, имаше уште неколку игри шо требаше да се поминат за да победиш. Не ми текнува на сите, ама една се викаше КИПИ НОС, или така некако, и требаше да ги поминеш сите полиња со мижење без да стапнеш на линијата ( со две нозе се газеше онака најнормално, не се скокаше со една). Онака, застануваш на полето, викаш КИПИИИ, и ако не си згазнал на линија ти викаат НОООС, па идеш на наредното поле, а ако си згазнал сите се дерат ИСКИПИ. Колку се лажеше на оваа игра, скоро сите си подѕирнуваа, па ајде некој ќе примети, па расправии, "не играм со илеџии" и слични муабети...Сеа децава ич не сум ги видела да играат плочка (почнувам ко Анчо да звучам).
 
Вчера имаше едно девојче што леташе ќеса на невремето (Аеродром). Јас го шетав песот и уште доаѓа ми вика може да го погалам , културна таква.Ме изненади искрено , а воедно и ме расположи.Обожавам такви деца.
 
Го памти некој цртанов? :vozbud:

Не памтам на која телевизија го даваа, ама со нетрпение сум го чекал секој пат! Најбоље епизода ми беше со косилката кога ќе им се расипе, како ја средија после! :pos:
 
Никогаш нема да разберат како тоа порано луѓето немале мобилни но пак се разбирале и знаеле каде се. Додуша, ни јас не можам да се сетам сега како тоа функционирало, па не новиве деца :)
 
[DOUBLEPOST=1397085923][/DOUBLEPOST]
Го отвараш и го стискаш тоа да мота во надеж дека ќе продолжи :D

Сонито ми беше живо до пред некои 5-6 години. Играм некоја игра, ми се заглавува, го отварам и го стискам тоа за мотање и после некое време си продолжува играта :D

Срце ми застанувало мене на тоа лого, и со очи затворени и исклучен звук сум се надевал дека ќе пушти. xD

@Peja989 Ѓорче е врхунска населба, а и баш пред некој ден видов деца како играат џамлии. :)
 
Кај мене у маало малце подругачие ги цртавме полињата, идеше 1,2,3, па 4 и 5 едно до друго, па 6, па на крај 7 и 8 пак едно до друго, а над нив имаше едно полукружно поле ПЕКОЛ и ако ти падне плочката таму треба да почнеш од почеток. Која трагедија беше, си стигнал до 7 или 8 и ти паѓа на пекол и ајде од почеток, а сите ти фаќаат сеир.
А, и сеа ми текна, откоа ќе ја изиграш осмицата, имаше уште неколку игри шо требаше да се поминат за да победиш. Не ми текнува на сите, ама една се викаше КИПИ НОС, или така некако, и требаше да ги поминеш сите полиња со мижење без да стапнеш на линијата ( со две нозе се газеше онака најнормално, не се скокаше со една). Онака, застануваш на полето, викаш КИПИИИ, и ако не си згазнал на линија ти викаат НОООС, па идеш на наредното поле, а ако си згазнал сите се дерат ИСКИПИ. Колку се лажеше на оваа игра, скоро сите си подѕирнуваа, па ајде некој ќе примети, па расправии, "не играм со илеџии" и слични муабети...Сеа децава ич не сум ги видела да играат плочка (почнувам ко Анчо да звучам).
а народна? :LOL:
 
Никогаш нема да разберат како тоа порано луѓето немале мобилни но пак се разбирале и знаеле каде се. Додуша, ни јас не можам да се сетам сега како тоа функционирало, па не новиве деца :)
Кога требаше да одиме на гости, ќе ми ставеа еден гумен саат на рака и ќе ми речеа во толку и толку да си дома, а ако се заборавев на игралиште јадев ќотек после тоа :icon_mrgr:
Кога не носеа по родендени кај некого од школо, родителите си се договараа по телефон.
Во толку и толку родителот на тој што слави роденден не враќа пред школо и доаѓаат не земаат.
Исто важеше и кога одевме на ескурзии, еден се јавува од говорница и после тоа неговиот родител се јавува кај останатите родители.

Нормално многу битен детал беа ГОВОРНИЦИТЕ :pos:
Ќе ти дадат картичка од 500 импулси за во школо, и ако ти се случи нешто во школо да имаш од кај да се јавиш.
Али нормално сите ги трошеа импулсите за дрндупки, вртевме на рандом броеви и се заебававме :icon_mrgr:
 
Кај мене у маало малце подругачие ги цртавме полињата, идеше 1,2,3, па 4 и 5 едно до друго, па 6, па на крај 7 и 8 пак едно до друго, а над нив имаше едно полукружно поле ПЕКОЛ и ако ти падне плочката таму треба да почнеш од почеток. Која трагедија беше, си стигнал до 7 или 8 и ти паѓа на пекол и ајде од почеток, а сите ти фаќаат сеир.
А, и сеа ми текна, откоа ќе ја изиграш осмицата, имаше уште неколку игри шо требаше да се поминат за да победиш. Не ми текнува на сите, ама една се викаше КИПИ НОС, или така некако, и требаше да ги поминеш сите полиња со мижење без да стапнеш на линијата ( со две нозе се газеше онака најнормално, не се скокаше со една). Онака, застануваш на полето, викаш КИПИИИ, и ако не си згазнал на линија ти викаат НОООС, па идеш на наредното поле, а ако си згазнал сите се дерат ИСКИПИ. Колку се лажеше на оваа игра, скоро сите си подѕирнуваа, па ајде некој ќе примети, па расправии, "не играм со илеџии" и слични муабети...Сеа децава ич не сум ги видела да играат плочка (почнувам ко Анчо да звучам).
:cuc: Kaj ti tekna... Tokmu taka si igravme i vo moe maalo... I toa ti vikas KIPI a tie okolu tebe Noooos :icon_mrgr:
I ne sum videla, ama mislam deka nikogas nema da znaat lastik da igraat, pa kako da stignes do vrat i najgore bez greska, pa "ajde vrat da igrame bez spustanka" :)
A na jaze igraat li be? Jas ne sum videla jaze da vrti nekoj i da skokaat deca... nie i vi skolo nosevme duri za pred casovi i za na golem odmor, ovie sega verojatno site vo telefonite zjapaat toa vreme...
 
Луѓе, ми текна зошто е актуелно. Денешниве генерации никогаш нема да дознаат колку е тешко да собереш албум со 650 сликице без фејсбук групни договарање за менување. Никогаш нема да дознаат како е да ти фалат Кафу и Турам и да одиш до Велес, пошто преку роднини си разбрал дека таму се паѓал и си договорил да ти го чуваат. Никогаш нема да разберат како е кога ќе заборавиш да ги понесеш дупликатите со тебе кога одиш кај баба ти во друго маало зошто знаеш дека следно менување ќе ти биде дури за 2 недели, кога пак ќе одиш на гости.

Тоа се тешки маки. Сега ја пратам групана на фб, ќе соберат албум со 15 дупликати на крај. Ти ебам неизвесноста. Без 200 дупликати муабет не праам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom