Pro Evolution Soccer 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr.47
  • Време на започнување Време на започнување
Evonesia Patch 2015 versi 0.1 (special license EPL Full kits & Logo)

10301289_890314040980998_4917679206512426945_n.jpg

http://www.mediafire.com/download/6erztn9key66cam/PES 2015 Evonesia Patch.com v0.1.rar

Password : evonesia-patch.com
Кажи ми го симнувам, распакувам и инсталирам само така. Да не треба после нешто да се копира во фолдерот со играта?
 
Неможам да ја стартувам играта, ми бара XINPUT1_3.dll . Некој да ми го испрати и да ми каже кај да го внесам?
 
Неможам да ја стартувам играта, ми бара XINPUT1_3.dll . Некој да ми го испрати и да ми каже кај да го внесам?
побарај го на гугл, симни го и сними го кај што ти е инсталирана играта, а можеш и во C:Windows/System32, не сум сигурен, али мислам дека е попотребен таму да биде.
 
Вчера изиграв неколку утакмици на ПЦ. Искрено сум разочаран. Па демото на ПС4 е каде каде боље од финалната на ПЦ (иако знаеме дека на ПС4 е со нов енџин).

Искрено сакам да излезе крак за фифа 15 да ја видите разликата. Не само во гејм-плеј. Стриктно во графиката не може на малото прсте да и се фате (иако во минатите верзии една од добрите одлики на пес беше графиката).
 
абе каква ФИФА бе играчите одат како пензинери кога поминуват низ пешачки... Само ПЕС се друго е гола вода ;)
 
Да има можност ПЕС 2013 да се игра онлајн , одма ја бришам новава. Многу се тромави додавањата и приемот на топка на новава , нема течност во играта.По мене 13ката е најдобриот ПЕС и се што требаше во наредните верзии само ситни корекции и подобрувања да се направат без комплетно да се промени целата игра , ама тоа е се надевам и во јануари ќе се најде пач со зимски трансфери за 13ката и ќе си ја пичам неа.
 
.. ствар на вкусови очигледно. Мене PES 2015 ептен ми се свиѓа. Баш подавањата и течноста се направени одлично. Многу делува реално секое движење на играчот додека подава, премногу. Не е како во 13ката кога со расчекор дава пас од 30 метра. +1 од мене за тоа..

Се на се, мене ми прави многу мерак 15кава.
 
Како тоа репрезентациите не се лиценцирани?! Мислам дека тоа беше барем средено во претходните верзии. И што има на крај лиценцирано во играва? Дали има и 30% само од екипите. Тоа им е голем минус, па барем репрезентациите можеа да ги средат да му се плукнам. :tapp: Ајде ќе чекаме пачови сега.
 
Ај не плачи сеа!
Лани ова време уште си играше 13-ка. :P
 
Ееее само шо завршив една, ми се скурчи стварно, утакмица немам победено во мастер лигана :mad:
Добро, си се прашувам самиот, шо ми требаше да навивам за Интер, камења се бе не можам кеифот да си го направам асолно.

Па она голманине па.. поретардиарни се од судиине, а бе до него поминува топкана не ја фаќа беее!
Капак па кога не мошам да заградам играч со 70 Body Balance а јас со Гуарин да речиме. :facepalm:

Не стварно, имав добро мислење ама и ова не се трпи, ме нервира, а што убаво на 13-кана си се бранев, ни Меси ни Роналдо поминуваа. :)
 
побарај го на гугл, симни го и сними го кај што ти е инсталирана играта, а можеш и во C:Windows/System32, не сум сигурен, али мислам дека е попотребен таму да биде.
Пробав и пак исто.
 
Можда јас сум лош играч али...

Се вратив на ПЕС по далечната 2009. Не за друго пошо нема крак за фифа. Иако прочитав позитивни критики сепак сум разочаран од играта. Ја играм на пц.

Графиката е лоша. Едноставно е лоша, дури заприметувам и лаг кога се движи камерата. Али ова не го земам за зло бидеќи графиката секогаш ми била во втор план.

Движњата на играчите ми делуваат „чудно“. Како да немаат грип со теренот, т.е. лебдат. Нема мазност помеѓу менување на стилот на движење, пр. позиционирање па веднаш трчање.

Одбраната е катастрофа, посебно клизачите стартови. Или правиш фаул, или го промаршуваш и играчот и топката.

Очигледно топките во празно ќе се главен извор на голови. Некогаш делуваат доста не реално. Пр. поминува топка во празно преку пола терет ниту еден играч не успева да ја пресечи а голманот излегува напред тек кога ќе ја примиш.

И можам да замижам на сево ова и да се адаптирам ако не беше лагот со контролите. Едноставно контролите каснат. Можеби бидеќи играм на тастура или незнам шо... Има решение за ова, некој фикс?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom