Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога Снајдер имал подобра сезона од Меси? Статистички по дадени голови/асистенции?

Пак ќе кажам , Германија лани беше светски шампион , а Роналдо освои златна топка.

ТОПКАТА Е ИНДИВИДУАЛНА НАГРАДА , НЕ ТИМСКА !!!
 
РОНАЛДО ОСВОИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ.

Како и Снајдер таа година. А ни Снајдер не освои СП, не знам зошто упорно го мешаш ова со Германија. Снајдер беше најдобар стрелец (ако не и фудбалер) на тоа СП, ама не го освои.
 
Последно уредено:
Па шо да праам, цело време им објаснувам една работа, они мислат дека ви ја вреѓам лигава и ми прават друг муабет. :D Ептен сте биле искомплексирани од темата ПЛ vs Примера бе. :icon_mrgr:

Никој не искоментира дека ги споредуваш лигите туку со твојот муабет индиректно потенцираш дека екипите во Премиер лигата се поцврсти,физички поспремни и играат подобра одбрана што е апсолутно неточно..напротив во Шпанија се игра далеку подобра и поорганизирана одбрана и не за џабе скоро 80% од натпреварите каде не играат Барселона и Реал Мадрид завршуваат 0-2 гола..а во Англија тоа е скоро невозможно со оглед на фудбалот кој го играат и одбраните каде сите се чорба..

Плус во Англија нема такви доминантни и квалитетни екипи како Барселона и Реал Мадрид па нормално дека Меси и Роналдо нема да имаат вакви бројки со оглед на тоа дека фудбалот е тимска игра а не индивидуална..иначе кога би се работело за индивидуален квалитет Меси уште полесно би се справувал со тие селските копачи во Англија каде три чисти од одбрана немаат..едноставно во Англија екипите немаат никаков концепт во играта посебно во дефанзивата и кога екипата пристапува дефанзивно се паничи до бесвест и почнува да се качи топката лево-десно....штом шампионот Челзи така игра па што остана за другите,затоа уште долго долго време Англиските екипи ќе јадат ќотек во ЕВропа додека не го сменат концептот и не се научат да играат фудбал буквално
 
Заеби, неам сила со тебе да се расправам, оти не се сложуваме на повеќе теми околу ваквиве споредби...па ќе треба да се натегаме 3 дена, за џабе... xD
 
Не се расправаме туку си дискутираме..сакам само да ми објасниш каде во случајот грешам?.зарем во Англија има достојни екипи за споредба со Барселона и Реал Мадрид?..Челзи?..СИти?..никој го нема приближно тој квалитет...зарем во Англија се игра добра одбрана?..каде грешам тука?
 
Моментално нема, ама еве 100 пати пишав во 2009та кога Манчестер беше првак на (и најдобар тим во) Европа, имаше одлична екипа и неверојатен напад составен од Роналдо, Руни, Тевез и Бербатов, тие не постигнаа ни 70 голови. Нигде никаде не кажав дека екипите играле кој знае каква одбрана, туку дека немаат навика англиските екипи да ги торпедираат противниците како Реал и Барса што им прават на малите екипи во Шпанија. Значи немаат ист пристап екипите од врвот во Премиер Лигата со Реал и Барселона кога се во прашање мечевите против селските екипи. Премиерлигашите тепаат рутински, Реал и Барса ги полнат до крај.
 
РОНАЛДО ОСВОИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ.

Како и Снајдер таа година. А ни Снајдер не освои СП, не знам зошто упорно го мешаш ова со Германија. Снајдер беше најдобар стрелец (ако не и фудбалер) на тоа СП, ама не го освои.

Според твојот муабет ЛШ е повреден трофеј од светско првенство.

Ај заеби џабе дискусија , мисли си дека Снајдер бил подобар од Меси во било кој дел од неговата кариера.

Ако можел Роналдо да освои златна топка кога Нојер освои светско првенсто , така можел и Меси да освои златна топка кога Снајдер освоил ЛШ.
 
Кога Снајдер имал подобра сезона од Меси? Статистички по дадени голови/асистенции?

Пак ќе кажам , Германија лани беше светски шампион , а Роналдо освои златна топка.

ТОПКАТА Е ИНДИВИДУАЛНА НАГРАДА , НЕ ТИМСКА !!!
Значи до крај на годинава ако Роналдо има подобра статистика треба пак тој да ја добие, така? :)
 
Според твојот муабет ЛШ е повреден трофеј од светско првенство.

Ај заеби џабе дискусија , мисли си дека Снајдер бил подобар од Меси во било кој дел од неговата кариера.
Добро бе еве СП е најбитно, и Снајдер на тоа СП го изеде Меси со 5 постигнати голови, наспроти ни еден ако памтам добро. На асистенции се 1:1.

Во ЛШ Меси бил најдобар стрелец со 8 голови, Снајдер псотигнал 3. Арно ама Снајдер направил 6 асистенции (најдобар асистент за таа сезона), a Meси го нема никаде на листата на асистенти. Кога ќе собереме, Снајдер учествувал во 9 голови во ЛШ, Меси во 8.

И чисто бидејќи сакаш статистика, Меси имал 29 удари во рамки на гол, Снајдер само 9. На Меси му фатиле 21 шут, на Снајдер 6 и дал 3 гола.

И сеа што вика статистиката?
 
Значи до крај на годинава ако Роналдо има подобра статистика треба пак тој да ја добие, така? :)

Нема да ја добие само заради што немаше успешна сезона , единствен подобар играч од него беше само Меси , никој друг.[DOUBLEPOST=1433444670][/DOUBLEPOST]
Добро бе еве СП е најбитно, и Снајдер на тоа СП го изеде Меси со 5 постигнати голови, наспроти ни еден ако памтам добро. На асистенции се 1:1.

Во ЛШ Меси бил најдобар стрелец со 8 голови, Снајдер псотигнал 3. Арно ама Снајдер направил 6 асистенции (најдобар асистент за таа сезона), a Meси го нема никаде на листата на асистенти. Кога ќе собереме, Снајдер учествувал во 9 голови во ЛШ, Меси во 8.

И чисто бидејќи сакаш статистика, Меси имал 29 удари во рамки на гол, Снајдер само 9. На Меси му фатиле 21 шут, на Снајдер 6 и дал 3 гола.

И сеа што вика статистиката?

Ок. Снајдер бил подобар од Меси. Крај не дискутирам веќе.
 
Нема да ја добие само заради што немаше успешна сезона , единствен подобар играч од него беше само Меси , никој друг.
Кога Снајдер имал подобра сезона од Меси? Статистички по дадени голови/асистенции?

Пак ќе кажам , Германија лани беше светски шампион , а Роналдо освои златна топка.

ТОПКАТА Е ИНДИВИДУАЛНА НАГРАДА , НЕ ТИМСКА !!!
И сега сфаќаш што е проблемот или пак со главата во ѕид?
 
Изгледа ти не сваќаш што е проблемот. Наврати се некоја страна поназад , реков дека се додека овие двајца играчи играат активен фудбал ќе си ја даваат топката еден на друг , зависи кој од нив има поуспешна сезона , а статистиките им се и на двајцата тука некаде , одземи или додај некој гол/асистенција на овој или на другиот.

Критериумите што вие ги спомнувате ќе се сменат тек после нив двајца , кога ќе биде тешко да се избере најдобар играч од 5-6 во конкуренција. Се додека овие играт , никој не е подобар од нив. Светски фудбалски аналитичари се согласија дека пишуваат нова историја , вие овде се фаќате за 10те гола на Снајдер во ЛШ.
 
А што демек Снајдер не заслужи тогаш златна топка? Триплете со Интер и финале со Холандија на СП. Притоа, во ЛШ даваше голови против Барселона, ЦСКА, Динамо Киев во групата (да Динамо Киев, јер да не тепаше тука Интер немаше групи да пројде), му асистираше на Милито за првиот гол против Баерн. На СП сам ја носеше Холандија на грб, го истера и Бразил и севкупно даде 5 или 6 голови. Таа сезона ако не заслужи Снајдер златна топка не знам што да кажам, стварно...
 
Изгледа ти не сваќаш што е проблемот. Наврати се некоја страна поназад , реков дека се додека овие двајца играчи играат активен фудбал ќе си ја даваат топката еден на друг , зависи кој од нив има поуспешна сезона , а статистиките им се и на двајцата тука некаде , одземи или додај некој гол/асистенција на овој или на другиот.

Критериумите што вие ги спомнувате ќе се сменат тек после нив двајца , кога ќе биде тешко да се избере најдобар играч од 5-6 во конкуренција. Се додека овие играт , никој не е подобар од нив. Светски фудбалски аналитичари се согласија дека пишуваат нова историја , вие овде се фаќате за 10те гола на Снајдер во ЛШ.
Значи па в ѕид. ОК.
Со продавање вакви демагогии ќе стигниш далеку.(y)
 
Продолжи и ти да мислиш дека Снајдер во некој момент бил подобар од Меси , па ... сам ќе си сватиш. :)

Снајдер бе. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom