Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Брат тука не се збори дека Снајдер е подобар играч од Меси, него дека тогаш ја заслужи златната топка повеќе од него. Не знам што е толку тешко да се прифати...
 
Заеби, неам сила со тебе да се расправам, оти не се сложуваме на повеќе теми околу ваквиве споредби...па ќе треба да се натегаме 3 дена, за џабе... xD

Работата не е дали тој има различно мислење или не,дали се слагате или не,туку како е точно.
 
Продолжи и ти да мислиш дека Снајдер во некој момент бил подобар од Меси , па ... сам ќе си сватиш. :)

Снајдер бе. :pos:


Се најдува и по некој како тебе во државата ни наша, не ме чуди ова воопшто. 1000 пати 1000 членови ти кажаа за шо и како Снајдер бил подобар, а ти упорно се маваш в ѕид и пишуваш вакви едно исто. Да ти нацртаме треба? И да, сакаш верувај сакаш не, ама има навивачи од Барселона, оние вистинските, ( не некој како тебе шо сигурно навива за нив оти сите биле за нив) сами си признаа дрка таа 2010 СНАЈДЕР ја заслужи. Тој Снајдер кој што везеше и направи се подобро од овој твојов, АМА само таа сезона. Никаде не велиме дека е подобар играч пд Меси, само имаше подобра сезона, и сепак остана без ништо. А за светското, ако барем за таму не признајш дека е незаслужена незнам стварно шо да ти речам. Меси апсолутно ништо не напрај. Финалето не го но видов, ама да не заборавиме, даде гол против Нигерија во 90та мин.

Еве ти и едно видео за тоа, ако не разбираш искористи гугл транслејт. Ако воопшто знајш.

 
Брат тука не се збори дека Снајдер е подобар играч од Меси, него дека тогаш ја заслужи златната топка повеќе од него. Не знам што е толку тешко да се прифати...

Океј , нека биде тогаш. Во тој случај и Нојер лани заслужи да освои пред Роналдо , сепак нели според критериумите на манчестерцовци освои и светско и германско првенство.

Се контрам најмногу поради што критериумите по кои го негират Меси , ги забораваат кај Роналдо бидејки им беше бивши играч.


Се најдува и по некој како тебе во државата ни наша, не ме чуди ова воопшто. 1000 пати 1000 членови ти кажаа за шо и како Снајдер бил подобар, а ти упорно се маваш в ѕид и пишуваш вакви едно исто. Да ти нацртаме треба? И да, сакаш верувај сакаш не, ама има навивачи од Барселона, оние вистинските, ( не некој како тебе шо сигурно навива за нив оти сите биле за нив) сами си признаа дрка таа 2010 СНАЈДЕР ја заслужи. Тој Снајдер кој што везеше и направи се подобро од овој твојов, АМА само таа сезона.]

Океј нека е така како што си напишал. Значи според тие критериуми истото важеше и за Роналдо лани?
 
Океј , нека биде тогаш. Во тој случај и Нојер лани заслужи да освои пред Роналдо , сепак нели според критериумите на манчестерцовци освои и светско и германско првенство.

Се контрам најмногу поради што критериумите по кои го негират Меси , ги забораваат кај Роналдо бидејки им беше бивши играч.




Океј нека е така како што си напишал. Значи според тие критериуми истото важеше и за Роналдо лани?
То е то. Ноер освои и светско и германско и имаше безброј одбрани, совршена сезона. Но тука е проблемот, ниту еден играч со својот максимум не може да се приближи до висината на Меси и Роналдо, во ниту еден момент, не знам како да ви објасниме :toe:
 
Џабе им објаснувате бе,таа сезона кога Интер освои триплете немаше некој истакнат лидер како што се Меси за Барса и Роналдо за Реал,сите играчи скоро имаа подеднакво важна улога,Милито,Снајдер,Ето,Мота,Цезар,а според мене најдобар беше Мајкон.Едноставно е Меси дава 50+голови,а некој тим вкупно 70+,тоа што тој тим освоил повеќе титули не значи дека најдобриот играч на тој тим е подобар од тој шо дал 50 голови,а не освоил ништо(мада според мене најдобар играч тогаш им беше Мајкон),за подобриот тим си има тимски признанија,за подобриот играч индивидуални,не знам како да ви објаснам поубаво.Дури и да одиме по ваша логика повеќе jа заслужи Иниеста (одличен во Барса,еден од најдобрите во Шпанија + гол во финале) отколку Снајдер.
 
То е то. Ноер освои и светско и германско и имаше безброј одбрани, совршена сезона. Но тука е проблемот, ниту еден играч со својот максимум не може да се приближи до висината на Меси и Роналдо, во ниту еден момент, не знам како да ви објасниме :toe:

Не важи ова за Роналдо , он е бог ванземаљски.

Со самото тоа што му ја негират топката на Меси од 2010 , несвесно ја негират и таа на Роналдо од лани , а уствари бурно ја прославуваа во фан клуб Манчестер , како нивни играч да е. Двојни аршини еден куп.

Јас ниедна топка на Роналдо не ја успорувам. Во изминатите 2 сезони 2012/2013 и 2013/2014 беше најмалце класа над Меси , и заслужено си ги освои и двете по ред. Исто како што и оваа сезона на Меси ќе му биде заслужена, па макар и Јуве освоил ЛШ , а Буфон спасил 5 зицери. Исто како што Нојер освои светска круна.


Дури и да одиме по ваша логика повеќе за заслужи Иниеста (одличен во Барса,еден од најдобрите во Шпанија + гол во финале) отколку Снајдер.

За ова тотално заборавив. Али исти курац ќе им е на нив , Меси или Иниеста сепак станува збор за играч на Барса. Сигурно ќе најдат некој изговор и овде.
 
Последно уредено:
Никој не искоментира дека ги споредуваш лигите туку со твојот муабет индиректно потенцираш дека екипите во Премиер лигата се поцврсти,физички поспремни и играат подобра одбрана што е апсолутно неточно..напротив во Шпанија се игра далеку подобра и поорганизирана одбрана и не за џабе скоро 80% од натпреварите каде не играат Барселона и Реал Мадрид завршуваат 0-2 гола..а во Англија тоа е скоро невозможно со оглед на фудбалот кој го играат и одбраните каде сите се чорба..

Плус во Англија нема такви доминантни и квалитетни екипи како Барселона и Реал Мадрид па нормално дека Меси и Роналдо нема да имаат вакви бројки со оглед на тоа дека фудбалот е тимска игра а не индивидуална..иначе кога би се работело за индивидуален квалитет Меси уште полесно би се справувал со тие селските копачи во Англија каде три чисти од одбрана немаат..едноставно во Англија екипите немаат никаков концепт во играта посебно во дефанзивата и кога екипата пристапува дефанзивно се паничи до бесвест и почнува да се качи топката лево-десно....штом шампионот Челзи така игра па што остана за другите,затоа уште долго долго време Англиските екипи ќе јадат ќотек во ЕВропа додека не го сменат концептот и не се научат да играат фудбал буквално
Апсолутно, прејака одбрана, затоа секоја утакмица на Реал и Барса им завршува по 30+, по милион голови им даваат на непостоечките Кордоба, Елче, Гранада, Сарагоса и остала багра која никој не ја ни знае надвор од Шпанија, чисто сумњам и дека некој у Шпанија знае што играчи играат у Елче или Еибар. :pos:
Еве Севиља што гази у Лига Европа и Шпанија секоја утакмица со Реал примаат по 3-4 гола како од шала.

Не се расправаме туку си дискутираме..сакам само да ми објасниш каде во случајот грешам?.зарем во Англија има достојни екипи за споредба со Барселона и Реал Мадрид?..Челзи?..СИти?..никој го нема приближно тој квалитет...зарем во Англија се игра добра одбрана?..каде грешам тука?
А зарем у Шпанија има достојни екипи за Реал и Барса?
У Шпанија нема достојни екипи за Атлетико и Валенсија а не па за Реал Мадрид.
У Англија се игра добра одбрана за цела класа подобра од таа у Шпанија. Под 10то место тимовите по 60+ примени гола имаат.
Да не праам муабет па колку имаат дадено, пошто се многу јаки и играат многу јака одбрана на домашен терен. :pos:
 
Че го разбудите змејот сега у Џони али ако!
 
Одамна не беше правен муабетов :LOL:
 
Океј нека е така како што си напишал. Значи според тие критериуми истото важеше и за Роналдо лани?
Роналдо лани даде 17 гола, повторувам, 17 гола на 11 утакмици во ЛШ.

Не знам зошто треба да ви се цртаат работите, Роналдо лани беше ненадминлив. Сакаш да ми кажеш дека голман требаше да ја земе златната топка, што прими 4 во утакмица со Реал. Спаси 4-5 зицери со Алжир и со Франција и сеа златна топка да му дадеме? :eek:

Од друга страна Снајдер, на клучните утакмици и во Италија и во ЛШ и во Купот на Италија беше лидер. Последните неколку кола со Милито решија се, во финалето на СП, му намести два зицери на дрвото Робен кој промаши. Лидер, најдобар беше за таа сезона Снајдер, како сакаш врти ја.
 
Последно уредено:
let's get ready to rumble

158078-Jerry-Seinfeld-popcorn-gif-Img-NI3K.gif
 
\

А зарем у Шпанија има достојни екипи за Реал и Барса?
У Шпанија нема достојни екипи за Атлетико и Валенсија а не па за Реал Мадрид.
У Англија се игра добра одбрана за цела класа подобра од таа у Шпанија. Под 10то место тимовите по 60+ примени гола имаат.
Да не праам муабет па колку имаат дадено, пошто се многу јаки и играат многу јака одбрана на домашен терен. :pos:

Џонтра после овај муабет јас искрено се сомневам во твојте фудбалски познавања,вакви глупости одамна не си истрескал и не верував дека дотолку не го разбираш фудбалот....страмота е вакво нешто да напишиш бе,резил еј..па Гери Невил и Грем Сунес што се јавни стручњаци од Англија изјавуваа како во Англија се мизерија екипите и не знаат да играат одбрана и ти тука ми докажуваш топла вода..кој 60+ голој бе..кога играат против Реал и Барселона?..ти си свесен дека 80% од натпреварите во Шпанија излегуваат 0-2 гола?..ти свесен си да не се Барселона и Реал Мадрид Шпанското првенство ќе биди најдефанзивно во светот убедливо...

Ти дали воопшто имаш гледано рандом утакмица од Шпанско првенство?..зарем треба да ги знаеш играчите за да ги сметаш за поквалитетни?..на толку ќотек што јадат Англичаните од Шпанците во Европа и ти уште мислиш дека се поквалитетни и подобри?:pos::pos::pos::pos::pos::pos:..

Во Шпанија не само што играат добра одбрана туку и одбрана на највисоко ниво..јас кога пишам 0-2 натпревар од Шпанското првенство си знам дека е влезена бидејќи екипите не прават глупи грешки како во Англија,не паничат,не киксаат..едноставно во Шпанија се игра вистинска одбрана..па кога една екипа ќе заводи 1-0 тогаш натпреварот спие...а во Англија скоро 70% од натпреварите се ГГ,3+ класика...

Сега ти кажувам од кладилничарски аспект затоа сум сигурен во мојте ставови бидејќи ги пратам подеднакво двете лиги и знам кој колку се квалитетни и добри посебно во одбраната
 
Меси и покрај тоа што не освоја триплете и не играше финале на СП таа година,сепак ИНДИВИДУАЛНО беше подобар играч таа сезона од Снајдер.Интер на Мурињо беше плод на тимска игра и сите подеднакво се истакнаа таа сезона.Сличен беше Баерн пред две сезони кога буквално ТИМСКИ искинаа до финалето па на крај не освоја Рибери златна топка туку заслужено ја зеде Роналдо.
Златната топка е индивидуално признание,не се исти критериумите како на пример пред 10 години кога за да се освои беа клучни клубските и националните успеси,затоа се додека постојат Меси и Роналдо нема да земе никој друг од проста причина што индивидуално одскокнуваат за светлосни години од другиве.
Дискусиите како Меси или Роналдо не би постигнале 40+ во Англија или пак Италија се смешни,овие и тоа како го поседуваат талентот за такво нешто ама како што спомна Манчестер тоа не зависи од нив туку од целокупниот тим и тактичкиот пристап(кој за волја на вистината во Анлгија е ептем рогачки),но без разлика на тоа и на таа Мурињо тактика,сепак овие се кадарни и во дефанзивен тим најмал успех да им биде 30+.
Џонтра,Шпанскиот фудбал е дефанзивно подобар од Англискиот.Доста се потехнички подготвени и пофлексибилни за разлика од Анлгичаните каде имаат само една физичка надмоќ.
 
А зарем у Шпанија има достојни екипи за Реал и Барса?
У Шпанија нема достојни екипи за Атлетико и Валенсија а не па за Реал Мадрид.

Баш таа Валенсија оваа сезона ја реши сезоната. Атлетико лани немаше пораз од Реал и Барса , ги издоминира и двете на секое поле и си освои Примера.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom